Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2010

Дискусија во 'Музика' започната од bilkata, 22 февруари 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа победничката песна. Во полуфинале Ѓоко се пласирал на 15 место со 37 поени.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно песнава. По едно слушање се заборава.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас оваа година немав фаворит, сите песни ми беа тапа. Порано ќе се издвоеа неколку добри песни ама сега ептен слабо. Германската ми е онака, добра, не е којзнае што ама па не е ни најлоша, симпатично звучи.
     
  4. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Уф, оваа година беше нешто подобра за разлика од ланската Евровизија, ама сепак и оваа година некако песниве не беа нешто нај нај. Ај да кажеме дека Азербејџан ми беше фаворит од тие што влегоа во финале. Нашава песна не сакам да ја коментирам, пошто немам баш пофални зборови, не само за песната, воопшто за целата изведба. Инаку од втората полуфинална вечер многу ми се допадна песната на Хрватска, само штета што не влезе во финале.
     
  5. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Мислам дека оваа година конечно на Евровизија имаше неколку нормални песни. Под нормални мислам неевровизиски:), затоа што ретко која евровизиска песна во послевниве 10, 15 год би се слушала и после Евровизија. Токму и затоа навивав за Германија. Песната е нетипична за Евровизија и мислам дека ќе стане хит.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Зарем Германците победија? Да не ти се верува. А се случуваше да бидат последни на табелата. Одма одам на јутјуб да видам што песна ќе беше тоа.
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    И јас се чудев. :lol: Песничка. Обична поп песничка без никакви сценски додатоци.
    Јас сеуште се чудам со кој ум на евровизијава праќаат балади.... банални балади. блаблабла
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Беа последни на табелата затоа што откако го направија новиот систем на гласање со кој големата четворка Германија,Шпанија,Велика Британија и Франција имаат сигурен пласман во финале, затоа никој не гласаше за нив. И со освоени нула поени тие земји имаат гарантирано место во финале. И затоа во последните години секогаш беа меѓу последните.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Наместено беше да победи Германија, затоа што и помогна на Европа да излезе од економската криза. Ова е уште еден доказ дека Евровизијата е политички настан. Убава е песната, меѓутоа повеќе е за на детска Евровизија.
     
  10. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Немав фаворит, а и навистина ми беше криво што не успеавме да влеземе во финалето. А германската песна воопшто не ми се допадна, се зачудив кога видов дека победиле.:o
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Еве ја слушнав пред малце.... и не е лоша. Поарно некоја ваква отколку некои глупости да изведуваат. Бесни глисти.
     
  12. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    И јас мислам дека е наместено и дека има политичка позадина.Песната не е лоша ама имаше многу поубави песни.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Имаше поубави песни од победничката песна. Многу ми се допаѓаа песните на Турција и на Данска. Баш ме интересира која држава ќе ја наместат да победи следната година.
     
  14. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Имав повеќе фаворити :)
    на прво место ми беше Франција
    на второ место Молдавија
    и таа што победи ми се свиѓаше Германија :)
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа и песната на Франција. Добра атмосфера направи претставникот на Франција кога настапуваше.
     
  16. GaGa-GirL

    GaGa-GirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    4
    Мои фаворити беа Шпанија, Турција и Босна ама ни на Германија песната не беше лоша. За разлика од претходните години мислам дека на овогодинешната Евровизија имаше доста добри песни и фер избор.
     
  17. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Дали го гледавте настапот на шпанците и упадот на типчево на среде песна :rofl: :rofl: :rofl: Колку е смешно како никој од луѓево на сцена не реагира, си продолжуваат најормално со настапот, а дечково го брка обезбедување по сцена додека тој со стил бега :D Типов влегува на 1:12... Обрнете вниманиеe :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=7uWCTeIv-Tc
     
  18. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    хахахах леле тогаш не го забележав ама сега си се изнасмеав ххахахахахаахах ццц :D :rofl: :D :D
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^Типот е познат по такви упади на јавни манифестации, ама лошо не мисли ништо, ептен е фан :D
    Инаку, евровизијата синоќа не ја гледав, ама денес ги слушнав поголемиот дел од песните, и добро, не е лоша победничката, ама е детска некако. А многу ми се допадна Романија, Данска и Шпанија, интересно ми беше тоа песниче. Како и да е, се знае како следува тој натпревар. Битно е што сеуште се организира, па политика или не, нека му ја мислат други, јас не се замарам со тоа повеќе. Па и добро е да има нешто вакво, сепак нови песни се. Квалитетот плус-минус :)
     
  20. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Кој ви беше фаворит, и мислете ли дека на Германија и беше заслужена победата?