Најдоброто од Турција: Најдоброто од Германија: Најдоброто од Норвешка, покрај годинешната ми е и оваа од 2005: Најдобра од Белорисија, што за жал ја уништија со лош настап:
Од 2004 ја издвојувам Босна и Херцеговина со уникатен настап. Знам дека беше постиран, ама мора пак. Песнава на Белгија е underrated. И најдобрата. Тргнав за 2005 и многу песни се собраа, па кратев. Всушност ми била интересна година, може пак да ја ислушам. Моите фаворити беа: Други memorable песни од тогаш ми биле... https://youtu.be/MyChlzTADQY https://youtu.be/mVhtWfC7RF4 И бонус https://youtu.be/tNXwZeHHM84 Другите години некој друг ден, осеќам дека ја убив темава денес.
Турција 2011 Не знам дали некој ја памти песната (?), не се пласираше во финале, изгледа не се вклопи во чкартот таа година.
Ова е можеби најдобрата песна во историјата на Евровизијата. Туку, што уво ќе имав јас само мене некои тралала песни ми се бендисуваат од Евровизијата хахах Ви текнува на Брухерија?
Иначе ова ми е омилен македонски настап низ годиниве Не е дека Калиопи ја слушам или многу ја сакам, не е дека е највпечатлив настап, ама ми делува најок мене лично за слушање, многу подобар за мене лично од сите обиди да бидеме приметени со сакоа однопаку, запросувања и што ти јас знам. Едноставна сцена, фина песна, моќно ми делуваше. Пак ќе речам, не за пласман некаков, ама дефинитивно најдобар впечаток ми има оставено. Спојлер Инаку непопуларно мислење, јас Proud не ја сакам, не ми се допаѓаше лично ни настапот, ни песната, ете знам дека сум исклучок, не ме мразете Aме научивте ваљда досега дека ретко ми се свиѓаат работи
Ах Soldi ми е непребол Не ја гледав таа евровизија, ама после кога видов што песни имаше, оваа ептен си ја засакав. Го модернизираа малце и Санремо италијаниве, освен Диодато за 2020, последниве години сé посовремени песни праќаат.
Имаше период кога со братучеди се беревме да гледаме Евровизија заедно, ја снимавме и на касета па три дена заедно ја гледавме одново и одново. Дојде времето кога слушавме на ЦД, обавезно ги купував евровизиските. Мала бев, знам се убедувавме дома нешто за одење на заболекар, па ми ветија дека ако одам ќе ми купат ЦД. Маки.