Да објавиш јавно снимка од лицето без согласност од него, е незаконски и казниво. Според кривичен законик, чл. 152: (1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Проверете го законот за заштита на лични податоци. Според него ликот на човекот е личен податок. Без согласност од лицето неможе да обработуваш личен податок. И надзорните камери не може да се свртат каде што сакаш освен на она што е предмет на надзор. Не смееш да снимаш јавни површини. Не се глупи луѓето, туку се неинформирани.
Не. Едноставно не ги сакаат. Двајца има што биле обвинети (не знам дали и осудени), едниот наводно бил веќе мртов (лидерот).
Тука може немаат. Ама ова одговориов дека "едноставно не ги сакаат" ти е смешен. Претставници се на група која е озогласена и осудувана за гадни дела. И јас да одам у друга земја и да кажам дека сум член на ИСИС не очекувам да се гостопримливи со мене.
Патем на една од снимките, јасно се гледа како вие од групава влегуваат во еден влез не знам хотел е или што не приметив, а на улицата застануваат внук и дедо и викаат нешто по нив (не се слуша затоа што имаат ставено хорор музика), и со рацете мавтаат како мрш од тука, одете со, и тоа детето дали имаше 10тина години. А сега почнаа и некој деца се преправаат овака со чаршафи за намерно да предизвикуваат тензија кај одредени граѓани што не ги сакаат во државава.
Ама нели треба институциите да си ги следат ваквите повратници и навратници? Си има надлежни инстиуции за сите работи-за влез во земја, за престој во земјава, за живеење. Еден куп закони постојат и институции надлежни за нивно спроведување. Ние ако сакаме правна држава треба да ги почитуваме тие закони. Инаку би било око за око, заб за заб. Ако комшиите не ги сакаат, не мора да се гостопримливи, ама не смеат да ги снимаат без нивна согласност и не смеаат да ги малтретираат, тепаат и сл.
Никаде немаат обвинение на суд, оние кои се кај нас. Барем јас не сум видела досега таква информација.
Лични простории пишува. Плоштад, улица, не е лична просторија. ТВ куќите снимаат секаде на јавен простор, без никаква дозвола. Како мислиш дека ги прават тие кадри на улици? Мислиш одат и 300 луѓе ги прашуваат за согласност и написмени изјави им даваат? Остави закон, во пракса на еден куп луѓе им украдоа лични податоци за брзи кредити, па никој не ги ни најде, не да ги казни. Друга работа, не верувам дека полицијата заташкува декем никој не ги мавал со јајца. Јаката ни полиција, замисли па дури и во одбрана на својот народ. Секташите не кажаа дека некој ги мавал, само рекоа не ги сакале. Имаат и тие телефони, веројатно ќе снимале или сликале ако некој ги мавал. И да мавале, тоа не го прават пензионери, туку малолетници, а да ве посетам дека во Тетово неколку пати малокетници бодеа други малолетници со ножеви, и се се завршуваше со еден разговор во полиција со родител. Толку. Се фатија за 2 јајца, мислиш тероризам е.
Децата се овде вистинските жртви. Жалосно е за нив најмногу. За жал вака живеат деца и во многу други семејства и во нашава земја и во други земји. Препродавани, тепани, изолирани, злоупотребувани. Мешате различни работи, граѓанин и медиум не е исто, зошто си има закони кои важат за двете. Цитираниов член се однесува на граѓаните - комшиите во конкретниов случај. Нив комшиите ги снимале без нивна согласност, скришно, низ прозор. И таа снимка ја дале на трети лица (медиуми). Тоа е казниво. Нарушиле нечија приватност. Дури и медиумот да ги скрил нивните лица, комшиите снимале без дозвола. Дали stalking е тогаш ок? И не е точно дека смееш да снимаш други на јавни површини други лица без нивна согласност или знаење: https://dzlp.mk/mk/temi_5
Читај го целосно членот 152 со разбирање. Значи снимање на друго лице или на неговите лични простории. Што јасно покажува дека се одговора за снимање на друго лице било каде и да го снимиш без овластување. Исто се одговара и за снимање на неговите простории без негова согласност.
Личното искуство на бивш Лев Тахор член е предрасуда? Мислам... срамно е вака да ги деградирате искуствата на тие што биле во сектава.
Не реков такво нешто. Нечие лично искуство, доколку содржи елементи на криминал, треба да се истражи и ако има доволно докази, да се обвини во суд, па да му се суди на сторителот. Едно е обвинување од сведок, или жртва, друго е собирање докази, трето е поднесување обвинение во суд, четврто е судење, петто е пресуда. Без правосилна судска пресуда, секој е невин. За правниот процес зборувам.
Јас не ја сфатив @WildMk така. Таа не зборуваше за сведоштвото на детето воопшто. Зборуваше за непристастрасност кога станува збор за закони, судови и судски процеси.
Сектава нема нивни простории. Хотелите и куќите каде се сместуваат не се нивни, имаат газди. Снимаш митинг со 3.000 присутни. Им бараат медиумите дозвола? Едно време имаше камери на плоштади, сега не знам. Директни видеа имаш од сите гранични премини. Ич да не се секирам, ако станам деликвент и отидам во туѓа држава, маме ќе им расплачам ако ме сликаат на улица. Ти си адвокатка, ама овде за убиство лежат по 1 година, за еден куп крадци на лични податоци никој не преземал мерки, не ги ни нашол. Теорија е едно, пракса друго. Во пракса овие лица не требаше да влезат во земјава, ама ние само теорија знаеме.
Не е толку едноставно со оваа група. Вистина е дека некои од водачите се уапсени или му се суди не следам буквално. Не е проблем тој еден водач па овие ги гледате како наивници и на никој не направиле ништо. Насекое никнува по некој водич, имаат повеќе водичи зависно по група. Не можат сите да ги уапсат због недоволно докази, но затоа одат случај по случај преку социјалните служби, истиве се водат по истите нивни религиозни шити мислења. Најнаивни се децата, но и они водени вака испрани во мозокот се некс џенерејшн шит. И не ги бранете, овде кај нас ако останат верувајте е полошо, ма кој ќе ги проверува, кој го интересира. Затоа се тука во нашиве држави каде нема закони, тоа го сакаат. Исто така не мислам дека некој ќе ги повреди, само ги заплашуваат за да си одат и треба да се вратат таму каде има систем за доброто на децата. Таму нека се справуваат како знат и умеат. Тежок случај се. Канада му имаше дадено забрана за заминување од држава, некако племе нивно се провнаја низ граница за во Гватамала. Како можи така, е со пари се се можи. Ги финансираат групи моќни од Израел. Додека не ги скинат тие пари шоуто продолжува.
Не е разбирливо за мене зошто споредуваш медиуми и лица кои неовластено снимаат други лица. За медиумите и новинарите си постои закон за медиуми и снимањето од нивна страна е регулирана во тој закон. Хотелите и изнајмените објекти во кои престојуваат се во сопственост на друго лице но се додека се тука како кираџии или како гости на хотелот ги имаат истите права прочешлај кои права и обврски ги има лицето кое под кирија или гостин во хотелот а посебно обрни внимание на закон за сопственост и други стварни права.