Мислам дека КаteKane збореше за децата кои се приморани на таков живот и малтретирани, на нив да им се помогне.
Во ред, ама има сведоштва на луѓе за хоророт што го преживеале таму, дека биле заклучени и не можеле да мрднат. Не знаев јас за сектава инаку, после се заинтересирав и изгледав документарци за нив. Тој што им е главен цело време силувал деца и ги терал да спијат со него у кревет, си се гостел со све и свашта дури другиве јаделе трошки, ја убил сестра си кога и дал да јаде леб со сусам и кога умрела од алергиска реакција ја обвинил дека не верувала во него и затоа умрела. Киднапирал деца, ги принудувал на секс, ги камшикувал јавно кога правеле грешки, ги бркал по цел свет да ги најдат, да ги киднапираат и да ги вратат сите кои успеале да побегнат, не ги носел луѓето по доктор кога имале потреба, хорор едноставно. И некој ќе се најде ќе рече никому не му сметаат. Точно, никому, ама гревота е секое дете што се раѓа таму. И има многу лесно решение за ова. Одиш и прашуваш, кој не сака да остане ајде со нас, кој сака на ти работа, работи и живеј како што сакаш. Ќе се навратам уште еднаш на Unorthodox, серијата што ја спомна Спец, таа е правена според книга базирана на вистинска приказна. За жена што успеала да побегне и после овие цел свет го превртија да ја најдат и пак да ја заробат. Топло ја препорачувам, ама ќе ви остане горчлив вкус после неа. Косата на главата ќе ви се исправи.
Епа затоа се за притворање или протерување, а не да се жалат не можеле од хотел да излезат без причина. И не треба да излезат. Ако сето ова се случило, досега требало да скапат во затвор. Ама има прост народ, овие биле „продуктивни“ Евреи, ебати продуктивноста нивна настрана и монструозна.
Овде е целиот проблем, не знам дали си успеала да гледаш судење на истиот тој кој им го покажува нивниот Еврејски закон и им вика во мојот закон не пишува така ( тоа беше судење за киднапирање) као јас не киднапирав и објаснува таму глупости. Се вадат на нивната вера и нивните ,,закони,, Испиени мозоци сигурно си го гледала видеото кога претходен член збори за тоа ако дојдат да им ги земат децата, секоја мајка да си ги собере своите деца и да почне од најмалото па до најголемото да ги ,,облежува,, со нож со тоа подобро да умреле децата од колку да им ги земат. Спремни се буквално на се.
7.50 минута гледај е за сексуалната злоупотреба на мали машки и женски деца. 11.10 е моментот кога кажуваат за сестра му како умрела. Имаше и други документарци за тоа што им прават забеготините на врв што се на луѓето осудени да се родат таму, ќе го најдам ќе го постирам.
Не постои такво нешто како непризнавање на законите на државата кај што престојуваш. Ако е така секој може да каже, во мојата вера дозволено е убивање, а вашите закони околу убивањето јас не ги признавам, така да фак ју, ќе си убивам и ништо не ми можете. Не може кој што сака да си прави, да малтретира луѓе на секаков начин и да биде ослободен од казна зошто неговата вера така му дозволува. Најпрво фејлнала државата од каде што потекнуваат што не ги казнила злосторниците и ги пуштила да избегаат, а потоа криви се сите други држави кои го дозволиле истото. Никој тука не подржува силувања, тепања, изгладнувања и остали тероризирања, прашањето е зошто надлежните не реагираат?!
Па затоа и ги протеруваат, во повеќето развиени земји не се подржува брак на малоленици , задолжително образование, здравство итн итн
Двоен стандард е некој што купил албанка да дојде и да рече угнетени се жените во Лев Таор. Истата логика и за сите други наброени примери. Твојава споредба не е двоен стандард. Не е темава ни за невести албанки, ни за децата роми и затоа не пишуваме за нив, тоа не значи дека не сме против. Никоја нормална држава нема обврска да згрижува некој дојден на туристичка виза. 3 месеци и чао. Ако сакаш да побараш азил, ќе побараш на прописен начин. Ако исполнуваш услови ќе ти дозволат. А не да те прибира секој кај што ќе ти текне да одиш, не оди имиграцијата на тој начин. Држава не може да функционира на емпатија, прво и е обврска да ги заштити сопствените граѓани. Затоа секој роден човек има своја матична држава кај што може да си живее и да се справува државата со него. Прво запрашајте се која им е матична држава, зошто не одат таму, зошто не останале во Канада и тако даље и тако даље. Ама затоа Канада е таму кај што е, ние сме таму кај што сме. Не е државата хуманитарна организација па да прибира секого. Да дојде некој и да направи било каква штета на локален, секој разумен човек прво нешто што ќе праша е ЗОШТО И КАКО е тој пуштен да живее тука без проверка. Држава треба да функционира рационално, не е црвен крст. Ако сакаш легално да имигрираш некаде треба да приложиш доказ дека си неосудуван во својата држава зошто никој нејќе шалабајзери и криминалци. Ако си осудуван, ќе ти ја одбијат желбата за имиграција. А пошто мажење малолетни деца и малтретирање жени и што и да се дешава е криминал на папиру, нема зошто да остануваат НИКАДЕ освен во својата МАТИЧНА држава.
