Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еврејската секта Лев Тахор во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anastasia9228, 16 февруари 2022.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Немаат овие никаква врска со Orthodox Jews, нивните жени не се вака покриени, не се воопшто покриени туку ај да речеме “ скромни” во облекувањето, децата пак воопшто не се покриени, така да не мора само да се пишува колку да се напише нешто.
    Orthodox jews го следат јудаизмот онака како што го следеле нивните предци, немаат отстапки од пишаниот збор, се познаваат по тоа што мажите имаат онакви прцлиња од страна на косата а брада имаат само рабите.

    Дервишите мислат дека се дел од Исламот меѓутоа тие не ги признаваат, Опус Деи мислат дека се дел од католичката вера ама тие исто не ги признаваат, исто е и со овие, мислат дека се дел од јудаизмот ама овие не ги признаваат.
     
    На Nikolina35 и Traveler91 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Шо има врска другите дали ги признаваат?
    Тие се чувствуваат како јудеисти.
     
    На daylight и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Дали ги признаваат или не мене лично ич не ми е гајле, ти напиша дека се Orthodox Jews, јас само те исправив дека не се тоа, тие се дел од јудаизмот а од овие се оградуваат.
     
    На happygirl и Traveler91 им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Исто како што од нас се оградуваат други Православни цркви и не ја признаваат нашата афтокефалност.
    Не не' премисли тоа да не се декларираме ко Православни Македонци.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Тие "приказни" се кажани од бивши членови кои избегале од таа секта.
    Не се мирољубиви.
     
    На asdas и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Не се протерани? А да прочиташ нешто, со оглед на тоа што на други теми прва си за човекови права...
     
    На happygirl, cresa-jagoda, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.235
    Допаѓања:
    13.030
    Точно дека Израелците се напредни, економски, воено, во наука, за многу работи ги бива. Тие се мала нација, а сепак се моќни, па дури имаат и територијални претензии кон државите во нивното соседство. Но, тоа ги прави добри за нив самите, не за други народи. Израелците на палестинска територија имаат формирано држава. И тие се терористи на некој начин, со сето тоа што им го прават на Палестинците. Тие се терористи со меѓународен углед. Оваа еврејска секта ти е отпадник од таков народ. @Abracadaver јави се во Влада, уште се тука, прими некој. Господ здравје да им даде на тие млади со јајцата, не спасија, сега по други градови нека си водат сметка.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Дека би ми било пријатно да живеам до нив, не би ми било. Ама исто така не би ми било пријатно и комшиите да ми се екстеремно религиозни без разлика на која вера припаѓаат.

    Верувајте, да видите поп во мртва темница, исто од памет ќе ве извади ко овие. Од искуство зборам.
     
    На Hecate, staycalm, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Од тоа што читав, не се протерани.
    Сами си заминуваат, оти ги малтретираат.
    Само од Ирак ги имале вратено во Турција, кога сакале да отидат во Иран.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.532
    Пол:
    Женски
    Мене ми е језиво што шетаат со толку деца, како што сфатив мнозинството се малолетни.

    Очигледно е дека се случува малтретирање и силување на деца, кои стануваат мајки на тинејџерска возраст.

    Не можам да ги гледам како група на која треба да и е дозволена религиозна слобода, тоа што се движат низ целиот свет исто така наведува дека нешто не е океј со нив.
     
    На LittlePinky, KateKane, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ги малтретираат кај и да се доселат.
    Тоа не е во ред.

    А ако вистина има криминал, како во 18 месеци истрага, канадските власти ништо не најдоа?
     
    На daylight и Need for Speed им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.532
    Пол:
    Женски
    Ајде извор, јас спротивни информации наоѓам.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    The documents, which contain allegations that have not been proven in court, also allege that some members of the Lev Tahor community were kept under psychological control with medication and that physical violence was used as an educational tool.​
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Епа кажете што праат аман
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Тие што најмногу прават криминал и сомнителни нешта не изгледаат воопшто сомнително, се трудат да се прикријат и да не привлекуваат внимание на никаков начин. Поготово не со надворешен изглед.

    А па дека знаеш сите твои комшии што размислуваат и што имаат на ум.
     
