Леле нашиов Влатче кој ќе го гласа, руси срби хрвати па и албанци, турци све денес пројдоа.. Ај фил сори фор хим
Се чудам да ти кажам кого да одберам помеѓу Португалија и Норвешка!! Кој од кој боље...или онаа мраморон од Литванија! едит: 10-тата земја ќе е Русија како ги забораив
Само од Босна ако добиеме нешто и Словенија или Бугарија, пријателиве да речам све денес настапуваат:/ Леле Влатче шансите како и секогаш иако овојпат поочигледни се 99.9999999999999% дека не влегуваш во финале. Да видиме што ќе каже останатиот нецел процент.
Очај е евровозија од година на година се поглупо и поглупо станува Знае некој кои земји се влезени директно во финале ???
Стандард ко и секад..Шпанија, Англија, Франција и Германија а од годинава се врати и Италија па и она со нив таму е. Пекмези шо би рекол татко ми
Леле бубњариве .... Се си мислам дека се истите кои настапуваат со Peter Fox. Давам џигер за еден негов концерт, мајке ми. Одлични се. Патем ќе се појави и он со настап? Pretty please Барем нешто квалитетно вечерва.
Евровизија како Евровизија, ништо посебно, како што минуваат годините се помонотоно станува и подосадно и се повеќе политика се меша, а да не спомнувам за тоа дека повеќето од учесниците се трудат што поголем циркус да направат , но што е тука е, ете како мои фаворити од оваа полуфинална вечер ќе ги издвојам Турција и Азербејџан и им посакувам среќа ах и да не заборавам да му посакам среќа и на Влатче во четврток, каков таков наш си е, што да правиме
Сакате да кажете ако беа пр. србите, хрватите у иста вечер со нас ќе не гласаа... хел ноу! лани „имаше“ кој да не гласа па ништо. Јас не очекувам Влатче да влезе, нормално се навикнав, не е до него, за држава се гласа. Денеска не ги заслушав баш песните како што треба, запамтив дека ми се допаѓа од Грузија, Албанија и уште една, две, дали Финска беше или не незнам, не е важно. Годинава некако послаби песни ми изгледаат од тоа што слушав. Незнам кој се фаворити, ни ништо. А втората полуфинална вечер кога е, утре или задутре?
Абе ВлаДО нека биде задоволен ако воопшто го примат на влез таму,а не па да го гласаат. Може ќе дадат 1 поен,да не плачеме само. Ииии,0 поени да имаме,секако,кога ќе се врати малиот ќе вика како тој бил задоволен што воопшто настапувал на Евровизија.
Абе знаеш мотото кај нас: Битно е да се учествува шо ти е Спојлер Србија, како и секогаш влегоа, политиката го надвладеа грозниот настап.
Сеа за сеа само Литванија не ги предвидеФ (уф мори баба Ванѓооо) да видиме кој нема да влезе ради глупата Литванија (за нигде беа бтв)
Ете така успева да биде толку мирен како што е очекувано дека ќе влезе, Финска, Скандинавија хело. Е ај Русија да не влезе мислам