Значи таа држава што ги протерала затоа што прават злодела наместо да ги уапси и стрпа у затвор е виновна што тие злосторници сè уште продолжуваат да малтретираат луѓе, слободно шетајќи од држава во држава.
Значи модерното општество шо секој има секакво право го уништи човештвото во секој поглед. Се полека се губи и морал, и нормално однесување и се. Се додека некој дебело финансира секти, групи и останато никој не им може ништо. Во случајов ќе се селат полека насекаде ќе се размножуваат и се повеќе ќе растат. Шо би рекле кучињата лаат караванот си врви .
Кај кажав јас дека е нормално? И што ако се туристи? Ај мавај ги сите туристи со јајца и камења, ако не ти се свиѓа како се облечени. Се покажавме какво дно од народ сме. Направија нешто луѓето? Не! Имаше доказ дека прават нешто нелегално? Не! Поентава со двојниот стандарт ми беше, дека сите оние работи што ги набројаа дека им сметат кај сектава, во Македонија се дешаваат со векови. Ама им текнало, на луѓето да плукаат.
Јас досега не видов некој да пиша дека пошол и ги удрил со јајца, посочи ми кај пишува такво нешто. Друго Не видов никој да пиша дека ги удрил со јајца пошто биле така облечени. Тоа си го додаде малце За нелегално, има докази, во Канада и во Сад. Од кај го најде тоа дека немало докази?
Осудувани се ( за претходниот коментар што пиша дека не било докажано) значи не е точно, осудувани се, не само обвинети. Друго. Зошто Канада и Сад да се занимаваат со туѓи проблеми? Ко што разбрав Израел им е матична држава. Да направат овде криминал, и да одат во затвор, да користат доделен од државата адвокат, зошто побогу јас ко граѓанин да плаќам данок за да се финансираат сите погоре наброени работи кога си имаат своја држава кај што се државјани која треба да се справува. Не даваат ни Канада ни Сад никакви оправдувања пошто не е нивна обврска. Ај да ги збериме сите видови екстремисти, исис, лев таор, секти, криминалци и да им ги решаваме проблемите на сметка на локалните што плаќаат даноци. Од Британија девојче на 15 години отиде скришно во Сирија да се вклучи во ИСИС и после сакаше да се врати назад, не ја примаше Британија иако и е матична држава, па живее во камп некаде на граница меѓу држави, а сулудо е скрос да мислиш дека држава што не ни ти е матична, треба да те прими.
И одговори ми Пошто велиш не ни било гајле за децата питачи ама сме се засекирале за децата од овие. Тебе не ти е гајле за децата што ги мажат мали, малтретираат, силуваат, ама ти е гајле со јајца некој што ги удрил? Стварно траумава од јајце е неспоредлива со ова со децата, и државен психотерапевт да им обезбедиме. Ако немаше докази дека го прават тоа со децата, немаше да се шетаат од држава во држава. Немаше да има сведоштва на луѓе кои избегале. Ако некој индивидуално не ги прави овие работи, нека ја практикува религијата индивидуално. Кога се држиш до сектата, ќе ги трпиш последиците на сектата.
Кај го виде тоа? Јас тоа што го читам е дека биле депортирани во Тринидад и Тобаго (Јужна Америка), а почнале од Израел. Ако беа граѓани немаше да ги протераат, не е можно тоа. Никоја држава не ти дава да им ги тупнеш сопствените криминалци. "They often move in an attempt to flee government child welfare agencies." Ве молам позборувајте уште малце за јајцата
Не знам кај читаш, јас колку што видов од повеќе извори основани се 1989 година во САД (древен народ, нема шо), и сите се граѓани на САД и/или Канада, некои од нив со двојни државјанства.
Некогаш од многу напињање да се покажат некои дека се широкогледни, прифаќаат секого, сакаат секого, не судат никого, на крај само се понижуваат. Ама не, другите биле нешто-фобични. Силувачи има само меѓу бели балкански мажи кои се облекуваат по некој стандард, сите други се срцки. Некако ко поинаква облека, коса, култура автоматски да те прави добар човек, па макар и дете силувал, чим си поинаков у стилот и потеклото, на таа карта ќе играш дека си невин. И кога би посмислиле дека некој прост ќе ги брани од таа причина, еве госпоџата Пировска се фатила за ксенофобија, мање битно кои се уствари луѓево