Форумџика на годината

Еврејската секта Лев Тахор во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anastasia9228, 16 февруари 2022.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    9.293
    Пол:
    Женски
    По којзнае кој пат, не се протерани од Канада, самите бегаат од западните земји за да не им наметнувале начин на живот и затоа што се убедени дека "ционистите" сакаат да им ја разбијат заедницата. А ги брка т.е. не ги поднесува населението од Босна, Македонија, Гватемала и слични. Навидум тешка мисија е групава да се доведе во ред, ама и пристапот на балканциве е дно. Земале удираат по нив или тоа го оправдуваат (facepalm)

    Го имав и тоа предвид, но не можам да бидам сигурна во намерите. Баш оти ги сомничат за злоставување на малолетници, треба да бидат свесни да одбегнуваат контакти со туѓите деца. Жал ми е што им го испрале мозокот дека мора да живеат на одреден начин и никако поинаку, a ако се отфрлани, омразени, прогонети, нема ни да сфатат дека можат да водат инаков живот.
     
    Последна измена: 18 февруари 2022
    На buba4e89 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Јас не кажав, дека некој од форумот ги нападнал.|( Туку луѓе од Куманово, ги нападнале со јајца и камења.

    А да имаат докази, дека имаат киднапирано деца, сигурно нема да ги гледаат така, туку ќе превземат нешто.


    Ќе споредуваме сега која траума е поголема, а која помала? Траума е траума! Никој не смееш да допреш, а не пак да маваш со јајца и камења.


    Не е битно од кај се дојдени. Ако сакаат и од Марс нека дојдат, луѓе се. Премногу ги извртуваш зборовите Мантуб.
     
    На Mencia, buba4e89, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    52.411
    Пол:
    Женски
    За каков напад зборите? Уште пред неколку страни се заклучи дека е лажна вест.


    КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

    [​IMG]
    Комисијата смета дека одредени медиуми пред да пласираат вест да направат сопствено истражување, со што ќе спречат ширење лажни вести за природата на групата и за случувањата во Куманово. Од Комисијата потенцираат дека со непроверените информации нанесуваат дополнителна штета на групата, погрешно ја информираат јавноста и ги зацврстуваат дискриминаторските практики во нашето општество.
     
    На theowndemon, Avery, Srckata28 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    А бе ништо не извртувам јас, просто прашање те прашав ама избегнуваш да ми одговориш пошто ако одговориш ќе сфатиш колку е абсурд.
    Туристичка виза трае 3 месеци.
    После 3 месеци ако сакаш да останеш во државата, бараш или азил или друг начин на имиграција ко работна виза.
    За азил треба од местото кај што идаш да трпиш штета некаква па бегаш, не ти да си штетата и бегаш за да не те фатат.
    За работни визи и слично, треба да докажеш дека си неосудуван.
    Во Австралија на пример, треба да покажеш и "добар карактер" и дури да не си осудуван, ако им се претставиш како генерален идиот може да си одбиен.
    Ако некоја екстремистичка, контроверзна група, направи некаков криминал кој што можел да е спречен, јас и ти ко државјани на Македонија плаќаме даноци од џеб за судски процеси, евентуални затвори и да не должам.
    Најпросто кажано, бензинот што треба да го тури во колата полицијата за да оди да уапси некого, јас и ти сме го платиле.
    Е пошто никој не е будала да плаќа, затоа постои поимот депортирање.
    Во превод - државата кај што си роден нека се занимава со тебе.
    И срамота е скрос да напишеш Не знам која траума е поголема, јајцата или тоа што им го прават на децата.
    Толку сум запрепастена од ова што искрено без коментар останав, а ретко останувам без коментар.
    Во Канада кога пошле во посета на домовите, креветите на децата биле натопени со мочки и нозете на децата биле лом од габични инфекции.
    После тоа биле сместени во фостер домови дури се одлучи што и како со нив.
    Не се ставаат во фостер домови деца на прекрасни семејства.
    Секогаш првата преференција е да не се одделува детето од семејството и фостер да е последна опција.
    Не се ставаат во фостер, ако нема доказ дека има штета врз децата.
    И сега ти на тоа ќе пишеш Е немало докази, ако имало сигурно ќе направеле нешто.
    Во обид да бидете хуманитарци, не сфаќате на колку поголема работа давате поддршка.
    На малтретирање деца, на киднапирање, силувања, тепања, изгладнувања.
    Јајцата па јајцата.
    Село гори баба се чешла е муабетов.
     
