Тоа со балканац во српската верзија го сфатив дека е поради бројот на слогови, па македонац не може да се испее
Каде бе со гитарчево, КАДЕ? Леле полош спот одамнаа немам гледано. Ми се сврте во глава. Влези - излези, помини - замини... За на крај да си легне во ОДЕЛО исто како што и стана. Како прво спотов едноставно нема смисла! И погледнете ги коментарите, ни до финале не тераме. Како се заоштри на почетокот скокај, рипај. А за типчињата што играат, ќе се воздржам од секаков коментар. Патем, стиснато македонче, двајца на едно креветче, на крај и нозете му висеа. Подобро доле да легнеа. По циркузов на Влатко многу му падна рејтинг, барем за мене.
Леле Влатче спие со костум? -како богаташките од шпанските серии што спијат нашминкани Брука бе, се згазив од еден коментар Инаку интересна ми е Босанската песна, малце ми е чуден Дино да пее на англиски
Сакале да направат да е интересно со тие просториите, ама човече стварно ми се сврти во главата дури гледав
^ Тоа е така бидејќи просториите се од еден метар квадратен. Гз место. Фактички не се ни простории, студио.
леле овој што победи.....катастрофа жива, значи поглупа песна неможеа да пратат. Русинка бе....а Македонија ке пее ццц..........
Секое чудо за 3 дена. Ние ги пративме Тоше, Владо Јаневски, Калиопи, Каролина и Елена и имавме потпросечни настапи. Нека се прошетаат и забавуваат сите пејачи по ред, догодина претпоставувам Ламбе ќе оди. Имам такво претчуство. Лани знаев дека Влатче годинава ќе е. Догодина значи Ламбе да ве известам Ако нека одат во европскиот циркуз и маседонишки нека се претстават нека им помине меракот на пејачиве божем како што викаат "врвот" е Евросонг. Уф јак врв имаат само секогаш и големи падови следат потоа
да очигледно многу им е важно во св-то да им стој покрај Охрид фест, Мак фест и дрн дрн... ЕВРОВИЗИЈА.
Абе што се напињате толку,па навикнати сме си ние на резил.А и не ми текнува кога последен пат сме имале добра песна и настап на Евровизија. Македонија одсекогаш била назад со времето така да тоа е. Иначе еве ја руската верзија од песнава на Влатко и мене поубаво ми делува на руски препеана http://www.youtube.com/watch?v=q6kTYokhG88
Евровизискава песна ме потсеќаше на една песна и еве ја пронајдов, слушајте од 00:18 до 0:30 почетокот на песнава се совпаѓа со овој дел на песнава ама без тапаните приметувате?. http://www.youtube.com/watch?v=DzoFSNQ2 ... re=related видете колку сме бре оргинални и со вакви циркузи.
Значи на песната од Влатко од 00:08 до 0:20 со песната од Мањифико од 0:18 до 0:30 без тапаните какви ли инструменти се тие кај мањифико, што знам, мене многу ми личат .
Турците се мои фаворити годинава (и лани исто навивав за Турците). Спотчето им е одлично http://www.youtube.com/watch?v=beVb1UCLUHA
ПЕСНАТА НА ВЛАТКО Е СРА*Е , МЕНЕ ЛИЧНО ВООПШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА , ОД ЛИСТАВА НА ПЕЈАЧИ ШО СЕ НАТПРЕВУРАЛЕ ОД КАДЕ ИЗНИКАА ЈАС НЕ ЗНАМ ?? ЈАС САМО ТРИЈЦА ЗНАЕВ, МА ДА ШО И ЦЕЛ ЕВРОСОНГ Е ЧИСТА ПОЛИТИКА , И ПСНИТЕ НИ СЕ ДЕФИНИТИВНО КАТАСТРОФА , ПОГОТОВО ВЛАТКО ИМА ГЛАС КО НА ШОЉА ДА СЕ СЕДИ И НИКОЈ НЕ ГО САКА ЕВЕ ЕДЕН ПРИМЕР ЛЕТОСКА У ХАВАНА ПРАШУВААТ "САКАТЕ ВЛАТЧЕ ДА ЈА ИСПЕЕ ЈЕСЕН У МЕНИ " И СИТЕ У ЕДЕН ГЛАС "НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ"
Јас тек сега од темава дознав дека имало спот. Сосем заборавив дека постои песнава. Мене не ми е од голема грижа што е спотот лош, мада можеле собите троа поголеми да ги направат и гримасите на Влатко да ги отстранат... Брука сме секоја година, оваа со тапија, освен ако не профрчат евренца па место последни да сме претпоследни. Наредна година праќаме дебитант, ако ништо друго нека си започнат кариера, и онака на гала вечерите има повеќе дебитанти отколку на Мак фест.
Во врска со нашиот евровизиски ,,хит,, на Влатче би му простила се’, и лошиот спот, и музиката, и аражманот...ама текстот на песната , текстот на нашата евровизиска песна е без конкуренција катастрофално лош! Русинка...Русинка бееее... не ми се верува дека победи таков текст, не ми се верува дека авторот на песнава мислел дека направил добра работа откако го напишал текстот а уште помалку ми се верува дека нема да се обрукаме оваа година! Лошо,многу лошо
а тек да ја слушнеш преведена на српскохрватски, наместо македонец балканец . инаку што се однесува до песната мене ми се свиѓа, но не ми е за Евросонг, бидејќи имам чувство како Русија да ја преставува, а не Македонија, дури и руски ноти има, јас не приметив македонски етнос тука или јас нешто не сум запазила.