Јао. Зашто се претставуваат како членови на група која злоупотребува деца ако самите не го прават тоа, ај кажи.
Јас само едно ќе кажам... Помеѓу сите луѓе има и лоши,убијци, силувачи, злосторници ..... Ајде сите нека ни сметаат. Немам посебно мислење за ова.
Све што е екстремизам не е ок. Држави ко Канада ги протеруваат кои што се мултикултурни, мултирелигиозни, мулти секакви, ние паметни ќе се праиме. Свашта.
https://www.faktor.mk/i-mediumite-b...vedena-postapka-za-zashtita-od-diskriminacija Читајте луѓе. Никаков напад немало. Било лажна вест. И сега кој е примитивен? Колку што се сеќавам на Телма се појави дека биле мавани со јајца.
Немам никаков проблем да дојде некој од Кина, Тајланд или земја од Јужна Америка или Африка да ми зборува за нивната кујна таму, музиката, некои традиционални танци, спортови итн. Ама ова не е тоа. Така што оладете со коментарите дека сме нетолерантни. Не се работи тука за интересни обичаи, облеката, дека биле црнци или нешто трето. Аман. Мене јасно ми е дека ние Македонциге знаеме да бидеме гадни и да дискриминираме, ама не мора за све да се профрла истиот коментар.
Ние го собираме ѓубрето секогаш т.е нашата држава, и за вакцините беше исто, колку држави ни дадоа вакцини пред истек на рок, нашиве ги земаа, мислеа ќе се потрошат, ама не се потрошија, и сега давај пари за да се уништат на дрисла, секоја држава гледа да се спаси од тоа што не и треба без да има трошок, ние прибирај.. Прибирај вакцини од сегде бесплатно и сега давај пари за да ги уништиш, прибирај Авганистанци, прибирај еврејска секта..
го напраиле ЕДНАШ Пошо татко им немал машки потомок А тие немале грам мозок Сеа има 8 МИЛИЈАРДИ луѓе и има со кого да се разможуваат Нигде не е поддржано! Се спомнува како дешавка
Абе што вртиш одговор и какво е ова индиректно вреѓање. Ако немаш одговор поарно да си ќутиш. Не ти сметаат мафијаши,педофили,бандити кои се бетер од овие, може живееш до сериски убиец а не знаеш. И сега?
Ми сметаат. Затоа и педофиливе што ги браните ми сметаат Али чим хелсиншки брани злоставувачи на деца, од обичен човек што да очекуваш.
Епа штом се живо ти смета живеј си во дупка,што да ти кажам. За Хелсиншки ти си никој и ништо,како и повеќето од нас. Јас од примитивни граѓани се очекувам. И пак не ми одговори ама не ни мора. Ти не си видела,само ете да се каже нешто.
КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите. Комисијата смета дека одредени медиуми пред да пласираат вест да направат сопствено истражување, со што ќе спречат ширење лажни вести за природата на групата и за случувањата во Куманово. Од Комисијата потенцираат дека со непроверените информации нанесуваат дополнителна штета на групата, погрешно ја информираат јавноста и ги зацврстуваат дискриминаторските практики во нашето општество. -Медиумите кои се интересираат за темата да се насочат кон истражување на делата на потенцијалните дискриминатори и со тоа да го преместат фокусот кон оние кои дискриминираат. Претставниците на невладините организации кои го следат случајот, да бидат свесни за сензитивноста на ситуацијата и да не реагираат врз основа на пласираните лажни информации. Со таквото однесување само ги зацврстуваат стереотипите и предрасудите помеѓу граѓаните, појаснуваат во соопштението. ПРОЧИТАВТЕ ЛИ? ЗНАЧИ НИКОЈ НЕ ГИ НАПАДНАЛ. ЈАС СЕ СЕЌАВАМ НА ТЕЛМА КАЖАА ДЕКА ГРАЃАНИ НЕ САКААТ ДА ЗБОРУВААТ ПРЕЕ КАМЕРА, МА ИМ РЕКЛЕ ДЕКА МЛАДИТЕ ГИ МАВАЛЕ, НО ВО ПОЛИЦИЈА НЕМА ПРИЈАВЕНО НАПАД. И ЈАС МОЖАМ СЕГА ДА КАЖАМ ДЕКА НЕКОЈ ВО СКОПЈЕ ГИ МАВАЛ; АМА ТОА Е РЕКЛА КАЗАЛА. ЌЕ ГО ЈАДАТ СТАПОТ ОД ТЕЛМА.
Нека се најмирни на свет, на мравка нека не газат, закони мора да почитуваат. Има задолжително основно и средно образование? Има. Треба да ги праќаат децата или да сносат последици. За едукација дома исто има правила и прописи, не може по нивни правила. Има социјални служби кои треба да реагираат ако деца од 12 години се мажат за братучеди или ватевер? Има и треба да си ја вршат работата. Ако не работат а се работоспособни, не треба да добиваат помош од државата. Значи овие луѓе од старт кажуваат дека одредени закони не почитуваат и точка. Ние кога се селиме во други држави уште вошки што не ни проверуваат во глава, овие што се привилигирани?
Човече, што ако овие конкретно се мирни кога самите се претставуваат како членови на садистичка група? Оди ако сакаш и дома прими ги.
Тоа што се членови на садистичка група е едно,а што се мирни е друго. Како ти го нарушија јавниот ред и мир тебе кажи ми?
Не е едно и друго Или поддржуваш некого или не. Не мора лично да ми го нарушат мене мирот за да ми се одбивни
Е! Жалам што не можеш да направиш разлика и не мора некого да подржиме за да кажеме дека се дискриминирани. Лично,реагирам на однесувањето на нашиот народ ама ете било лажна изјава. Затоа не верувам во ништо пишано.