    На daylight, WildMk, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Го прочитав интервјуто на дечкото кој побегнал од нив во Гватемала во канадски конзулат и со месеци меѓународните служби за заштита на деца го штителе.
    Побегнал зошто не можел да поднесе рабинот возрасен маж,одговорен за нив да се ожени ао 12 год. девојче од сектата.
    Што било пракса во оваа секта.
    Таму го посвоило семејство и голем прриод одел на психијатар за да се опорави од траумите во оваа секта,татко му починал зошто не го однеле во болница.
    Злоупотеба на деца.
    Сексуална злоупотреба и присилно мажење на деца како и киднапирање на девојчиња кои биле одредени за договорени бракови,а кои побегнале е доволна причина овие да бидат отфрлени од друштовото ,а со нив треба да се позанимаваат и државите каде престојуваат и детските меѓународни организации.
    Значи овие не се чудаци кои чудно се облекуваат и живеат различно од нас туку ги злоупотребуваат женските деца во оваа секта.

    https://www.google.com/amp/s/www.ti...ahor-with-exploiting-kidnapping-children/amp/
     
    Последна измена: 17 февруари 2022
    На cresa-jagoda, spacemonkey, Izaabella и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.532
    Пол:
    Женски
    Вајлд, истрагата била во 2012 година...
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Тие не се декларираат како православни Евреи ти така ги декларираше, ја гледаш разликата?

    Овие се секта не се дел од ниту една “ официјална” вера, не мислат дека подлегнуваат на законите на државите во кои што престојуваат, живеат, си живеат по свои правила.

    И за некоја што се преставува како woke |( и борец за правдина, многу ја браниш оваа секта на педофили, угнетувачи на жените и децата, браво ептен woke од тебе.(highfive)
     
    На темјанушка, IRBBB, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    20.085
    Пол:
    Машки
    Вајлд ми се чини дека не знае да распознае што е добро, а што лошо. Лоша карактеристика.
     
    На Kate Rina 93, happygirl, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Како за група од 1000 луѓе низ цел свет некако многу галама се дига. Од една страна многу е сомнително нивниот прогон во развиени држави, меѓу сите обвинувања стои и дека ги заклучуваат жените и децата, наводно немаат никакви слободи, а имаше снимки во Куманово каде жените и децата сами шетаа и ноќе. Но имајќи предвид дека се распространети насекаде по групи од 30 до 50 луѓе, најверојатно и се разликуваат во обичаите и начинот на живот.
    Околу начинот на нивниот живот не треба да има никаква толеранција кога се работи за малтретирање деца, без разлика на нечија религиска определеност. Затоа и бегаат од развиените држави, затоа што секаде имале проблеми со социјалните служби.
    Е сега дошле во Босна и во Македонија, ако се прашувате зошто не си одат во Израел е затоа што и таму не ги прифаќаат баш поради начинот на практикувањето на религијата. Нѐ одбрале овде затоа што и овде има групи радикални како нивната, земји каде не се почитуваат основни човекови права. Веројатно претпоставувале дека никој нема да ги замара поради немање правна држава, но не предвиделе дека овде некои не трпат конкуренција.

    Околу мавањето јајца и однесувањето кон нив многу зборува за оние кои тоа го прават на таков начин, многу е долно, просто и одвратно. На крај краева има институции од општини до полиции, или медиуми каде може барем покултурно да се изрази незадоволството од нивното присуство во нивната околина. Исто така гледам многу овде пишуваат како сме ги примиле како држава, очигледно не ги знаете процедурите за странци во сопствената земја. Имаат само обврска да ја известат полицијата каде се сместени, ништо друго, никој не ги "прима".
    Од босанската репортажа еден од интервјуираните тврдеше дека се безопасни за околината и само има контроверзии околу начинот на кој самите живеат, што нели нам не треба да не засега. Но некои се изјаснија дека многу ги засега. Е бидејќи многу се засегнати за туѓи деца, би сакала да видам да ги засега и за децата кои веќе живеат овде а се лишени од нормално детство, достапно здравство, слобода и образование, како што се повеќе од ромските деца и деца-невести, децата на вахабистите, колку има само малтретирани и тепани од сите етникуми за кои комшиите се прават глуви и слепи...

    Нула толеранција за злоставувачи на деца и жени секаде.
     
    На Осе, daylight, Izaabella и 5 други им се допаѓа ова.