Еве колку се нормални и оти се протерани од Босна.. Комшиите сведочат како навечер се слушале неподносливи крици и гласови за време на ритуалите.
Како мислиш продуктивна? Мене не ми изгледат баш дека се продуктивни. Или јас и ти различно го толкуваме зборот продуктивни
Ако ми припарат ќе ги гаѓам со нешто А иначе не сакам да седат овде пошто се шлакнати И језиви ми се да ги гледам
Значи ти така ќе нападнеш некого што само си поминува улица крај тебе од причина што имаш некаква не толеранција кон нив и од причина што ете не ти се симпатични. Незнам како можеш да се однесуваш лошо со некого што не ти прави ништо лошо и си го тера својот живот на негов начин. Доколку има некаков криминал или се сомневаш во нешто слободно пријави во институциите но не можеш да нападнеш по животот и телото кои и какви да се додека ти на директен начин не си загрозена. Мое мислење за нив е се додека не наштетувааш на никого и нема докази за некаков криминал нема за што да бидат бркани од државата се до моментот дури ги почитуваат законите на државата, доколку покажат девијантно однесување или не почитување на нашите закони тогаш институциите треба да си превземат мерки за решавање на случајот.
Плаши се од тие сосема нормално облечени, бидејќи на никој на чело не му пишува јас сум силувач или педофил. Овие можеби се такви ама не "напаѓаат" личности што се надвор од нивната секта. Веќе поназад објаснив дека се секта од затворен тип и затоа не сакаат да комуницираат со надворешниот свет. За твоја информација дури ни во очи не би те погледнале, а не па да ти го опнат.
Дали имаш докази дека се силувачи и педофили, правосилна судска пресуда и сл? Не можеш така да нападнеш некого од чиста мора некој што ќе го сретнеш на улица. Ако почнеме така да напаѓаме треба скоро секој секого кога ќе го види да фрчат камења. Се додека некој не те загрозува директно и се однесува согласно законите во државата не е пред се човечки да го нападнеш.
Дали ти ако прокоментираш за некоја девојка дека е згодна по дифолт те прави лезбејка? Целиот антагонизам спрема Лев Таор не е нивниот начин на живот, туку нивниот анти-ционизам и став спрема државата Израел. Тие се Евреи, следат конзервативна форма на Јудаизам, но се анти-ционисти и против државата Израел. Сосема спротивно од Ултра-Ортодоксните Евреи, кои се про-ционисти и про-Израел. Затоа Лев Таор се протерани од Израел, САД, Канада поради огромната финансиска и културолошка моќ на Ултра-Ортодоксните Евреи. Не затоа што краделе, убивале, силувале деца или останати небулози што се шират за нив, туку поради идеолошки причини. Инаку, Ултра-Ортодоксните Евреи по ништо не се разликуваат од начинот на живот од Лев Таор. Зошто кај Ортодоксните Евреи сите одат на баци рака, а?
Од сведоштвата, еден ќе излаже, ајде и двајца. Ама ако тројца и повеќе споделат слично искуство со групава, веќе знаеш што е работава. И само зашто меѓу нас има нормално облечени манијаци кои не се дел од секта, не значи дека со чудациве треба да бидеме пријателски настроени. И не рипајте одма дека сме биле не знам, националисти, затуцани, против религии и слично. Не е тука проблемот облеката или косата или јазикот, туку што прават или кого поддржуваат.
Што прават еве не знам кажи ми, во периодот додека се овде немаме информација дека на некого нешто сториле туку напротив тие се жртви тука, нивните изнајмени станови се жртви на вандалски чин фрлање со камења, Јајца, искршена влезна врата. Полицијата без никаква основа и без покренување на никаква истрага ги влечи со ротирки и противправно им го ограничува правото на движење без одлука на суд да набројувам уште или доста е ?
Зошто така не фрлаат камења по Ортодоксните Евреи? Тоа ми е прашањето. Ортодоксните Евреи се 25% од популацијата во Израел. Живеат скоро ист начин на живот како Лев Таор.
Се согласувам со тоа дека секоја религија е доказ за уназадување во некои работи, ама не значи дека децата треба да бидат лишени од образование, само затоа што таму не го учат тоа што го пишува во нивната света книга. 21 век е, без разлика на верувањата и традициите мора да одиме напред, не е нормално во денешно време децата да не се образуваат, да се венчаат и да раѓаат деца на 15 години.
Учеството на бројот на вработените во јавниот сектор во вкупниот број на вработени во 2016 година беше 23,2 отсто. Во 2021 година тој процент е 25,2 отсто или нови работни места за 32.000 лица, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика Во 2016 биле 167.657 лица а лани буџетари имало 200.075. Да потсетиме дека донесоа одлука во сите јавни претпријатија формирани од државата да се воведе и заменик директор, дека измислија четири заменици на премиерот и дека на Артан Груби му отворија министерство за политички систем (што ли работат тие луѓе, везден штемаат по системот?) со 1.400 вработени кои годишно нè коштаат9 милиони евра. https://off.net.mk/nabrzinka/za-5-godini-vlasta-napikala-novi-32000-lugje-vo-adminstracija Овие се продуктивни? Земаат плата, а не одат на работа. Друг работи за нив и допринесува во буџетот. Плус, децениски државни непријатели на Македонија и главни криминалци. Зошто нема 50 страни за ова испишано? Од друга страна Лев Таор од никого не земале пари и од никого не побарале пари.
Може стварно тука ништо не направиле. Прашањето е зошто се претставуваат како членови на група која врши злоупотреба на деца, без разлика дали самите го прават тоа?
Мајко мори, пари ли се проблем? Животот на децата колку пари чини? Силувале, киднапирале деца, битно не краделе. Браос.
Дали имаш докази за тоа што го тврдиш или правосилна судска пресуда против нив? Се додека со правосилна пресуда не бидат осудени се почитува презункција на невиност.
Ох супер, ми олесна. Може слободно да ги силуваат и омажат на 12 години пошо нивни се, кој смее да зуцне. Членови се на група која го прави сево ова. Толку. Ако не се такви, не би биле.