Евровизија 2011

Дискусија во 'Музика' започната од Gkatzopulu, 27 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Евровизија е манифестација која се оддржува еднаш годишно. Годинава, земја домаќин е Германија. Кое е вашето мислење за овогодинешните избрани композиции?
    Што мислите за изборот на македонски претставник ?
    Еве ја листата на сите учесници на домашниот избор за Евросонг 2011:


    Музика/ Аранжман/ Текст

    1. Не се менува љубовта - Ристе Тевдовски
    *Милан Миланов/ Лазар Цветковски/ Милан Миланов

    2. Лудост - Здравка Мирчевскa
    *Здравка Мирчевскa/ Кирил Бабамов/ Здравка Мирчевскa

    3. Туѓа си - Иле Спасов
    *Иле Спасов/ Иле Спасов/ Огнен Неделковски

    4. На крај - Оливера Горговска
    *Гоце Симоновски/ Гоце Симоновски/ Раде Врчаковски - Врчак

    5. Грешка - Наташа Малинкова
    *Столе Аврамов/ Зоран Алексиќ/ Менче Аврамова

    6. Не ми требаш - Наталија Славева
    *Зоран Алексиќ/ Столе Аврамов/ Зоран Алексиќ/ Даниел Ванков

    7. Те краде тој - Бобан Мојсовски
    *Лазар Цветковски/ Лазар Цветковски/ Огнен Неделковски

    8. Лажеш дека не не боли - Горан Каргов
    *Хрис Марин/ Владимир Дојчиновски/ Петар Ацев

    9. Параноја - Емилија Гиевска
    *Бобан Апостолов - Џани/ Бобан Апостолов - Џани/ Зоран Рудан - Цеки

    10. Секој ден - Offside
    *Милан Миланов/ Гоце Симоновски/ Милан Миланов

    11. Русинка - Влатко Илиевски
    *Гилгор Копров/ Владимир Дојчиновски/ Владимир Дојчиновски/ Јован Јованов/ Марко Маринковиќ - Слаткар

    12. Знаеш ли - Ангелина Стојаноска
    *Даниел Митревски/ Даниел Митревски/ Петар Димитровски/ Ирена Димовска

    13. Остави политика и појачај тон - Скипи и Тајзи
    *Горјан Јовановски - Скипи/ Горјан Јовановски - Скипи/ Драган Величковски – Тајзи

    14. Рам там там - Мартин Србиновски
    *Мартин Србиновски/ Мартин Србиновски/ Гоце Симоновски/ Мартин Србиновски

    15. Секогаш некој повеќе вреди - Филип Јордановски
    *Блаже Темелков/ Дарко Тасев/ Блаже Темелков

    16. Коцкар - Иван Јованов
    *Денси Екс/ Иван Јованов/ Јован Јованов/ Иван Јованов/ Денис Хајдаревиќ

    17. Божји патеки - Лидија Кочовска
    *Александар Чекреџи/ Александар Чекреџи/ Маја Павловска - Сотироски

    18. Нека е со помин - Дуле и Коки
    *Љупчо Мирковски/ Љупчо Мирковски/ Огнен Неделковски

    19. Во мојот свет имаш дом - Наде Талевска
    *Глигор Копров/ Владимир Дојчиновски/ Борче Димитров

    20. Не враќај се - Водолија
    *Ристо Апостолов/ Ристо Апостолов/ Ристо Апостолов



    Kade i da sme znaeme deka sekoja godina vo razìlicni zemji se oddrzuva evrovizijata.Ovaa godina ke bide vo Germania,moeto mislenje za pesnata nemi bas dopaga.Neznam dali Makedonia ke ucestvuva pak vo ovaa godina oti tuka vo Grcia ne davat mnogu informaci.Samo gledav na televizija davaa ako razbrav ubavo oti od pocetok nego gledav.Za evroviziata za nas kene prestavuva grcka grupa koj tuka e dosta poznata grupa,se vika KOKINA HALIA prevod CRVNENI TEPESI.Kazete mi dali e vistina toa,dali se slusa toa vo Makedonia.Pisete mi pozdrav
    [mod-kirilica:11l3muxx][/mod-kirilica:11l3muxx]
    [mod-tekst:11l3muxx][/mod-tekst:11l3muxx]
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Pesnite od evrovizija

    Ќе има сигурно претставници,кај сме утнинале ние циркусвизија.
    За некоја недела ќе се знаат :)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.400
    Пол:
    Женски
    Pesnite od evrovizija

    Последната недела од фебруар ќе има избор за песна, не дека едвај чекам туку баш пред некој ден слушнав на радио.
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.143
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Сега ги кажаа изведувачите на ексклузив. Who the hell are they? :^) Повеќе од пола беа дебитанти, немаа ниту слика од нив :lol: Па ајде друштво, до година да се собериме и ние да отидеме на фестивалот да покажеме нозе, раце, предник, задник, барем ќе се радуваат нашите баби што не имало на тв :D
    Циркуз без пари.
     
