Секој човек што е екстремно религиозен ми прави немир мене. И закоравени христијани секој втор збор што им е Господ ми го даваат истиот впечаток. Екстремисти од Ислам исто, ако гледам дека некој цел живот се клања на имагинарни чичковци на небото бегам колку што ме држат нозете. Не е само Unorthodox таква серија, има неколку други документарци што им прават на децата и жените во такви групи. Нема слободна волја, има да те омажат и да раѓаш па мајка Јана нека е. Слободно изгледајте што им прават на сите кои не се согласуваат со нив, мене стомакот ми се преврти милијарда пати кога видов какви сфаќања имаат. Да се направи прифатилиште за сите кои сакаат да се отсечат од нив ќе видите дека ќе се преполоват одма. Дајте и на жена слободен избор и заштита, ќе видите дека пола ќе прифатат да се тргнат од таму. Така се сакаат жени, а не да им се даде земјиште и пак да трпат тортури.
Лев Таор е анти-ционистичка заедница. Ортодоксните Евреи се про-ционистичка заедница. И едните и другите живеат скоро ист идентичен живот. Зошто едните се прогонувани, а другите не? Имате одговор на прашањето? Мојата поента е дека целиот наратив за Лев Таор е повеќе политички, отколку религиски. Тие се прогонуваат, затоа што се анти-Израел и прогласени се како државни непријатели. И, на крајот. Има некаде во Талмудот дека одобруваат детски бракови, педофилија, силување? Каде пишува тоа? Знаете дека во Шутка и Чаир 70% од бракови се малолетнички? Фрлате јајца по нив или фуфка, а?
Повеќето нема да се отсечат доброволно. Религијата е една од најмоќните алатки за манипулација, ако не и најмоќната. Докажано, тајм едн тајм аген. Мора да има правно решение
Кое правно решение Вајлд? Треба да имаш слободна волја, а жените и децата од такви групи го немаат тоа. Програми за заштита на такви луѓе кои сакаат да избегаат од таму треба, а не да глумиме слободоумни и да не ги пипаме дури бог зна што им прават на жените и децата внатре. Некад имам впечаток дека повеќе си го сакаш епитетот либерал него жените што ги сакаш, најозбилно.
Не се согласувам со тие што се плашат од Лев Тахор, многу врева за мала група од 30-тина души. Зарем навистина верувате дека би имале храброст да наштетат на граѓанин, кога уште ништо не направиле а се гаѓани со камења, јајца и пцуени? Па некој да исчезне, тие ќе се први осомничени, нема шанси да се дрзнат на такво нешто. Од друга страна сектата не е потполно безопасна и наивна, нели го видовте во репортажата од Босна припадникот кој стоеше пред училиште и сакаше да подели храна на децата. Нема што тие да привлекуваат нови малолетни членови и тоа треба недвосмислено да им се стави до знаење од страна на институциите. Решение не е да се селат наваму-натаму, туку нивните водачи да се вразумат и полека да се отвора оваа верска заедница кон светот и неговите начини. When in Rome, do as the Romans do, ако другите деца мораат да посетуваат настава во училишта и не се венчаваат на 12 години, истото треба да важи и за децата од Лев Тахор. Северна тоа не може да го изведе, рака на срце, но ксенофобичниве испади се ужасни, катастрофа.
Најозбилно не ме разбираш шо пишам. Програми за заштита на жртвите, ама воедно и пресуда за криминацлите во групата. Мораш да имаш правно решение, за да можеш да спореведеш правда. Повеќето нема да избегаат. Индоктринирани се.
Ако е вистина сето тоа што го зборуваат (а веројатно е), зошто надлежните ништо не превземаат? За било кој друг човек ако се дознае дека силува дете, го апсат, го осудуваат и го ставаат во затвор. Зошто злосторниците од оваа група се поштедени? Дали од другите силуватели, киднапери, криминалци во светот, се бега посочувајќи ги со прст што прават и оговарајќи ги зад грб низ маало, додека истите не се отселат? Значи ако сето тоа што се зборува е вистина, тогаш луѓето кои имаат моќ и им е работа да ги спречат таквите злосторници, се виновни за тоа што се случува. Ништо не се прави со "тргнете се од тука чудаци, не ве сакаме".
Да де... исто како Вако и Џонастаун. Стотици луѓе се самоубија, место да излезат од сектата. Порадо им беше да умрат, отколку да почитуваат правила во кои не веруваат.
Решението е прво бааарем институции и организации и слични чиј предмет на занимање се човекови права, да не ги бранат. Замисли, ни од нив не можеш да очекуваш нешто, видовме. А еве гледам против хелсиншки ништо лошо не кажуваш.
Не се сите во групата Лев Тахор забегани до тој степен, само се екстремно конзервативни и живеат во минато време. Имаш доказ во луѓето кои успеале да ја напуштат групата, а една членка напиша и дека поразговарала со жените кои биле отворени за човечен разговор, иако исплашени. Мое мислење е дека секоја државна служба може да ги расклима одвнатре, не да ги уништи да престанат да постојат, туку доволно е да инфилтрираат полиберални лидери. Ама толку им е гајле за неколку стотина души ширум светов, уште едни од многуте страдалници.
