Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еврејската секта Лев Тахор во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anastasia9228, 16 февруари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ги бранат жртвите во таа група.
    Ама кој да разбери.
    За вас сите се исто, од бебиња, до дедовци.
     
    На crimson, Mikha4 и Luciferka им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.302
    Пол:
    Женски
    Извини, ама ти не читаш.
    Има сведоштва.
    Има на повеќе вебсајтови за истраги и судења.
    Игнорираш проблем.
    После кога треба за нешто да се протестира се чудиш што народот игнорира и е незаинтересиран за протест, а иста си.
    За нивните деца треба да мислат Израел и некои меѓународни организации.
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Женски
    Ти ги мешаш работите очигледно. Споредваш работи што се различни. Не можиш коцкарница да споредиш со секта. Јас ако не сум таков чоек нема да припарам во коцкарница, за разлика од децата што се во сектата. Им е ускратено правото на образование. Како смеј некој тебе таа слобода да ти ја одземи? Што се тие богови? Ако родителот е во таа секта автоматски детето и то е во таа секта. Каде го пиши тоа дека смеј некој да те присили на нешто. Дај малку реално гледај значи најголем дел веќе ти укажаја дека тотално луташ во темава. Дали знаеш дека Канада има најдобро здравствено и социјално осигурување. Знаеш дека ако на детето му се расипани забите ти идат социјални служби? Тоа за нив значи негрижа, можат да ти го одземат апропо то детето во секое општество е најважно. Од земја како Канада се протерани тоа што ти кажва? Како се тие продуктивни? Не работат ништо, а се запраша од каде им се парите? На една телевизија ги прашаја што работат, ни еден не одговори. Што е то толку страшно м? Мене некој да ме праша такво нешто одма ќе му одговорам, само некој што крие нешто ќе избегни. Не убедуваш сите дека она нивното е нормално, дете на 12 години да склопи брак е нормално? Епа ете мене не ми е, ако тебе то ти е ок супер твој проблем. Како смеј мене некој да ми го ускрати правото на здравствено лекување? Од каде знаеш дека не се дојдени тука да врбуваат деца? На една репортажа во Босна еден од мажите носеше колачиња да им подели на децата од малата. Мене то не ми е нормално, нејќам странец да му дава на деца колачиња, ако сака да се здружи нека ѓи викни нивните родители на кафе да видат дека не се опасни
     
    Последна измена: 18 февруари 2022
    На Mikha4 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ако е така, зошто тогаш имаме задолжително државно образование? Зошто немаме домашно и секој родител да си го воспитува детето како што сака?
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Во постот јас нигде не видов да се осврнат према децата. Фокусот е на ксенофобија, ксенофобија, затуцан македонски народ и тоа.
    Децата...ма јок.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Така е!
    Ние да ги избркаме, друг нека се занимава со нив... оти нели, многу се грижиме за децата...
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Па ако не можеме ние да ги спасиме децава, хелсиншки не би требало да брани злоставување деца.
    Ама замисли и тоа го направи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Аха... со твојот капацитет за расудување, така изгледа.

    На кој објаснувам и јас... каква ви гла, таква ви капа
     
    На buba4e89, Mikha4 и Luciferka им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    27.004
    Малку треба да оладиш од тоа дека не се примени во Мкд оти се Евреи. Никој нема проблем што се Евреи. Како да не го разбираш тоа.
    Прво ми велиш да се интегрирани
    Потоа дека биле невини.
    Потоа обвинети само.
    Па сега целиот фокус ти е само на децата.
    И како некој да те сфати озбилно Вајлд?
     
    На asdas, Feminka22, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Не вреди да се објаснуваш мила со такви личности, полесно со дрво ќе се разбериш одошто со луѓе со такви гледишта.
     
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.693
    Пол:
    Женски
    А што работат? Од што ја издржуваат фамилијата? Од каде им се парите за авионски карти, хотели? Храна, облека...?
     
