http://www.youtube.com/watch?v=eH-dPiJXM5k не е дека кобам, али стварно нема ништо да направиме, не го бива Влатче за пеење! Дај боже да влеземе у финале, ама тешко!
^ Леле леле ова прв пат го гледам Овие од позади се изнарипаа, овој здрвен , мрдни малку Влатчее 1:19 уште у гради се мава - демек горд Македонец Уште нешто. Лена пак ја претставува Германија , или ми се причини прееска?? Е и ова мора да се погледне, ништо без интервјуто Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=sWD95p-vMPY&feature=related Се прави мангуп
Песната на Влатче можда е крш,ама баш такви најубаво си проаѓаат секоја година, така да не ме чуде и да влезе во финале.
Повеќето песни вчера тапа беа. Швајцарија, Финска, Сан Марино и Исланд беа песни од тип цвеќиња цветаат , сонце грее и птички пеат другиве све некои денс мелодии ама го утнале денсот (Хрватска, Малта, Унгарија).Србија и беше најлошата песна што некогаш ја пратила (се чудам како влезе), Португалија изведуваа кловнови на сцена.Море Влатче наш ѕвер е за повеќево песни. Фаворити ми беа Турција (криво ми е што не влезе ), Азербејџан, Арменија ( и оваа не влезе ) и нашиот јужен сосед. Сега се чека утре да видиме што песни ќе имаат (се надевам поубави од вчера).
Море Влатче,ќе победи ако се сите вакви песниве. Првото полуфинале,лооошо,многу лошо,песните воопшто и не се разликуваа една од друга. Искрено се надевам дека второто ќе биде подобро..
Боже, Боже, нашава песна... Јесте дека Влатче ми е симпатичен, за гледање... Ама сакам малку да продискутирам околу тоа што и прави на секоја песна која зинал да ја пее. Прво, ја цеди, ја врти, ја тупи. Ја МАЧИ бре, ја касапи, затоа песната така цимоли, не може да се искаже од човекот. Потоа, ја џвака, со заби ја кине, ѕврцките и ги вади. Па ја плука, ја распарталува и ја фрла на земја, па и рипа со сета сила. Додека скока на неа, зема ја бомбардира со тупаници и клоци. Ова во првата минута само, до крајот следуваат уште 2 минутна тортура врз било која композиција. На крај, легнува и се тркала врз неа, да ја догмечи. Следува фаќање кое резултира со џиткање - со сета сила - и ја праќа некаде далеку, далеку - фар акрос д диштанс - а потоа оди да ја доуништи. Ама ајде, во споредба со тие вчера арен е. Може на лепота ќе влезе, предлагам да намигнува почесто, чисто колку младите Германки да се запалат на него, оти тие сироти, учени се само на Токио Хотел да се палат. ЕДИТ : Спојлер
Не го гледав вчера првото полуфинале, а не верувам дека ќе го гледам и второто, може само заради Влатко (сепак наш си е и треба да го подржуваме, никој не е идеален, така да доколку не помине добро тоа ќе му биде лекција повеќе во животот. Од друга страна, јас колку што знам од тука го испративме со супер негативни коментари и се гледа дека е тажен заради тоа - се шегувам). Синоќа го гледав само прогласувањето на оние кои влегуваат во финале, и од сите што влегоа ја имав слушано само песната на Турција и баш сакав да ги гледам барем во сабота, ама за жал не поминаа. Не сум доволно компетентна да зборувам за квалитетот на нашата песна, но мене лично не ми е нешто посебно. Изминативе години на Евровизија сме имале многу подобри песни и изведби. Во секој случај, оваа година можеби убавината ќе биде пресудна за нас, Македонциве. Сепак мислам дека со многу подобра песна, Влатко многу подобро и Македонија ќе ја претставеше, а и самиот тој. Но, што е тоа е... Еве неколку од минатогодишните песни за Евровизија, што многу ми се допаѓаат. http://www.youtube.com/watch?v=TtltEqD4pkA http://www.youtube.com/watch?v=zyerS-GVkDo http://www.youtube.com/watch?v=5LWUetn3-Mw Другите исто беа добри, но не ми оставија некој посебен впечаток.
Малку офтопик, оваа танчеркава наша, незнам како се вика, плавата... нели девојка му беше на Џеј Џеј, сеа глеам прстен на рака се земале, или со некој друг се омажила оваа?
Па, искрено, не беше ништо посебно. Ерменците ми беа онака, убави. Ma, најубави. И магионичарот на хрватката, мх, мх... Турците, ми беа така-така. Лани песната им беше 10000 пати поубава! Абе, некако не ми штимат овогодинешните песни. Се надевам утре вечер ќе има поубави! Заборавив да кажам за србинката - не беше ич убава, не се ни разбираше што пее, не беше нешто посебно. Подобро Хрватска да влезеше, наместо Србија.
u cetvrtok ke pee vlatko ? a inaku bruki e pesnava ,na koe nivo se spustivme za rusija da peeme za da daat nekoj glas haaha a vaka bi bila boje pesnava (i kakam ja i kakas ti )haha
Јас вчера гледав ама заспав кога требаше да почне да се кажуваат резултатите од гласањето. Инаку ми се допаднаа Исланд, Турција, Грузија... А Србија и Хрватска навистина ми беа големо разочарување. Ама како и да е нека дојде четврток да го видиме Влатче колку ќе успее да не не посрамоти.
па на пробата добро ја пее песната не ја фалшира, инаку тој си има природно грозен глас, песната пак е певлива и интересна, но неговиот вокал не одговара на оваа музика, него само хард кор да му даде човек да пее.
добро си видела, Лена ја преставува Германија, ја слушнав песната и го видов видеото, не е лоша но е мртва песната, малку е во готика стил и влече накај балада повеќе, не ми се свиѓа.