Евровизија 2011

Дискусија во 'Музика' започната од Gkatzopulu, 27 јануари 2011.

  1. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Абе кој и да пуштиме на Евровизија,никогаш пласман добар нема да имаме..Се е политика..Се е пари...Ако сакаме нешто повеќе ќе треба и да си платиме.Јас и не се замарам за Евровизија...но барем Влатче е типче и убав и млад. ;) за разлика од ланскиот претставник ..Па имал глас па што дека имаше ако е за така Тоше имаше најубав ама ете .. :D ;)
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Не ми се верува што им дозволив на моите кутри очи да гледаат :x
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.764
    Допаѓања:
    122.477
    Пол:
    Женски
  4. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    6.772
    за линкот погоре- во право си се луѓето се сложувам со секој коментар ..толку многу време од 8 и 30 до полноќ за на крајот комарецов да го одберат -.-
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    Леле ама не изругаа а може би и заслужуваме. Може би ова е реалноста која сакале или не мораме да ја прифатиме. Кич, бламажа правење дека се е розево и дека сме модерни и во чекор со времето а всушност сме останале негде во 90 тите а може би и 90 тите биле подобри и поквалитетни. Тука ќе го поставам прашањето каде сме застанале ???
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    6.772
    Ако мислите дека звук кој најмногу ве нервира е гребење со нокти по табла,тогаш гледајте го Изборот за Евровизија .
     
    На Monna.Monna и Mygirl им се допаѓа ова.
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Леле песната е многу глупа! И што стана со рокот? Нели Влатче рокер беше? :?:
    И да прокоментирам нешто за ланската евровизија. Песната на Next Time мене ми беше предобра, и текстот и музиката...Очекував подобро да се пласираат.
    А песната на Влатче од оваа година ако ја преведат на Англиски ќе има смешки :lol:
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас само си се чудам самата на себеси, во кои ѓаволски искушенија паѓам за воопшто да го следам ова чудо.
    А демек Евровизија е марка за музички квалитет, па очекуваме саде само квалитетни песни да се испраќаат. Знаеме сите што се случува за време на изборот, и тука песните нема врска дали се добри или не. Квалитетот оди на страна.
    Така да од една страна, можеби е добро што праќаме вакви тутурутки од година во година. Минатата година имавме рипче и гинеколошки преглед на сцена, оваа ќе имаме презентација на проблемите со гласот кои настануваат после запек - како што рече Оффи.

    Знам дека ни е во крв само нешто да критикуваме, но искрено ова веќе на ништо не личи, колку и да сакам да замижам со едното или со другото око, па и да прикријам едно уво. Боли бре песнава, реже.
    Што да правам.
    А за другиве песни да не коментирам. Нешто зачув батали политика, и појачај тон, не ти треба фејсбук ни телефон. Абе во Дајте музика, Златно славејче и во Супер ѕвезда имаше поинтелигентни текстови |(
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Like за последново. Само дечињава може да ни обелат образ. |(
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Кот - кот - кот - кот - кот - кода - а - а - а .. :D

    Следната година очекувајте ме и мене на Евросонг со овој рефрен :D

    Инаку, за Влатко - се знаеше дека ќе победи.
    Сепак, најискрено, не се разочарав. Ако. Нека оди. Зошто да не ?
    Лани, Фиш - от да не беше подобар со оние разголени пиленца околу него ? |(

    Ако не текстот, барем музиката и ритамот беа добри :)
    И сценскиот настап не беше лош. Секако, поголема катастрофа ќе биде ако се одлучи да ја испее на Англиски .. Боже сачувај!

