"In Macedonia, Im living до езеро како се вИкат?, by the lake, and so I like водр, so in Oslo, I feel like a fish!"
Не сакам да му фаќам сеир ама морам и ова да го постирам [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/oMwpGUzYxDs&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/oMwpGUzYxDs&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube]
имаме убави песни и добри композитори ама иде време за евровизија и песните тапааа...оваа воопшто не ми се свиѓа.од влатко беше 100 пати подобра
e dobro deeee tolku naucil angliski... vazno se trudi da zbori... ne e bitno toa tolku... ni sakis ruvas pred dve tri godini ne znaese angliski, no sepak imas mnooogu dobar plasman...
i mene mi bese Vlatko favorit neznam kako mozese da otide Goko , ali vo nasava drzava se e mozno pa taka i ova
Не е срамно ако земеле преведувач, вака повеќе се срамат. Денес го пуштив второто интервју на прес, и не можев да го догледам, одма го исклучив
Требало да земат преведувач штом не знаат англиски. На интернет сајтови многу наши сограѓани ги навредуваат нашите од екипата затоа што незнаат англиски. На Евровизија се претставува државата, а не англискиот јазик. Не е морално да се зборува на англиски на Евровизија. Русинот Дима Билан не знаеше ни збор англиски, па за него никој ништо не рече. Тој паметно направи што си зема преведувач.
Не ми е јасно зошто на евровизија не се гледа како на една обична забава и секогаш околу изборот се крева паника. Сите знаеме на кој начин оди гласањето и како се делат гласови меѓу соседните држави... Мое мислење е кој и да не претставува ние нема да имаме висок пласман. Од друга страна би било добро место да ги критикуваме нашите претставници да ги подржиме бидејки сепак не претставуваат тие. Ѓоко не беше мој фаворит на домашниот избор но сепак сметам дека песната и не е така лоша а тоа со англискиот баш излезе интересно не е ништо страшно што човекот не знае англиски (барем се потрудил на научи)... Зошто секогаш туѓото го сметаме за подобро од нашето???
Се согласувам со твоето мислење. Евровизијата е политички настан. За да има некоја држава добар пласман на Евровизија, треба да има лоби или да е некоја јака држава. На пример, Турција и Грција се држави коишто имаат големо лоби, така што дури и да пратат катастрофална песна пак ќе влезат во финале и ќе имаат добар пласман. На Евровизија однапред се знае победникот. Однапред се знае и кои држави ќе влезат во финале. Повеќе од пола се оние држави коишто секоја година влегуваат во финале. А начинот на гласање се смени по барање на скандинавските држави коишто се бунеле затоа што балканските држави гласаат по принципот соседско гласање. Истите тие држави секоја година го прават истото. А додека се гласаше само преку телевоутинг им се намалија шансите за победа или висок пласман. Оваа година сигурна сум дека ќе победи Исланд или Данска.
без разлика дали ќе влезе во финале....едно огромно БРАВО за Ѓоко Таневски :y: одлична изведба и супер кореографија и стајлинг....за среќа немаше циркузи и карневалски маски
мене ми се допаѓаше вукашин, а за ѓоко па што знам не бев ни на почетокот за него, али како македонец се разбира ќе го подржам
Епа ајде и јас да искоментирам нешто.Евровизија како Евровизија ми е многу без врска.Чиста политика и ништо повеќе и секогаш се гласа "комшиски" (да не појаснувам знаеме сите како оди тоа).За "Лајк а фиш" нема да искоментирам многу,само ќе кажам дека тоа е до нашиот балкански менталитет,само сеир се фаќа и ништо друго.Не би било срамота кога би земеле преведувач,меѓутоа свесни сме дека за жал во Македонија степенот на неписменост е прилично висок,така да доста од македонците не го знаат својот јазик,а не англиски.Сите добро знаеме какви коментари и групи на Фб произлегоа по интервјуто... Меѓутоа тоа е,знаеме како оди ние балканците сме секогаш НАЈПАМЕТНИ. По настапов ќе кажам едно ГОЛЕМО браво за Дамјан. Беше одличен,мислам дека е доста квалитетен музичар и дека Македонија треба да се гордее што го има. Само штета што одеше на плејбек (немаше кабел),но сепак е веќе докажан и врвен гитарист,како во МК така и пошироко. Ми се допадна и песните на БиХ и Белгија.Така да тие се мои фаворити.
mislev deka ke bideme megu najlosite ama definitivno ne samo so bevme megu najdobrite nego i najdobri bevme))
Ако ја преведеа песнава, таа ќе го изгубеше своето вистинско значење. А гледам и повеќе од останатите пееле на свој јазик. ______________________________________________________________________________________________________ А за Ѓоц, добар беше . Мислев дека ќе изведе нешто фишарско ама види го добро се покажа. Флауер Пауер. За финалето..не ми е битно кој ќе влезе ни кој нема да влезе, а најмалку кој ќе победи!
Не влеговме во финале иако мислам дека заслуживме да се најдеме таму но... тоа е, политиката одлучува тука Како и да е, секоја чест за Ѓоко, прекрасно отпеа