Значи МВР не штити свои граѓани, ама ги штити чудациве оти се "поразлични", нели ние дискриминираме. Хелсиншки им е гајле кои се и што направиле, само оти се поразлични, запнале ксенофобија та ксенофобија и дека биле "обична религиозна група" или така нешто пишуваше. Некои од вас тука исто. Туку на граница нешто пцр, сертификат им бараат? Или тоа само за нас обичните смртници важи? Престојот им бил легален...мало сутра легален бил.
Не ја разбирам потребата од толку омраза спрема некој што е по различен, сега и во Охрид дека отишле им смета на луѓево. Стварно е греота за 10 дена што се тука цела Македонија ја прошетаа. Не ви идат вас на вечера бре луѓе, ниту во вашата куќа се вселуваат. Секако уште од почеток кажаа дека привремено се тука и после ќе одат во Бугарија. Какви коментари се изначитав на фејсбук, дури ми се повраќа од поедини личности, жално какви се личности имаат пристап до интернет и имаат право да пишуваат се и сешто.
Ама ако се ,,туристи” нека идат одма таму.Шо мора попатно овде да седат?Можеа од Куманово, да кажат фала чао и да си идат. Не нѝ го јадат лебот ама неќам да читам за силувани деца или инфилтрирани.И онака иаме удрени луѓе у државава, уште овие фалат
Живо ме интересира дали истиве коментари ќе ги дававте ако се створи секта во Македонија, екстремно религиозна, мизогина, поврзана со силување на деца, принуда на брак, принуда за размножување што повеќе, апсолутно игнорирање на медикаментозните потреби на сите членови, живеење во ужасни услови итн итн... Немаше да ги давате истите коментари. Не ни иделе у наша куќа. Па ни рандом силувачи не ни идат у наша куќа, не ни идат на вечера па пак знаеме дека тоа не е во ред. Истото е да разберете дека некој рандом човек е силувач и да пишете е добро де, у негова куќа си е тоа, не силува кај мене дома па да ме интересира. Треба да ве интересира. Почнува да ме нервира како за да испаднете либерални замижувате на синџир на child abuse, читам и не ми се верува. А инаку за некои од коментарите на фејс се слагам, одвратни се. О д в р а т н и. Пола од народов не сфаќа дека у таа група има невини луѓе кои ја имале таа несреќа таму да се родат и ксметот да им биде да служат како робови на тешки психопати.
Па нели беа на минување и за неколку дена ќе си одат од Македонија? Од каде сега од Скопје во Охрид отишле? Значи сепак не е така како што првично и кажале на полицијата. Прашајте се зошто не останале во Црна Гора, Албанија, зошто не отишле на Косово или во Србија? Зошто Македонија? Зошто од БиХ не отишле во Хрватска, поблиску е.
Секој може да дојде во државава на привремен престој. Замисли еве ти одиш во некоја држава, дали на една недела, месец, или година без разлика, ама си вака облечена и истово да го доживуваш, кое понижување е тоа и омаловажување. Тоа што се они група и дали прават нешто од тоа за што се обвинети е само нивен проблем, што ако тие обвиненија (пример) не се точни? Тогаш истиот ли став ќе го имаш? Не сакам да испаднам либерална, само едноставно сум таква да се ставам на сечие место и од таму е тоа "оправдување". Делот со силувањето го осудувам, и тој што е виновен треба да се затвори, такви монструми не треба ни да живеат ама тоа е. А како група, верска заедница не ми сметаат и тоа не го осудувам.
Не сум во тек, нешто попатно читам на темава... Дали конкретниве ликови што се тука се под истрага некоја, има потреница за нив, направиле негде дело некое или не? Ги бара ли некој за нешто или не? Btw, оние кои се криминалци (силувачи, крадци, и сл.) обично не личат поинаку од другите. Најчесто се облечени пристојно, граѓани за пример на прв поглед, навидум убаво вклопени во општеството, и средината, со фино однесување во јавност и со семејства, ама зад затворени врати се нешто друго.
