Дали си ти јас? Не баш на сите времиња ама дефинитивно прва асоцијација на Евровизија ми е. Дури мислам го сурфав сега скоро, уште позгоден е
Мојата омилена песна од евровизија веќе е споделена Dima Bilan - Believe, a многу ги саакав и Lordi и Helena Paparizou - My number one, тоа беа песништа. Од нашите евровизиски претставници во најдобро светло според мене се претстави Каролина Гочева и со стас и со глас.
Аии, две лајкчиња за оваа. Знам некогаш да ја промумлам. Уште оваа за денес: Едит: лажам, и на оваа се сетив, моќна песна. После 100 руски малку контрадикторно ама морав: Имам проблем, само некои глупи и смешни ми текнуваат. Од утре ќе спамовам со такви.
Неможам да се сетам на некој фаворит, но од она што се сеќавам. би ги одвоил Rasmussen и Ruslana (колку само се слушаше оваа во школо) Толку не ги стави никој до сега?
Oбично не ги сакам Израел, но настрана од тоа имаа константо добри песни до 2017 година. Shiri 2005 Boaz 2007 Nadav Ми останале во сеќавање и овие, Песна со слаб пласман но мене ми беше најубава таа година.
Мене најчесто ми се бендисуваат песните што завршуваат последни, не се пласираат во финале, не добиваат многу поени, гледаност и се брзо заборавени: Данска 2013: Шпанија 2006: Србија 2013: Норвешка 2013: Шведска 2017: Италија 2017: https://youtu.be/KieE_MLv-ZY Од нашиве пак ќе ме мислите ненормална ама многу песни ми се свиѓаат, Јана со Dance alone, Eye Cue со Lost&found, Даниел Кајмакоски со Autumn leaves, Тијана со Тo the sky. дури и од Вучиќ си ја потпевнувам некогаш Од постарите, евровизијата од 2003 имаше одлични песни покрај Турција, исто 2007 беше добра евровизијата. Ќе прикачам подоцна уште некоја песна да ве потсетам
леејј да, како заборавив неа да ја спомнам, стварно не ми е јасно. Кога сум кај Норвешка, мене ова ми беше песниште : И се уште грми.