    На asdas, Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Зашто во постот на Уранија никаде нема загриженост за децата? Кога она се занимава самата со човекови права?
    Или детето не е човек.
    Хелсиншки комитет не е било кој и било што да си дозволи вакво нешто.
     
    На asdas, Tanjamm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Не си доволно информирана Феминке, не одат спротивно од учењето на религијата, они се водат сеуште според стариот завет на библијата, а новиот не го прифаќаат, затоа за нив е "нормален" и инцестот и мажење млади и се останато.
    Да дека тоа не е нормално денеска, ама според нивното учење и верување им е нормално на нив самите.
    Дали го поддржувам тоа, не го поддржувам нормално, ама дека можеме да им го смениме размислувањето и верувањето не можеме. Има закони и власти и нека се занимаваат со таа проблематика.
     
    На simona_baby, daylight, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.040
    Tи и сектата сте спасот на Македонија. Никаде не пиша кој си, што си, со што се занимаваш, во која скопска населба живееш, па нешто и да научиме од форумов како се станува чесен и совршен човек. Тоа е секта и крај. Ги протерале сите, нема зошто да ги примаме. Што ја мешаш Рашела, дел од сектата ли е таа или со сектата дојде во Македонија? Ти си заљубен во ВМРО, и ништо друго не гледаш.
     
    На asdas и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.749
    Пол:
    Женски
    Леле Вајлд те молам, какво убивање, не си у comment section на фб меѓу затуцани чичиња и тетки, конкретни аргументи и сведоштва дадовме.
    „Не се како нас“ небаре збориме само за традиционална облека, фризури, кујна, музика... а не тешка тиранија и злоупотреба на деца. Барем ти беше конзистентна и против бурки и против секакви патријархални срања, шо ти е?

    Еве и на твитер има цела страна Lev Tahor Survivors. Не мора судови да ми потврдат при толку достапни информации, верувам на сведоштва на жртви на секаква конзервативна и авторитарна злоупотреба. Нели токму кон тоа целиме?
     
    На Amellie13, asdas, Peanut Butter и 7 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.302
    Пол:
    Женски
    Секоја држава треба примарно да мисли на безбедноста на нејзините граѓани.
    Обраќање до Израел и некои од меѓународните организации да преземат нешто е единствена добра опција.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.693
    Пол:
    Женски
    Ај да кажеме дека се нормални зошто тогаш не си седат во нивната држава валда имат од некаде државјанство. Има нешто во приказната]:)
     
    На Осе и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ќе пробам уште еднаш да објаснам... и доста е.

    Имаш група на ултра-религиозни луѓе, за кои има сомневања, а и обвинение, дека нивната религиозна пракса ги загрозува децата во групата.
    И место да ја истераш работата докрај, се' што правиш е ги бркаш од кај тебе.
    Не водиш процес, не ги спречуваш да ја напуштат државата каде има покренато обвинение.
    И така, од држава, во држава...

    Ништо не се менува, освен што ги трауматизираш дополнително.

    Значи.
    Ако сака некој навистина да им помогне, ќе ги искористи сите правни инстанци и ќе ги задржи во земјата кај што се, додека не има правна разврска и додека сите жртви не бидат соодветно згрижени.

    Е... то е долг процес и бара работа и ресурси.
    За нас, разбирам... Македонија е... не сме способни сопствените проблеми да ги решиме, не па туѓите.
    ама кое е оправдувањето на САД и на Канада?

    И сега, имаш 200 луѓе кои се во лимбо.
    Отпор кон нивното фактичко постоење и апсолутно никаква практична иницијатива да им се помогне.
    Решение?
    Ќе фрламе јајца.
     
    На Осе, daylight, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Океј, ај нема да не барам мислења од друга тема за да ја докажам поентата. :D
    Те молам објасни ми каде во текстов има бранење на жртви.

    Лицемерие. :mm:
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220650427476676&id=1415096893
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    И?
    Кое е решението?
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.