Абе Германија пред да излезе на евровизија си имаше добра реклама напраено некако ми изгледаше како да беа решени да победат Иначе песничката си имаше добар ритам ама некако текстот цело време едното исто на крај у глава да ти мавне Според мене турците требаше да победат имаа супер песна
На мене фаворит ми беше Турција. Победата на германија не беше заслужена. Се знае дека е наместено. Германија ја спаси Европа од економската криза и нормлано дека ќе наместат да победи Германија. Евровизијава е политички настан.
Мене најмногу ми се допадна Шпанија само греота што им упаднаа така на сцена инаку песната уште ја слушам и супер ми е
Ајде нека ни е честито и оваа година на изборот! Па ние стварно не сме нормални! Секоја година на Евровизија се отплаќаат долгови, се избираат пејачи.. Кога ќе избереме ПЕСНА? Влатче коа имаше просечни песни кои се издвојуваа од другугите, беше меѓу последните, или блиску до победа, но никогаш не победи, но еве сега, му дојде на него редот, се знаеше дека тој ќе победи, посебно после неправдата од минатата година, па веќе кога и тој го знаеше тоа, толку ли не можеше некоја подобра песна да си одбере ? Мене искрено ИЧ ама ИЧ не ми се допаѓа песната. Абе ајде нека му помине и нему меракот... ( иначе се извинува на офф топик, но мој предлог е оваа тема да се вика само Евровизија, јас се мислев дали да отворам нова Евровизија 2011, но мислам дека само една е доволна, а и Евровизија е актуелно само еднаш во годината, па може овде да коментираме. )