Нели то со јајца беше fake news? Инаку да, децата се таму во куќата со нивните насилници, за кои тука се продава приказна да сме имале емпатија. Така да ќе кажам пак, моето срце е со децата и само со децата и 'во криво' се тие со јајца шо фрлаа ( хипотетички, оти нели испадна фејк њуз) само ако удреа по дете. А за гнидите силувачки и насилнички не е доволно јајце. Треба в затвор да скапат.
То со јајца е фејк њуз и ко одговорив на прашањето како би ми било реков дека то би го заслужила ако бев гнида ко насилниците. Не дека треба во куќа со деца да мават со шо било. Туку јас, ако бев како насилниците и силувачите, дека не со јајце, со камен дека ќе сум заслужела да ме манат. Не дека вистина ќе ме манат или дека треба да ојте да мавате шо ќе ви е на пат. Хипотетички зборам. Ама ти сврти дека сум океј да се дотрауматизират деца само за да кажите дека гнидите насилнички се дожни емпатија? Последно шо заслужват насилниците силувачки е емпатија и ми се гади дека тука на темава се врти таква реторика.
Не реков то. Сега, ти вртиш. Нема да им се помогне, додека некоја држава не седне и не го реши институционално проблемот.
Ако ме цитираш на дел кај шо цитирам друг шо вели дека требало емпатија кон насилниците, природно е да стигнам до заклучок дека то го мислиш. И пошто јас не спомнав куќа и не спомнав дополнителна траума, туку ти спомна, еве, не знам кој шо рече. За жал сум согласна со втората реченица. Зато и прашањата во мислењето кај шо немав никој цитирано. Пошто не знам закони, прашав оти ме интересира шо можи да се напрај.
Упорно јајцата, па јајцата Да напишеме уште десет страни па пак да се потсетиме дека тоа не се случило. Си има нели почнато судење во Канада, таму реагирале и социјални служби, луѓето имаат тамошно државјанство, логично е да се вратат таму. Зошто би правеле ние истрага за некој што дошол туристички во Македонија?
Ама и да не се јајцата, доволно се под ризик, за МВР да не кажува каде се сместени. Како го доживуваат тоа? Посебно децата... И да, досега требало да завршат работа другите држави кај што биле. И за нив важи тоа дека полесно им е да ги избркаат, отколку да инвестираат време и ресурси во решавање на проблемот.
Секој пат кога се крстиш у МВР умира по едно невино и наивно маче. Спаси ги мачињата, не се крсти у празно.
Па не направиле криминал во другите држави. Барем во Босна, ги имале проверено и се било океј. Треба да си продолжи судењето што е започнато, и да си продолжи работата на социјалните служби во Канада, од каде што овие избегале. Што би им направиле ние овде?
Ние не ги бркаме, тие сами бегаат од држава во држава за да избегнат почитување на закони. Колку подолго време трае ова, толку полошо за децата што се оставени без никакво образование.
Факт е дека мислењата не им се у ред и дека има многу насилство у сектава, ама ФАКТ е дека луѓенцата што коментираат на фејсбук и прават сензации не истражиле ништо. А мене ми е чудно, поготово затоа што векови наназад токму балканот бил место каде што секакви движења се појавувале или само поминувале. Дури пред 70+ години кога нашите дедовци оделе во Истанбул да работат сигурно се стретнувале со којзнае какви луѓе. Мене чудни луѓе со турбани не ме плашат, освен ако не ме доведуваат во некаква опасност.
А која им е мисијата, целта, крајната дестинација? Нормален ли е ваков стил на живот, по еден месец - два во некоја земја, па после јавни го авионот?! . Да бидеме реални, ова растрчување по светот кошта многу пари, а баткиве повиени во чаршафи сигурно немаат ни ден работен стаж. Ниту наследство од стрина им од Канада. Значи, некој дебело ги кешира за да тераат некоја агенда. Од една батал држава (Босна) се затрчаа кај нас да си поседат, во оазата на мирот. Немој те молам. Што не отидоа Германија, Шведска, Грција? Нешто многу не е во ред со ваквите ликови. И со право сме недоверливи, животот и колективната меморија не научиле така.
Нема решение за смрдештијава држава. Само да те вратам пак на планета Земја, оти те гледам фати да гувееш. Мвр да реагирало бе, дувлото на најголемите криминалци и манијаци.
И ко така, решение е да ги бркаме и да викаме дека тоа го правиме, оти 'ни е жал за децата'? Лага која си ја кажувате сами на себе. Се' што сакате е да ви се манат од глата. Убо ќе биди да признајте шо е позади целава хајка.