Одличен беше Дино! Јас навивам од патриотски побуди за две бројчиња денес, едното се ближи па тивко ќе ве следам дали нешто ќе искоментирате Ајде белким денес ќе има подобар избор на песни, кои ќе се трпат барем. Засега Босна пријатно ме изненади.
Дино Мерлин беше одличен, ептен ме бендисува песната. И Белгија беа супер....Па добри се песниве сега засега..
Не ми се допадна песната на Белгија нешто посебно ама за храброста и за пеењето акапела за прв пат воопшто на Евровизија..БРАВО! Огромно Браво! Ќе влезе Белгија сигурно!
Ииииии повторно нешто досадно, јао колку досадно. Демек убави жени пеат, па не е битно каква е песната
А само што зборев пред некое време дека индентичното облекување на близнаците во некој период од живото од слатко станува смешно А и веќе видена милион пати песнава на Словачка А Белгија баш ми беа интересни,посебни,се издвоија од морето исти песни. Браво
Искрено Рејнбоу мене не ми беа ни убави...а песната...без коментар! И аман со чоколадиве на диета сум! едит: БРАВО за настапов...типката со песоков го дрмаше јутуб!Ќе им донесе некој поен на Украинциве..а и песната не е лоша
Многу досадна песна навистина, типично евровизиска. Косата ми се крева од вакви песни, милион пати видено и слушнато.
Топ. Цело време гледав позади, многу интересно. А и песната не беше лоша, и девојката убава. Настапов у целина беше - очи неможеш да тргнеш
Ијааа Здоб си Здуб од Молдавија! Ги обожавам, многу интересен хип хоп прават инаку Одлепени се скроз на скроз!
http://www.youtube.com/watch?v=518XP8prwZo Попаметно нешто не можеле да направат од тоа да ја донесат девојкава на сцена. Секоја чест.
Zdob si Zdub, јаки се, јаки! Јас ги сакам ептен http://www.youtube.com/watch?v=6wursCTAPZ4 Каков концерт имам видено од нив, најдобар!