Не може да им го смениме верувањето ама може да ги иселиме од овде. За болдов…буквално неам коментар Мислев си многу паметна особа..на вистински пат со силување деца Земи си ги дома тогаш
Точно, народот нема за леб ама фрлале храна по нив. И не е само нашиот народ што не ги сака овде, и другите ги протеруваат, значи не е за џабе тоа. Земале само кукаат "не сме безбедни" и даваат недостапни броеви од нивните лидери. Кога самите не сакаат да се интегрираат, нема што некој друг да ги интегрира и да се грижи за нив. Штом не сакаат да слушнат за друг начин на живот, едноставно нека живеат во пештера или на планина со такви верувања.
ЗА НИВ има во болдот ако виде добро. Немам што да ги земам јас дома, само муабетот беше дека доколку ми се во комшии не би ми пречеле. А нивните дејствија не ме интересираат и НЕ СУМ РЕТАРДИРАНА ДА ГИ ОПРАВДУВАМ.!!!
Не знаев ниту дека постојат , до веста дека се во Куманово . Доколку се мирољубиви , не би ми пречеле . Но , по она што го прочитав тука , не ми делуваат мирољубиви . Можеби не фрлаат бомби , но може да наштетуваат на други начини ( силувања , киднапирања и слично ) . Се додека не се докаже нивната невиност , можеме само да шпекулираме .
Доволен доказ се сведоштвата дека оваа секта воопшто не е нормална. И секој обид на некој начин да се оправдаат е залуден. Можеби околу не прават штета, ама затоа генерации деца внатре се упропастени и на крај завршуваат со испрани мозоци продолжувајќи ја сектата. Јас прва сум за прифаќање на некој што е надвор од вообичаената шема на општеството, ама не кога има жртви, било какви. Не велам дека треба насилно да се однесува некој со нив, така ништо нема да се реши, и ваљда треба поцивилизирани да сме во 21ви век. Проблемот е многу подлабок. Не за џабе во развиените земји се обидуваат службите да им ги земат децата, и со право. Камо да успееле и камо ниедно дете да не страда веќе во ваква секта. Некогаш стварно да се замисли човек за кој сѐ има право да раѓа. Немам двојни стандарди, секогаш ќе сум против вакви екстремни случаи каде има жртви, ама моментално темата е за нив. Не се крева толку прашина за џабе.
Мене облеката ми е убава и невообичаена,и напротив, не ми изгледаат страшно ич. Али во мозоците какви се...е тоа е друго ниво на хорор.
Мене и облеката ми е језива А насловов @Rainbowbaby ринејм, Таор е село во Македонија, овие се ТаХор.
Пред да коментирате за нив, прво ставете се на нивно место и размислете како ли ви било вам ако на вас ви го прават тоа! Малце емпатија луѓе ќе ве замолам....
Балканец не може да излезе од примитивната зона, и не може да прифати нешто што е поинакво од него!! Citas Li slaFice I milkice a??
А од каде им се нив парите, кој ги финансира кога не работат? Тоа не е сомнително? Емпатија за што? Што си ги малтретираат децата?
Истражувај на интернет што правеле.Има за истраги и сведоштва. Па, размисли дали е потребна емпатија. Еве и од членки на форумов:
Читам и знам. Ама и друго знам, не само во таа секта и во други религии има такви работи па никој не ги малтретира нив.
Кој тоа никој? Екстремисти од било која религија се скоро секогаш малтретирани кога се во тугиња. А темава е конкретна за Лев Тахор и затоа коментираме за нив..
Некои работи за кои повеќето овде на форумов сме се изјасниле дека не се во ред, ги има во сектава. А се вртат сега други муабети. За што емпатија? Работи кои во обични околности никако не можеме да ги прифатиме како нормални ниту правилни, сега ќе ги оправдуваме оти "си ги прават меѓу нив, не наштетуваат на луѓе однадвор"? Единствено што не е во ред е осудата врз база на нивниот надворешен изглед или чудното однесување меѓу други луѓе и во јавност, за тоа не треба никој да се осудува, да се малтретира и слично, ама емпатија за тоа што се случува во нивниот круг...
Не знам дали секоја држава има надлежност да ги суди, не сум запознаена со тоа. Ама во најмала рака организации кои се занимаваат со човекови права на меѓународно ниво треба да реагираат, вака или онака.
Зашто не се овдешни државјани. Може на пример треба да се извести матичната земја и да се депортираат таму, па таму да се судат. Реков, не сум запознаена со тие правни процедури.
Каде ќе ги фатиш да направат криминал, таму мојш да ги судиш. По јурисдикција оди судењето, не по то од кај потекнуваш. Оти ако беше така ко шо велиш, оние од Франкфуртската мафија, немаше да ги затвораат во Германија.