Немам против никого ништо, ама не може во име на тоа што се поразлични да оставиме се така. Прво и основно, мора државата да мисли на безбедноста и јавниот поредок. Далеку од тоа дека треба да се линчуваат, ама кога се работи за религиска група за која се знае дека се фундаменталисти, особено пак заради тоа што имало обвиненија против нив, и те како мора да се направат безбедносни проверки. Читам за повратници од ИСИС, сигурно дека нема само така да ги пуштат да се шетаат, како што пишал некој. И да, се додека се на територијата на РМ за нив важат македонските закони. Значи, не е кршење на човековите права ако подлежат на безбедносни проверки и ако поради тоа не им е дозволено слободно движење. Да не се правиме наивни.
Да, се согласувам нека подлежат на редовни проверки, ама од тие што се задолжени за безбедноста во РМ, а исто така и неписмените створови што се изживуваат врз групата треба да сносат последици, еве читав во Охрид сега каде што се сместени пред хотелот пукале петарди и викале нешто по нив, постојано ги снимаат кога се движат некаде и на тик ток ставаат видеа од нив со музика од хорор филм таква страшна, а се гледа дека во непосредна близина на групава има полиција, значи се под надзор.
Ајде сега ќе затвораме луѓе и ќе судиме за 1 јајце, за 1 петарда, додека државата тие луѓе не ги заштитила со тоа што дозволила опасна секта да им дојде во комшии. И од каде ти е тоа дека можеш како сакаш да си облечен и да се шеташ како сакаш. Во маркет сум видела дека враќале луѓе во кратки шорцеви, и во полициска станица една Ромка ја вратија од портирница, затоа што носеше влечки на нозете, и панталони под коленици, а си кажа немала друга облека, немала ништо соодветно и пристојно. Што толку сте запнале да барате одговорност од обични луѓе кои патем ништо не направиле. Ние сме голи, гладни, боси, па и неписмени и немаме ни судство, ни полиција. Патем Хелсиншки треба да не штити од овие, и МВР, а не обратно. За пример, една адвокатка која не ни живее веќе во Македонија, ќе ги тужи Заев и Димитров за промена на името, кое не помина на референдум, и тоа пред меѓународни судови. Во пасош и стои Северна, а за тоа си има виновници. Ај научи дека ти живееш во Македонија, дека ти ја плаќаш таа полиција и дека таа треба да те штити тебе. Почни да се грижиш прво за своето дете. Израелците не се секираат на пример што нивниот олош дошол во твој двор? Немаат ли емпатија?
Eх камо вака да се палевте и како што барате одговорност за јајце и петарда да баравте кога изгореја луѓе и се запали болница, автобус, извадија органи на здрава жена, итн итн...
Ги повреди ли некој? Има ли телесна повреда, па да гонат некој граѓанин? Ама глупи биле граѓаните, и за мене некои се глупи можеби, па нема да ги стрпаат во затвор. Смешки. А овие што прават деца и ги силуваат, тие паметни ли се или веројатно по вас тие се подобри од македонските граѓани кои снимале некакви видеа? Оофф бре. Од вакви не ја бива Македонија. И на јавни места можеш да снимаш било кого, не е забрането. Прашајте сниматели од медиуми, ќе ви кажат. На јавен простор не е забрането да снимаш. А простор пред хотел, улица е јавен простор.
Да, јас мислам дека е греота ова што им го прават. Они само сакаат да си живеат некаде. Не бегаат од нигде, само климата не им се погодила во другите држави. Мирољубиви се, играат шах, пазарат во маркет и бутици, зборат на повеќе јазици, сакаат езера (како охридско), се кријат од сонце и дожд со облека и марами. Интересни личности. Само не знам зошто ги гаѓале со јајца, а после се жалат дека народот немал што да јаде.
Е, и замисли какви све чудаци имаме во државава, они се фатиле за овие евреите. На пример во Арачиново, Кондово, Баница ти треба пропусница за да влезеш, бидејќи таму е како оние фавелите во Бразил. Ама не, ќе одат кај комшијата во кокошарникот да му крадат јајца за да ги гаѓаат.