    На roberta-rubi, FortuneTeller.xD и beached им се допаѓа ова.
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Најубаво ќе биде Македонија да се откаже од Евровизија :^)
     
    На elka.timova, tralalala и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.298
    Пол:
    Женски
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Бруки сме...голема брука за Македонија....кои се пеачиве? групиве?
    А песниве....цццц не знам што да искомпентирам :^)
     
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    201
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Што е со изведувачиве!? Од кај изникнаа?? :^)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    Избор за песна на Евровизија 2011

    што е иронија????
    Влатко Илиевски да ја претставува МАКЕДОНИЈА со песната РУСИНКА! :lol: :lol:
     
    На Danilela, passion.for.fashion, Winter.Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Oдамна престанав да гледам шитовизија. Всушност ниедна песна од таму не ми оставила силен впечаток до сега, да сакам на рипит да ја ставам повеќе пати.

    Годинава, нема ни да ги преслушам песните. Нека му е со среќа на победникот, само нека не се разочарува кога нема да влеземе финале.
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Дуле и Коки сигурно се фасцинирани од "кога лисјата паѓаат"
     
    На De-lovely, la-chicka и Winter.Girl им се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Најсмешно ми падна за Иван Јованов.
    Типчево памтам дека играше нон стоп покер на ФБ, а сега шифрата за композицијата му е Texas holdem, а насловот Коцкар. :rofl: :rofl: :rofl:

    Не намеравам годинава да гледам Евровизија. :D
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Ayyyyy почнува циркузот, почнуваат муабетите мене гајле ми е за Евросонг АМА... на крај повеќето гледаат евросонг, па после сите ја критикуваат песната, па со нетрпение го чекаме главниот евросонг дома со пуканки пивце пееме на глас, пее нашиот претставник ние сме средно задоволни божем најдобри до сеа али секако намештаљка никој нас не не сака и не гласа за нас, нема финале и си одиме дома разочарани, нигде го нема изведувачот со месеци и после пак отпочеток ајт нова сезона.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.193
    Избор за песна на Евровизија 2011

    Секој ден
    Туѓа си
    Те краде тој
    Коцкар,
    Не ми требаш........
    Лажеш дека не не боли
    Не враќај се
    Знаеш ли
    Во мојот свет имаш дом
    лудост
    Параноја
    Грешка ....
    Не се менува љубовта
    Секогаш некој повеќе вреди
    Рам там там
    На крај
    Нека е со помин

    дури и песница си направив од насловиве :lol: да ја пратиме на евровизија шо викате мор цури? :lol:
     
    На BeYourself, Name, karak и 5 други им се допаѓа ова.
  14. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    830
    Се гледа дека пеачиве и пеачките од македонската естрада се многу заинтересирани за Евросонгот :o
    Од 20 јас само Влатко Илиевски и Дуле и Коки ги знам :tmi:
    Како и да е ништо ново, како и секој година сигурно ќе име по некој скандал, многу кич и тн.

    И да се надополнам, зошто воопшто се мачат кандидативе?
    Зошто веќе еднаш не се откажеме од Евровизија ем сега од кога е воведено тоа правилото со жирито никогаш не одиме во финела и што ако победи Македонија+ трошок сала ќе треба да се гради и уште триста чуда...
    Треба да се прекине со ова!
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Песнава е врв,треба да ја пратиме дефинитивно :lol:
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Евровизија никој во нашава државичка не ја сфаќа сериозно, но и да ја земе некој при срце, Македонија никогаш нема да победи на ваква манифестација! Тоа е јасно како ден!
    99% од песниве се пратени чисто за реклама, промоција на песната. А и плус, им се пружа шанса да си се прошеткаат до Германија. ;)
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.825
    Пол:
    Женски
    Многу поразвиени земји се откажаа од евровизија, видоа дека нема цел ниту лезет, така да мислам дека крајно време е да се откажеме и ние :)
    Кога не не' бива, не не' бива. Тоа го знаеме сите. А и политички не стоиме баш најстабилно, не сме многу пожелни каде и да стапнеме, а знаеме дека се е околку политиката и развиеноста.... А ние не спаѓаме во таа група. Македонче, никаде не е пожелно, а тоа трча секаде. :D :D
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Последен пат на Евровизија имаше убави песни кога не претставуваше Елена Ристевска. Сите песни беа хит и се слушаа. Не зборувам за македонскиот избор, туку за целокупниот и за другите држави. Едино не ми се допадна песната што победи таа година Hard Rock од тиа Финците. Но во глобала сите беа добри, одлични песни. После таа евровизија не се ни трудам да погледнам, а и слабо се вратат песните ниту по радијата ги нема. Исто добро беше и годината кога победи украинката Руслана... Според мене најубава песна досега на Евровизија беше оваа...
    http://www.youtube.com/watch?v=P8lF9qf41i4

    :rock: :rock:

    Едит, пејачов иако е морков, го сакам за маж! :rock:
     
    На feminna09, Strumfeta93, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.143
    Мене ме чуди што и текнало на Италија да се врати на ова... не знам како да го наречам :^)
     
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    До сега смисливме нешто,па тек сеа да почнеме да ја управуваме.

    Од понудениов асортиман очекувам нешто добро од Водолија.
    Здравка Мирчевска (Патници) растура со гласот,пее феноменално,се надевам и на неа такоџе.

    Другиве ми се...паааа....живи били,па видели.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.