Не беа и овие, ама ги притискаа и притискаа и притискаа и вака заврши. Проблемот е комплексен. Треба да ја знаеш психологијата на лидерите на секти и психологијата на следбениците. Треба да имаш јака општествена структура за да го растуриш кругот. Социјални служби, полиција, психолози, обвинители, судови, инфраструктура и услови да ги згрижиш жртвите... пари... мнооогу пари и работа. ****** Зато државните апаратури одбираат да ги остават да си заминат од државите, а за тоа го користат револтот на народот, со тоа што ќе дозволат да расте паниката преку медиумска експонираност
Самите во Босна си кажаа дека не работат, за да се молат, а молитвите им траат долго. Значи некој ги финансира. И мене не ми се допадна тоа што пред новинарите во Босна сакаа да поделат грицки на децата, па кога видоа камера, и на новинарите им понудија. Мене тоа ми личеше како намамување на деца. Па нели не јадат храна купена од надвор? Зошто делат грицки на други деца ако нивните тоа не го јадат? Ова не се никакви чесни, продуктивни луѓе, оти прво и основно, ни учат, ни работат. Како се продуктивни? Велите не смеат да направат ништо. Кој гарантира? Ако никој не се бунеше, ако заседнеа со месеци, и ако видеа дека теренот е мирен? Новинарката од Телма го праша момчето од сектата кои им се плановите, тој рече не биле безбедни ( ова ми делуваше како да сакаат да изигруваат жртви по 10 фрлени јајца), и не сакаше ништо да објаснува, и даде број од водачот во Никарагва, а тој број беше исклучен. Па ако сум чиста, ќе застана, пред камери, и се ќе објаснам, а не „не сум безбедна“ и толку. Еве ги сега во Скопје, кукаат на ТВ 24 не ги пуштале надвор од хотел, освен по потреба.
Не знам ништо повеќе, со колега од Куманово баш зборувавме, и рече дека си имаат отидено од таму веќе..
Зошто го мешате Израел? Сите од групата се граѓани на САД и Канада, никогаш не биле активни или подржани од Израел, и не се протерани од таму, туку самите бегаат од процеси кои се водат против нив од социјалните служби во тие држави.
Значи ако сакаме да постоиме повеќе од 5 години, сектата да ја прифатиме. Еве сега и нозе ќе им бакнам, затоа што имало штеточини во државава, пиеле, се коцкале. Абре нит се коцкам, ниту пушам, ниту пијам, ни се курвам, ни се спонзорирам, и од сите такви бегам и не ме интересира за некакви секти. Па замисли да сме населеле 150.000 Евреи. Која глупост. Кај нас само некој „отпад“ може да дојде, ќе ти доаѓаат Евреи од Израел, замисли богати, па дали знаат каде оваа земја се наоѓа. Вон темава не знам дали знаете, пред пандемијата почнаа Македонци да носат на работа во Израел, ама се прекина тоа. @Abracadaver и ти пиша дека со години си пушел цигари, а ваму велиш штеточини. Јас во мојот живот ни цигара сум запалила, ни денар не сум дала за цигари, па за мене еве ти си штеточнина, која плука по порочни луѓе, а самиот си порочен. Кумановци радо би отишле да живеат во САД, Канада, таму од каде оваа секта е дојдена, ама не можат, а овие пак од таму се полетале овде да ни „шират љубов“. Оффф мори мајко, кој мисли на нас...
Не е невозможно да се реши постапно, само треба време и волја да се сработи. И не споредувај секти кои се целосно изолирани во свои населби, со оние кои живеат меѓу останатите луѓе. Пример се Јеховините сведоци, во моето школо имаше такво девојче и таа се дружеше со другите деца, не беше отсечена од светот, по ништо не би познала дека таа и нејзината сестра се Јеховини сведоци. И некои други Јеховини сведоци што сум ги сретнала, освен што често проповедаат, ништо друго не ги прави чудни ниту некоја штета нанеле на општеството, а луѓето постојано ја озборуваат таа заедница. Не ми е намера да ги посочувам, но други на форумов ги спомнаа претходно во негативен контекст, затоа. Главно се согласувам со тебе, не знам дали ме разбираш. Сите аврамски религии во корен се конзервативни како сектата Лев Тахор, гледаш дека има христијани кои им се восхитуваат и би сакале да живеат како нив, но патат зашто е тоа веќе неостварливо. Можеби и ова што се раштркуваат Лев Тахор низ целиот свет е некаква стратегија да се подослободат малку, којзнае.
Леле смешни сте со тоа "мирни се" Ова е како некој да ви рече дека е против шверц на дрога и не користи дрога самиот ама притоа се член на некоја група која се замимава со тоа. Ко...уатафак бараш таму ако си против тоа.
А ти ги виде лично со свои очи дека прават нешто што ги прави немирни? Многу е примитивно туѓинец да гаѓаш со јајца, арно со цигли не гаѓале. И покрај фактот дека се секта која е пререлигиозна не значи дека се животни па да се однесувате примитивно. Општо било која секта почнувајќи од Црна Ружа па натака не треба да постои ама тоа е. Светот одамна е изопачен, мафијаши,педофили,бандити се има. Се постои.