    Последна измена: 18 февруари 2022
    На fana, Amellie13, Cherry333 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Некој само нека ми одговори на ова и не продолжувам веќе.
    Ако се они супер и нема докази и никој не ги протерува, зошто бегаат навака натака.
    Нека седат некаде и нека се докажуваат со една држава дека се лажно обвинети.
    Ова со бегање кога сфаќаш колку е саат не е нешто што го прават невини луѓе.
    Или ќе се кријам дури се кријам, кога ќе ми тропне социјална служба на врата, патот под нозе.
    Седи и докажи се дека нема зошто да бегаш и ќе те остават на мира кога ќе се докажеш.
     
    На Amellie13, christinnn, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.462
    Допаѓања:
    60.958
    Пол:
    Женски
    Има докази. Има и на официјалната страница на The United States Department of Justice. Не е фејк њуз. Све ова што се напиша е од официјални извори, како и од документарци.

    Има еден куп на добри луѓе таму кои буквално живеат во ропство. Ама водичите им се екстремистички лудаци што не у затвор, у самица треба да ги акнат доживотно.
     
    На theowndemon, fana, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.040
    Да расчистиме, јајца немало, тоа е лажна вест која сите ја преземаа. Да бе, на оваа инфлација некој ќе купува јајца да мава по нив, а минималецот од 18.000 денари дури во април ќе го земат. Абе вие ги линчувавте кумановци прости биле, примитивни, а уште не можете да се договорите силувачите во која група се, дали се „продуктивни“, „чисти и невини како солза“ или „безопасни“.

    Не бе луѓе, јас сите видеа не ги гледав, само тоа од Босна, ама овие се за затвор, а децата да им се земат.
     
    На fbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.768
    Допаѓања:
    173.069
    Пол:
    Женски
    За сектава учев уште на факултет...на времето и јас се чудев од каде им се толку пари се додека не ги посетив Израел и Палестина во два наврати..

    Богами за името што го носат што во превод им значи чисто срце, баш и немаат многу чисто срце...
    Откако се формирале пред 40тина години како хасидска група каде стапнале направиле по некоја беља.. Пред да се удави нивниот водач, во САД еден куп кривични дела имаат извршено и лежеле во затвор.
    Еврејската заедница во САД е прилично силна, без докази сигурна сум дека немало да лежат во затвор.
    Штом стигнале до тоа лидерот нивни пред да бара азил во Канада, да го депортираат во Израел каде што го чекало судење и тоа товарен за тешки кривични дела и тужен од семејствата на членови на сектата, значи дека апсолутно не бил чист ни водичот нивни, ниту пак членовите

    Сериозно би бранеле вакви секти?
    Јас сум против физички напади и слично, ама не верував дека толку луѓе ќе се кренат да бранат некоја секта..
    Нормално е да не ги сакаат луѓето во близина, секој се плаши за својата фамилија и знаејќи какви дела сториле богами и јас не би сакала да се во близина на моето семејство.
     
    На theowndemon, fana, LittlePinky и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.040
    Се омажи Македонка за странец и една година помина дур да среди документи да замине и живее таму. Сегде има процедура, само овде е лесно да се шлепа кој како сака. Ние па јајцата, па јајцата, кои патем не биле ни фрлени. Убаво си пишаа погоре, Канада е таму каде што е, а ние сме тука каде што сме. Голи и боси се секираме за некоја секта. Многу сме наивни и затоа ќе страдаме. Хелсиншки почнаа селективно од време на време да се јавуваат. Јас им имам вратено, имав проблем по институции, си реков дај во Хелсиншки ќе се јавам, и овие само "аха, аха" и ме откачија, ама еве за силувачите се засекираа. Ај да видам на кој медиум ќе му лупнат казна за лажната вест. Телма ја пушти, а што ако ги казнат сите други кои имаат право да преземат со линк од Телма? Треба и нашиве новинари да бидат удрени по џеб за сектава?
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Е браво :bow:
    Ај сега нека рече некој ,,ама не се осудувани” ,,не штетат на никој” ,,и тие се луѓе”
    А за ,,главиниот” една електрична столица
     
