Ако отворите на Википедија, на англиски, многу добро пишува за злоставувањето и малтретирањето на деца. Не само што ги мажеле младите девојки за постари мажи, туку уште помалите ги чувале изолирани во никакви услови, во подрум, со урина на креветите, децата со вошки итн. И не ги има којзнае колку на број за да се сметаат ваквите за исклучок, туку ваквото однесување им е основното.
Точно.. Дури има изјава од црногорски политичар дека се протерани од Црна Гора поради постапките кои се водени против нив во САД. Дури и на официјалната страна на САД на осудувани и протерувани лица се двајцата секташки лидери. https://press.co.me/kojicic-policija-da-stavi-pod-prismotru-ozloglasenu-sektu-lev-tahor/
Тие самите прават да бидат дискриминирани, не почитуваат закони и правила, сакаат по свое да живеат, затоа во нормални развиени држави не ги толерираат. Гледав интервју на една млада девојка припадник на Лев Тахор, кажуваше дека за поинаков живот не сакаат ни да слушнат, а што е најстрашно не сакаат децата да ги праќаат во школо да се едуцираат. Додека живееле во Канада, доаѓале социјални служби со цел да ги праќаат децата во школо, ама не сакале нивните деца да учат дека човекот настанал по пат на еволуција, тоа не го пишувало во нивната книга, за нив тоа било глупост. Што повеќе да се каже?
Ама да се мажиш за некој што не ти е крвно сродство е едно, а да те тераат за братучетка,брат,братучед е веќе too much. Во поглед на малолетничкиот брак постои и во Индија во сиромашните делови каде девојчињата се продавани од своите семејство од својот татко. Мајката и да сака да гукне, не може. Стари традиции се тоа. Имаше документарец за тоа мислам и дека некој сеуште се бори за да се забрани тоа со закон. И таму веруваат дека децата не треба да одат во училиште и да се образуваат туку веруваат дека тоа е за глупи луѓе. И ќе се омажи најчесто за некој старец или ако се погоди некое богато полнолетно момче.
Две причини има за тоа: досегашните лоши искуства но и различноста во културите и менталитетот. Различни култури различно го сфаќаат галењето деца. Американците на пр. на непознати луѓе на улица не им дозволуваат да ги допираат нивните бебиња и мали деца. Во Тајланд, Лаос, Камбоџа и уште некои земји од југоисточна Азија допирањето и галењето по глава на други луѓе е тешка навреда, освен ако самиот родител го гали своето дете. Дури ни бабите и дедовците не го прават тоа. Пожелно е да бидеме свесни за можните разлики кога комуницираме со странци дојдени од подалеку. Така може да си заштедите непотребни недоразбирања но и побргу да ја стекнете нивната доверба па повеќе да ви се отворат и кажат повеќе за себе. Кај доследните практиканти на разни религии постојат строги прописи кога храната е во прашање. Евреите, муслиманите и адвентистите(христијани, во народот наречени Саботјани) не јадат свинско. Постојат и тнр. Адвентисти на Седмиот ден кои се хранат вегетаријански. Кај муслиманите дозволената храна и храна која е подготвена соодветно верските прописи се нарекува халал, кај евреите кошер. Хиндусите не јадат никако говедско (повеќето не јадат никакво месо, вегетаријанци се) и јадат само храна која е претходно ритуално понудена на божествата и таквата храна ја нарекуваат прасадам (на пр. следбениците на Харе Кришна движењето). Лично сметам дека децата треба да одат на училиште во интерес на нивна социјализација, но тука се отвора друго прашање: со кое право државата им се меша на луѓето како ќе ги образуваат своите деца? Да беа левтахорците попаметни ќе ги пуштаа децата во школо а дома ќе им објаснеа дека постои и поинакво гледиште за настанокот на светот и векот. На википедија може да пише кој ќе стигне и што ќе стигне. На бугарската верзија пишува дека македонците биле бугари. Треба ли да ѝ веруваме? Википедија е згодна за некои општи информации но исправноста на фактите не е загарантирана. На пр. во САД можат да те бутнат на дипломски испит ако како референца сте користиле википедија.
