Истово еве го кажува и дечкото во видеото што го постави @FroggyLover Да, сектава е болна работа, ама сепак во тој нивен круг што сакаат нека прават, се додека не задеваат некој и нема пријави против нив, што ми е гајле што прават зад затворени врати.
Во никој случај не ширам љубов, ама неможам да осудувам за нешто што не сум слушнала. Ете не сум прочитала до сега за тоа...
Се надевам дека нешто ќе се стори во врска со насилството што им се случува зад затворени врати. Не знам дали сте прочитале ама и амишите имаа вакви контроверзии. Сепак, се додека не ме повредат мене или мои блиски, кај сакаат нека седат. За другото- институциите треба да превземат.
Ако ги гледате нивните видеа, од двајцата лидери, ќе сфатите дека не се како што треба. И не, не ги сакам во мојата држава само затоа што одреден политичар сака да собере пари од еврејската заедница и донации од Евреи од други земји.
Добро, не е океј што ги напаѓале и бркале или што и да било ама...нека не им се ни дозволи да намамуваат луѓе во нивните верувања, да основаат некакви групи итн.
Пред некој ден додека престојуваа у Куманово, на инста беа објавени (не правам реклама на кој профил). Два дена ги сонував по ред како ми доаѓаат пред врата и им трескам врата, и како ги ѕиркам од прозор а они се шетаат по улица. Озбилен муабет сега. Трауми си имам.
Се колнам во Бога, да ми беа соседи, ја би ги посетувала(нормално за жените зборам), би ги прашувала дали им треба нешто и слични разговори..
Мислам дека немаат лоши намери. Мислам дека сакаат да се шират само штом биле во Босна, па кај нас сега сигурно ќе одат и во друга држава и ќе се шират.
Се знае дека се за пари прифатени во Мк, но во неделата на вести слушнав дека ќе заминеле во Албанија, зарем уште престојуваат во Куманово? Не се тие наивни и невини, ама и реакциите беа претерано панични. Тоа што ги бркаат од една во друга држава, не е решение, оти колку што разбрав, опасни се за членови и нивни деца и жално за децата, нема кој да ги заштити, нема како да се интегрираат во надворешниот свет. Но заедницава да задева луѓе отстрана мислам дека немаат храброст, тоа не го знам (?) Имаат конфликт со државата Израел и затоа очите на јавноста се вперени во нив, мора да бидат внимателни што прават.
Во недела прв пат слушнав за групата. Сега во државата гледам се јавија еден куп експерти кои ни тврдат дека се мирољубиви. Да биле такви, не би биле протерани од најмалку 5 земји претходно, кои пак се далеку понапредни земји од Македонија. Веројатно тие служби за разузнавање во САД, Канада, Израел се поспремни од нашава. Израел ги имаат МОСАТ, и мислам дека се лидери во светот. Морничави се и не би ги сакала во своја близина. Планот бил да дојдат во уште 3 куќи. Првата реакција која јас ја видов на ФБ беше од теолог по професија, и кој се побуни дека е против. Веројатно знае колку се штетни и не зборува од памет како нас лаиците на пример. И тоа дека имало некои дивјачки реакции, не се сложувам. Ако им фрлиле 10 јајца во дворот не сметам дека е некој голем отпор, туку мислам дека сектата виде дека е „прочитана“ и под притисок на полицијата си замина. Населбата каде беа сместени има над 5.000 гласачи. Можеа да пружат поголем отпор, со протести, и слично. Тоа што 5 млади им фрлиле 10 јајца во двор, не го сметам за закана, туку беше пратена порака „знаеме кои сте, не ве сакаме“. И спорно ми е тоа финансирање. Штом не работат за да се молат, некој нив ги финансира.
Нешто повеќе? Има слики? Еве јас прв пат слушам дека има во Битола, али и да ѓи има нема да поминат нешто поразлично од Куманово
Поголемиот дел од културното население од Македонија се исели од татковината, прошините сите ги знаеме. И не треба да сме изненадени, допрва ќе сме сведоци на уште попримитивни дејствувања.
Не се согласувам дека тоа има врска со нашиот менталитет, и дека сме се покажале како примитивни. Ако немаше реакција, знајте дека ќе дојдеа во уште 3 куќи, а како се сместуваат по еден куп луѓе, тоест ќе ги имаше најмалку 50. Овие денови луѓето кои живеат во таа населба, биле претпазливи, тоест ги чекале децата од школо и градинка. Што е тука примитивно, да се грижиш за своето дете? „Тоа што сме поделени по ова прашање за некаква секта ти покажува дека не се цениме и не заслужуваме да имаме држава, па примаме секого овде. Не би ги примила за никакви пари на светот. Јас сакам да одам во тие земји од каде тие доаѓаат, па дали ќе ме примат така ако чудно се облекувам, однесувам и имаме сомнително минато“, е вака ми рече една постара жена. И не се наивни. Избрале чиста македонска населба, и тоа во куќа на периферија, каде нема да бидат толку очигледни дури да се укрцаат. Да беа дојдени во Диво насеље, ќе видевте дека друга песна ќе се пееше. Тие ниту се туристи, ниту се странски инвеститори, ниту се обични нормални луѓе на кои треба да им се укажува гостопримство. Тие се озлогласена секта која малтретира деца ( самиот факт дека не ги пуштаат на школо за мене е малтретирање). Ако сме ние прости и сељаци како што сметате, па и во Канада и САД ли се такви како нас, па ги протеруваат? Никој ништо не им направи, фрлени се 10 јајца и тоа е се. Дали нема да ве загрижат ако се близу вашето дете? Што ако киднапираат нечие дете на пример? И уште се во Скопје, не знам хотел дали им најдоа, дали некој ги прими, кој мисли дека кумановци се примитивни, нека се јави во Влада, нека ги вдоми, па ќе видиме кои „благодети“ може да ги има ова општество од нив.
Не сум примитивистички настроена, а и не е решение да им се прави булинг, да ги напаѓаат, да ги навредуваат, ама мое мислење е дека треба да си одат од каде што дошле, најубаво ќе им биде, и јас не би сакала да имам во комшии такви луѓе што не знам како размислуваат, од каде доаѓаат, што имаат на ум.. Знам дека се луѓе, дека се греота, уште и ако немаат каде да одат, ама нека ги згрижат 6 месеци и после нека си фатат вид виделија, да не им даваат азил.