    На LejlaD, Just.do.it, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Документарец на англиски јазик во продукција на канадската државна телевизија од февруари 2014 кој ги прикажува и двете верзии на приказната за Лев Тахор:

     
    На Luciferka, Leucadia и Аргентина * им се допаѓа ова.
  12. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ова! Ај внимателно прочитајте. Да пробаме рационално да размислиме, сфативме дека сте загрижени за сите, сакате да помогнете и сл. Како што кажа Мантуб, никаде не постои такво имигрирање, со причина. Да се интегрирале во општеството, ма немој?! Јас сакам да се интегрирам одма во Швајцарија. Зошто Македонија да се расправа со овие луѓе? Зошто да ги прифатиме, која е користа од нив? Единствено што треба е да се вклучат институциите и да проверат дали има криминални дејствија, за да го заштитат својот народ пред сѐ.
     
    На fana, Mantub, Nikolina35 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Go gledav ima mnogu slicni videa na ova isto propovedaat site
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Во Македонија се осудените?
    Ако се, оти САД не побара да ги екстрадира?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Ако мислеше на основачот, не е. Според написов загинал уште 2017 година давејќи се во некоја мексиканска река за време на некој обред.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Сега читам моменталната локација во Скопје била тајна ради безбедносни причини хахахахахах..... Кој ги штити бе овие?:rofl::rofl::rofl:
    Се надевам што поскоро ќе си заминат, а да бевме нормална држава немаше ни да влезат. Кој сака нека е ама мене не ми е нормално во исто маало со овие да се биде, па тешко на луѓето во Куманово.. Еден од нив во темница да ти излези срцев удар ќе добиеш како што се облекуваат, хорор :(;(


    На првата снимка се гледа дека не се точни баш, бар овој едниот чудни гримаси.. :(
     
    На Nikolina35, Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Цел пост ти е со омраза и ништо друго.
     
    На buba4e89 и Luciferka им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Зошто според изгледот ги проценувате?
    Значи покрај сите неморални ствари шо ги прават, вие на изгледот сте се фатиле? :puke:
     
    На theowndemon, buba4e89, Anastasia9228 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Јас само дадов пример замисли на мало дете навечер еден од овие да излези. Голем човек ќе се исплаши не па дете. Познавам луѓе што се залажувале да влезат во ваква работа бидејќи на почетокот носат пакети храна, облека, пари као демек помагаат. Е после нема шанси да ги откачиш. Една особа што ја знам единствено се откачи со бегање странство.
    Нивна работа е на почетокот да се фини ти се чини ангели уште крилца им фалат и да привлечат членови.
    Протерани се од земјите да и од Босна, Црна Гора а и кај нас не ги сака народот. Тоа е така да бидејќи за нашиот народ ова е нешто ново..За вас незнам ама мене не би ми било баш сеедно.
    Не поддржувам насилство ама сите уствари сите нивни ритуали се болни и со насилство.

    Ова е мое мислење, се разбира има и спротивни мислења што е ок, неможе сите да размислуваме исто...
     
    На Dust, Nikolina35, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Каде виде да ги поддржи некој?
    Верски фанатици се, и претходно истото ти го кажав да им го смениме верувањето не можеме, за овие работи треба да се погрижи нивната матична земја да го среди.
    Ама ние не сме тие што треба да судиме за туѓи животи, има суд на земјата, а има и вечен суд на небото. Како верник треба да знаеш за ова, Исус сам кажува кој е безгрешен нека го фрли прв каменот. Така да за нивните дела еден ден ќе одговараат.
    А првично целиот булинг и напад врз нив беше само поради нивниот надворешен изглед, никој од нас не знаеше за ова што се дешава во натре во сектата, додека не почнавме да бараме на нет, а да дискриминираме некој само поради надворешниот изглед и облека, ич и не сакам да го коментирам тој дел.

    Затоа што нивниот мозок едноставно не функционира како нашиот, они се задоени со тој начин на живот и за нив тоа е нормално, па поради тоа не сакаат да се докажуваат. Башка фактот што се протерувани од една во друга земја за нив значи дека они се на вистинскиот пат, со сите религии е така.
     
    На daylight и buba4e89 им се допаѓа ова.