Да немам предрасуди за некој што малтретира деца? Децата не се битни, за снимањето на монструмите се загриживте дека било незаконски.
Добро и маж ѝ на Пале бил невин јер немал пресуда, за џабе умре чоекот. И секој што ќе каже било какво лошо искуство лаже зашо нема пресуда. Океј.
Ако ме читаше погоре ќе видиш дека децата ги посочив како вистински и најголеми жртви. Тие се суштината на целава приказна. Муабетот за незаконското снимање се разврза зошто имаше коментар од членка која го оправдува тоа и се чуди зошто да се казнат. Сосема друга тема е ова и навлегува во правото. А овде во темава се водат разговори за еден куп паралелни теми... дали им е местото овде нека си оценат администраторите. Мислам дека се забега многу.
Многу работи не се законски регулирани и многу работи се законски регулирани, а не треба да се. Арно шо не гледаме само низ законска призма.
Искрено најмал проблем е незаконско снимање во моментот, ако има такво. Барем за децата. Што сѐ се прави во таа секта, за снимањето ќе се фаќаме. Мене ми е неверојатно како уште некои се обидуваат да ги оправдаат на некој начин и да ги претстават како жртви. Воопшто не се за жалење, воопшто. Освен децата секако.
И јас тоа сакав да кажам. Големиот прекршок ако некој малолетник ги снимал и пуштил на Тик Ток. Тој некој на 16 години не е правник па да знае закони, ама ако таа група направи некој проблем овде, кој ќе сноси одговорност? Еве гледаме дека испаднаа жртви. Жена од охридско си доби пријава.
Добро уште се замарате со чудациве? Се знае кој треба да води евиденција за нив, кривично да ги гони и суди, ние обичниве смртници сигурно не сме за нив надлежни. И онака сме до гуша во го*на закопани во нашава ни државичка, уште гајлето да им го бериме на несфатениве створења кои патем повеќе од нас се прошетани низ белиот свет.
Апсолутно нема никаква врска тој случај со овај и логиката ти е искривена. Не го мислам тоа. Делото на Пале беше во самоодбрана. И за тоа има закон.
Кој реќе дека децата се небитни? Никој! Искривувате се' што е пишано. Ако ви беше жал за децата, ќе им помогневте, немаше да ги бркате. И како поединци и како држави.
Добро чита некој шо пишам? Ако барате правда, барајте кај институциите. Не сме јас и ти задолжени да решаваме државни проблеми. Не на форум. Не со медиумски шпекулации. Не со рекла-казала муабети. Не со лични мислења и ставови. Не вака. Секоја држава си има закон. Ако некој го прекрши, треба да е казнет. Вие не ги казнувате законски. Се' што сакате е само да ги протерате. И како поединци и како државен апарат. И цел свет им го прави тоа. А во нив пола се деца. Никој не се нашол од 1989, да го реши проблемов, а сите знаат. Никој не ја истерал работата до крај и само си ја префрлаат топката од една држава, во друга. Ова е знак на нефункционален систем. Глобален нефункционален систем. И не. Не е наше да судиме. ... ама то, ако разбирате шо значи правна држава, ако не, камењата в рака и да ги каменуваме сите кои нема да ни се по ќеф!
Ама не се обвинети, уште помалку осудени ... цела група. Виновен за криминал, можеш да речеш дека е само некој за кого има правосилна судска пресуда. Плус, децата шо се криви да ги ашкаме наоколу. И ние штета му прајме, колку шо им прат тие нивните.
Преселба сама по себе е траума; башка, веќе се жртви на ригорозни, ултра-конзервативни правила во домот каде живеат; башка луѓе по улици ги гледаат чудно, ги мразат и бркаат; башка полиција треба да ги крие, за да не ги повреди некој. Возрасен да си, од еден насилник само да бегаш, има да цркниш од страв и има да развиеш ПТСД, анксиозност, депресија и полошо.. А не пак цел свет да е против тебе, а ти си дете. *Сега ми текна, па да додаам. Вистина е дека: It takes a village to raise a child.
Ама не знаеме дали било во самоодбрана по логикава твоја зашо немало пресуда дека е насилник. Твоето беше дали имало пресуда или не. Ако на Пале и веруваш дека е самоодбрана, зашто на тие што излегле од сектава не им веруваш?