Секаде има екстремисти. Колкумина се дојденциве моментално? 20, 50? Сигурно и 50 нејтивс имаме што се екстремни во своите убедувања и пракси. Иначе, мене ако ме прашваш уште во Израел требаше да го средат 'проблемов'. .... или во САД, или во Канада... Замисли да ги испратиш да живеат во диверзитетна околина, ко САД? Срцето ќе му откажи ко ќе видат какви се култури има
Лев Тахор (хебрејски: לֵב טָהוֹר, лит. „чисто срце“) е екстремистичка религиозна група основана од Шломо Хелбранс во 1988 година. Често опишан како култ, [1] се состои од околу 200–300 членови.[2] Групата следи фундаменталистичка форма на еврејска практика и се придржува до сопствените нетипични толкувања на еврејскиот закон, вклучувајќи практики како што се долги молитвени сесии, договорени бракови меѓу тинејџери и црни покривки од глава до пети за девојки и жени кои почнуваат на возраст од три.[3][4] Групата се соочи со обвинувања за киднапирање, сексуална злоупотреба и злоупотреба на деца. еве од википедија. ја стварно не знам како може при докази некој да брани таква група. тие би те каменувале тебе ако не носиш црн чаршав. добро бе од кога феминизмот се испоплетка со заштитување на радикални религии што очигледно мразат жени? ах да, озлогласеното радикално православие. сега пред некој ден слушнав како брат ја убил сестра му зашто и паднала монашката наметка. Луѓе конзумирајте помалку американска извезена култура, не е добро за мозокот.
Нели различни народи има во Македонија? Сам рече. А сега претпоставуваш дека за православни зборувам. Само православните ги гледаш како жители на Македонија?
Ааа на финта ме фати, браво. Кога немаш аргументи, искористи ја картата ''националист''. Гарантирана победа. Македонија е национална држава на македонците така да земав православие за пример зашто тоа таа религија преовладува тука, многу е просто не знам што не ти е јасно. ако збориш за албанците, тие се најсекуларна исламска нација, немаат допирни точки со тие од блискиот исток, иако некои практикуваат такви обичаи, што ја не ги оправдувам.
Ако си дел од групата тогаш треба да се придржуваш на правилата што ги налага, некој вид како кодекс на облекување, не гледам што е лошо тоа, па не се само жените од оваа религија облечени во бурки, патем кога се фати за православните христијани, жените кога одат во црква исто така треба да ја покријат главата со марама, или да ги земам за пример монахињите, голи да не се шетаат случајно? Па да земеме и нив да ги плукаме? Патем има милион случаи со силување од страна на свештени лица во секоја религија, ама до сега не сум слушнала да викате вака да се растури "групата" верници. Значи секаде околу нас има ненормален народ, дали се дел од група, секта, или се единки, болеста не бира. Ама за тоа постојат институции и закони, колку се функционални тоа не навлегувам.
Зборувам за Македонци од секакво етничко потекло како Роми, Албанци, Турци и Македонци. Кај сите, буквално кај сите има малолетнички бракови, кај некои и договорени.
а што ако некој сака да ја напушти религијата? знаеш која е казната за напуштање на ислам во блискиот исток? смрт. и што ми мешаш влегување во црква со постојано присилување на носење на покривки на главата како да е исто? знам, ослободување од религија. Албанија е деклаирана како првата секуларна држава за време на комунизмот, затоа и албанците не го следат исламот толку стриктно.
Error, неточно.Секуларизација означува одвојување на религијата од црквата ќе кажев ХААХАХАХА, од државата.Како кај нас МПЦ и ИВЗ шо се одвоени од државата.Едните и другите не си се мешаат во работата. А после е тоа, дека не се наметнува религијата на граѓаните.Него кој сака у шо сака да верува.Пошо ако е пр МПЦ одвоена од Владата, нема како да те натера да веруваш во Господ.
да де, поентата ми беше дека исламот не им е најважното нешто. а кога спомна, исламот е водечка сила во владите во блискиот исток и така преку страв се наметнува на граѓаните.
Во 'идеален' свет, според мое поимање, не постои организирана религија. Постои само индивидуална спиритуалност и за секој е различна.
Така е, верата за секој е интимна и лична работа, тоа што исфрустрирани алфа мажјаци го прават со религиите е злоупотреба на најосетливиот дел од човечката психа.
Мислам дека заминаа, и во медиуми спласна муабетов за нив. Тоа тие кога влага и излага кој сака и кога сака, безредие броу .. Случајов со Онишченко, исто тие ко со овие.