Сум рекла и си стојам на тоа дека штом со Владо Јаневски и Тоше Проески не зедовме добро место, нема никогаш ни да земеме! Поготово не со овие нашиве нови таленти. Иначе Влатко го сакав и поштував на времето кога пееше во Морал (додуша и сега знае да направи добра журка) али дефинитивно неговиот глас не е за оној стил на музика што моментално го пее. А песната..... ноу комент!!!!!!!!!!!! Барем се надевам дека знае добро да збори англиски... после Ѓоко, Стефани и тој мистерот, редно е овој да прозбори два лафа на Енглески нели?
Незнам зошто воопшто Македонија троши пари за овој фестивал???? Кога Тоше не успеа неможеме да се надеваме дека и Владче ќе постигне некој успех
Абе песната многу комплициран текст има па се собрале 3-4 автори да ја пишуваат Изглеа ние не ја разбираме, треба да се собереме на куп и да мозгаме шо уствари сака да каже, оти јас вака сама никако да сфатам шо е со песнава
Незнам уствари ние зашто се замараме со Евровизија , Влатко ке се просета ,ке си се изнаужива ,ке се претстави самиот себе си ,што за него е голем успех и ке си се врати задоволен . А на нас исто ни е кој ке иде и кој ке се шета и ке се дружи ,така да нема место за дискусија . А што се однесува до гласањето , битно од Русија ке имаме 12 поени хахаха
Ова исто како јас да сум го рекла. Си стојам на тоа дека Тоше и Владо најдостоинствено не претставија (и покрај фактот шо го угушија Тоше во костумон тогаш, кутро дете и пак гласот не го издаде...колку само недостига )
Немало да може Русите да гласаат за нас (нема да бидеме со нив во полуфинале или така нешто)...како се зезнавме
Јас бев за Мартин Србиновски, не дека имаше многу голем ИЗБОР ама ете, фаворит од тие, тој ми беше, а и текстот и музиката сам си ги напишал, и супер настап, се знаеше дека Влатко ќе победи, незнам зошто уште се глупираме со избориве за евровизија.
Задоволна сум што победи Влатче.За разлика од другите најдобар беше Само името на песната ми е некако крш А како се вика девојката облечена во сивото светкаво фустанче на која гласот не и се слушаше ама битно се пријавила за Евровизија?
Аман со оваа евровизија. Не знам што бараме сеуште таму? Да се брукаме, најверојатно! Прво, 10/20 учесници беа непознати, никој нит ги видел, нит ги чул, ама важно они се пријавиле на евровизија. Друго, песните се една голема 0! Значи, аман, нека е со помин, јас македонец таа русинка итн. Трето, Влатко лани имаше супер песна (за разлика од другите), ама годинава...угх, ужас му е. Ја претставува Македонија со песна со наслов Русинка. Која иронија. хаххахха Ѓоко Танески лани беше премија наспроти Влатко годинава. Се на се, уште едно брукање пред Европа и светот за Македонија. Стварно не знам зошто учествуваме кога немаме реални шански да победиме?! Не победивме со Тоше, со Владо, па и со Каролина, со Влатко или со некој дебитант немаме шанси да победиме. Се вели: важно е да учестуваш. Ама ние барем да имаме некој квалитет па ај и да учествуваме, ама ние немаме...немаме една саглам песна....цццццц Евровизија т.е. Скопје фест е еден голем ужас и блам!
Значи страшно е колку на ниско ниво сме спуштени и колку ниски критериуми имаме. Колку малку фестивали имаме, и тие што ги имаме се со песни кои што предизвикуваат само ремет кај народот. Не ни ги знам песните, не ни ја слушнав од Влатко песната и искрена да сум, ама воопшто не планирам да си го губам времето во нешто што е цел на ремет. Многу, значи многу ми е криво што денеска секоја песна се пишува во категоријата музика. Се што излегува спаѓа во таа категорија. Но има разлика од музика до музика. Затоа им ја оставам евровизија на малолетничките кои се изгорени по убаво лице како Влатко, кои припаѓаат на текстови кои се смешни и на сеирџиите. Се надевам некогаш и ние ќе имаме некое шоу кое малку, ама барем малку ќе ги задоволува критериумите за добро шоу и ќе има песни кои навистина вреди да се слушнат и да се осетат.
Пеачиве наши во текот на годината знаат да направат некоја добра песна со добро спотче а за евровизијата најглупавите ги избираат,по која логика незнам После изборот на песна за Евровизија следува промена на текстот на англиски јазик и уште побезвезни ги прават текстовите ,подобро од другите држави нека не не разбираат што пееме отколку да слушаат глупости.
Еве некои од моите омилени http://www.youtube.com/watch?v=hWLiXb5c-Fg http://www.youtube.com/watch?v=HMyK0018EC0 http://www.youtube.com/watch?v=bawnwSYOCFU http://www.youtube.com/watch?v=9XwlTisbPdw
значи мизерија беа сите...среќна сум шо некој посалам кје не претставува... олвера ѓорѓоска ме бендиса..има став чупчето слатка е..супер е како и да е кој и да оди..нема да има успехх..то докажано е
http://www.youtube.com/watch?v=m3i4S4E7h3I не знам зошто оваа мн ми се допаѓаше http://www.youtube.com/watch?v=Fv83u7-mNWQ http://www.youtube.com/watch?v=IyBXUwIPL4U http://www.youtube.com/watch?v=jkSIKuoGgnE Македонија НЕ е за на Евровизија !! Претходната година песната на Влатко ми беше сто пати поубава од ова сега Ајде да не пишувам повеќе оти се нервирам искрено...Ништо не е како што треба веќе во државава
Meне и минатата година ми беше грда песната од Влатко, неможам да одберам дали оваа е погрда или таа, подеднакво грди ми се. Само грчи со тоа гласот одвратен. Добро бе, им кажува ли некој дека не знаат да пеат? Им кажува ли?! ПУ!