Босанската http://www.youtube.com/watch?v=sPyVQCmG ... rn-2r-6-HM А Хрватите уште ли немаат избрано песна?
Мене босанската ми се свиѓа, само одвај му се разбира англискиот. Тешко на стари години да го совлада изговорот Да, и мене ме интересира за хрватите.
И мене ми се свиѓа босанскава.Баш ми е интересна А Англискава,јес да ги поштувам Блу како група,ама песнава им е безвезе некако..веч виџено
Само Швеѓаните останаа без избрана песна за Евровизија... Ме зеза нетот, некој ме претракал со коментарот... Инаку денес имаше интервју со Влатче на МТВ, и тој изјави дека не го засегаат многу негативните коментари. Важно е што се занимаваат со него, штом коментираат ја слушале и песната. Па и тоа е нешто!
Леле и хрватскава ја знам, баш си мислев уф ама грда песна. Кај ги најдоа песниве, по ист евровизиски терк ги правеле и Хрватска и Србија.
Ќе кажам само еден збор.. КАТАСТРОФА. (за нашата песна зборам) А незнам дали ја знаете англиската верзија, веројатно гугл транслејт користеле... Бруки,бруки... Што рече Тони, подобро некои од Идол да идеа подобро ќе не преставеа...
Еве ја германската од Лена за оваа година Мене лично ми е интересна и поинаква од се' што слушнав досега од песните за оваа Евровизија http://www.youtube.com/watch?v=kFciOb0diQE
Ете го и спотот http://www.youtube.com/watch?v=NRG2lY9CuL8 Иначе мои фаворити се BLUE http://www.youtube.com/watch?v=mRU31ieUhJM
Вака пак кога се курчат со негативните коментари. Глуп! Не е најбтно дека ја слушнале песната, туку дека ја слушнале и не им се свиѓа. Тоа не е нешто, туку ништо. И не е еден или двајца и да е смешно, 90% од нацијата што треба да ја претставува мисли така. А останатие 10% му се роднини и другарчиња И не оти ние се занимаваме за него. Не го ни спомнувавме предходно. Сега се занимаваме зашто треба нацијава да ни ја претстави, а не дека ни гајле за него. Од кај не го бива, па и се кучри. Леле Само оние што не ги бива се тешат со она "зад добриот коњ прашина се крева". Луѓето што стварно направиле нешто и имаат талент го прават тоа смирено и на страна и не се курчат со негативните коментари, далеку од нашиов "џет-сет"
Незнам зошо се чудите шти изјавил така, па очекувано е. Сите такви изјави даваат. и Ѓоко така изјавуваше и Мартин и Некст Тајм, да не ги набројувам сега. А тоа дека не го засегаат негативните коментари е само маска, го засегаат, ама што да прави пустиот. Па неможе да излезе и да изјави дека поради негативните коментари ќе се откаже и нема да оди на Евровизија. Секое чудо за три дена. Ќе се збрува и за Влатко дур да пројде Еврзвизија и догодина кога ќе бираме пак претставник, пак јово на ново. Пак нема да ни биде погодено, пак за тоа ќе се пишува. така одат работите кај нас.
На спотов незнам дали да се смеам или да плачам. Влатче море Влатче не си на Златно Славејче па да покажуваж очи сини и да шириш раце на небо (незнам што кажа тука ) Па и адреса пишале Јорданчо Талев бр. 24 А и Слаткар го имитира кога игра оро, на ФМ и Слаткар играше така. Па и таблине од јајца. Море ај остај ние ќе си пукаме сеир, ама Русине што ќе кажат? Ааабре, што ми е криво што ќе неможам да ја гледам Евровизија, на свадба сум тогаш, брееј што сеир ќе пукав.Ај ќе се задоволам во полуфинале да го видам. И таака фино лепо.
Дефинитивно оваа година ќе го допреме дното... Ај некој нека ме просветли, гитарана за што му е? Незнам за вас, ама јас се срамам кога го слушам, најсерозно. Ете сега ја пуштив спотот да го видам, предходно најлошо потрошените мегабајти за да ја слушнам англиската верзија... И неможам навистина се срамам додека го слушам. Дајте некако да апелираме до него, нека не се срамоти сиротиот, ни па нас да не срамоти... Ова е дното, од сите песни досега, дури мислам и од онаа на XXL е полоша. Таа барем некој ритам имаше, на оваа само џева и врева...
Точно. Незнам ни јас пак што очекував дека ќе каже Мене од спотов и менувањето соби ми се врти во глава. Буквало