    Инаку, како и секогаш - народот не е задоволен :D
    Ај, секое чудо за три дена, па и ова :)

    Со среќа Влатко ;)
     
    На Krisi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Како и да е, јас да сум на местото на Илиевски ќе се срамам со ваква победа. Може да го поддржуваат само напалени тинејџерки и некои со мајка тереза синдром кои поддржуваат се што е наше. Нема да ме зачуди, доволно беше и на јутуб кога читав коментари за миссот Стефани Борсова, некои ја поддржуваа дека наша била. Истата песна беше и со Вики и Кики ралеви во ВБ некои ги поддржуваа единствено затоа што биле македонки. Па дај ако не, ќе пратиме магаре да рика и ќе го поддржуваме, затоа што од Македонија е. Уствари кога подобро ќе размислам Илиевски е бетер од магаре, умешно рика и тој, грчи.. Кога некогаш би го видела во живо само ќе му речам, `друже, не знаеш да пееш, седи си мирен`. Да знам дека сега целиот нормален интелигентен македонски народ во моментов ме плука и се срами од мене, ќе го откажам настапот на Евровизија, дефинитивно овој нема ни срам ни перде. Ај барем другата година (се надевам) нема пак да се пријави, иако нема да ме зачуди пак да го видиме, овој е бессрамно суштество.
     
    На HeidiDiWalt, karak, sweetgirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ми беше срам што сум жива, што воопшто можам да го чујам она што Влатко имаше да го ,,испее,, синоќа :x .....Божеееее упорен човеееек....да оди на евровизија или чаре....
    јас Македонец таа Русинка, за неа водка за мене ракија....ццццц....каква конекција на народите...држ ме мајко.....
    РЕЗИЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Боже драги, на хрватскиов портал коментарите ги читавте? Не направија идиоти, мајмуни... А и така ни треба со овие мизерни избори и уште помизерни песни и изведувачи. Колку само ми е одвратна оваа МТВ значи не можам веќе да ја смислам. И сме сакале ние напред да гураме? Како побогу?! А овој Влатко веќе се изнацмиздри за да оди на Евровизија, аман, мислиш ќе оди кузнае каде. Сега само се избламира и еве што мислат другите за него! И гарантирам дека ќе биде и како другите години, пред изборот ќе се шират гласини како се прогнозира да котираме високо, абе ај! Виско можда, ама од позади! А овој водителов од Мирчески брадрс, катастрофа! Водителката такоѓе, а на што па побогу и личеа креациите? Шо дека од Лука, катастрофа! (Сугерирам Лука, да гледа реприза од креациите од Оскари 2011, или да ги погледне на нет, да види што е тоа уникатни убави тоалети, а не овие, од толку што сака да постигне нешто уникатно, изгледаа смешно уникатно!),уште малце чварката ќе и се видеше од напред, башка што беше невозможно да се движи во тие зданија! А не знам дали ја приметивте професионалноста на тонот? Ха! Дури и додека се изведуваа песни во "шоутo" додека се броеја гласовите, се слушаше меѓусебниот разговор на водителите. Брука! :смајли што се крсти: :fubar:
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.393
    Пол:
    Женски
    Mygirl лани не беа Next time (таа песна и мене ми беше убава), ама лани беше Ѓоко Танески :puke:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.161
    Допаѓања:
    124.551
    па затоа таа емилија имаше солзи во очите ;( да испее по втор пат,нели на крај уште еднаш пееше :rofl:
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    Леле Господе боже...
    Нека си ги земе парите од министерство што му следуваат како победник на изборот за песна за Евровизија, и нека не оди подобро да не се срамиме. Да не знаеш дали да се смееш или да плачеш на песнана :rofl: жива брука сме. Следниот пат јас одам на евровизија, и азбуката ке ја кажувам!
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ќе гласам за тебе. :rofl:
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ни една песна не ми се зауши од прв пат. Ништо иновативно, радио песни, ништо посебно. Оти го трошиме буџетов на државава кога сите веќе однапред знаеме дека финалето не е планирано за Македонија.

    Влатко Илиевски, честито нека му е нека си пограчи во Германија, битно е учеството нели. Мислам дека најдобра комбинација ќе беа со кокошката, и така тој како петел си кукурика баш онака евровозиски бум ќе направеа :tmi: Ај барем добар дел од светската геј популација ќе се попалат на него, па може и ќе добиеме и некој беден глас :wasntme:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Поздрав до Феминките од Рок Агресори :D

    [​IMG]