Спомнав википедија пошто таму е јасно, кратко и најхронолошки би рекла, објаснето. Најдоле на википедија се напишани извори - документарци, артикли, интервјуа итн. Информациите кои се на википедија можат да се сретнат во многу артикли во врска со инвестигации, на пример од страна на ФБИ. Знаев дека некој ќе каже тоа за википедија, ама ок, ај.
Википедија не мора да ја читате, ама читајте други извори. Култ се и тоа со тешки обвиненија. Не се протерани за џабе.
Едноставно нивниот став е дека не ни сакаат да се вклопат во системот и да почитуваат закони, туку дека ќе се водат исклучиво по свои правила и убедувања, а тоа со настанување на човекот како причина им е само оправдување.
@WildMk Ортодоксните евреи се поинакви, овие ги класифицираат во ултра-ортодоксни евреи. И левтахоријанците имаат исто, во документарецот за нивните пороблеми во Гватемала прикажани се токму така. Има и други улт.орт. евреи кај кои жените ноисат бурка, како на пр. Нешот хаШалим. Не е исто, во македонскиот јазик особено не. Зборот ортодоксија изворно на старогрчки значи исправно мнение. Во англискиот јазик orthodox може да се однесува на православни христијани, но и на припадници на други религии кои тврдат за себе дека го следат доследно изворното учење. Така на пр. има и ортодоксни будисти или ортодоксни муслимани но тоа не значи дека тие се исто што и православни христијани. Конкретно Лев Тахор ги сметаат како една од фракциите на ултра ортодоксните евреи, но никој од тие евреи не се нарекува себе си така. Наместо тоа тие се нарекуваат Јехуд Харедим, а во чиј склоп постојат разни фракции. Тука ни е грешката што ние си викаме нешто без да провериме. Имено тие се затворен тип на заедница, не примаат непознати луѓе од надвор особено ако не се евреи. Па воопшто не се протерани, самите си заминуваат ради таквите како тука на форумот кои веруваат во рекла-кажала муабети сметаат дека ќе помогнат ако фрлаат јајца наместо со тие јајца да нахранат некого. Исклучок е селото во Гватемала од каде навистина биле протерани, но поради тој испад градоначалникот е в затвор, барем така пишува израелски Хаарец. Така кажано е во ред, но првично начинот на кој го напиша делуваше како да велиш дека англиската википедиа е сигурна вистина. И јас ја користам честопати википедиа за да објаснам некои поими тука, но да бидеме свесни дека таа не е 100% гарантирано непристрасен извор на факти.
Еве, членката имала контакт со нив, самите свесно се изолираат од луѓето колку и да се добронамерни со нив, што значи нормална е реакцијата на народот што се исплашени и вознемирени. Додека истражував за нив, повеќето беа млади девојчиња што имаат по 6-7 деца, отколку возрасни жени што ни малку не е нормално.
Таман работа секој родител да може да бира дали детето ќе му оди во школо. Има причина зошто основно и средно се задолжителни, вака детето уште од почеток на животот е заглавено во сектата без реална можност да најде работа или да се социјализира надвор од семејството. И тоа е тоа што мене најмногу ме вознемирува, заедно со малолетничките бракови.
Ама едноставно такво им е верувањето и традицијата, бидејќи се секта од затворен тип. Не сакаат да разговараат многу со "надворешниот свет", колку што сум информирана мажите еврие не погледнуваат жена (надвор од сектата) за да не ги искушува, ете и на тоа видеото што е во Босна што им прават интервју ќе видите како цело време на страна гледаат и не сакаат толку многу да разговараат, затоа што тоа според нив е "грев" или искушување.
Разбирам, ама не е оправдување. На што ќе личи ако сите почнеме да се исклучуваме од надворешниот свет заради верувања и традиција? Не сакаат да остваруваат контакт со луѓето околу нив и да се вклопат во средината, а се жалат дека се дискриминирани и протерувани. Секој има право да верува во што сака и како сака, ама не е оправдување.