Па и не бевме толку лоши... Добро сега сите знаеме какви му се гласовните можности на Влатко, но мене ми се допадна, како за на Евровизија, ама реално има многу подобри. Еве на пример Словенија.
Добар беше, само повеќе рипкаше на пробите, него денес. Ајде малолетнички гласајте Оваа полуфинална вечер е многу многу појака од првата, така да шансите ни се реално премали.
Добар глас вади словенкава..моќно моќнооо А за нашиот ќе си преќутам,да не бидам погрешно сватена од патриотска страна
Мене баш ми беше симпатичен наш Влатче,со се симпатичното сценско настапче.Сеа гласот на Влатче таков си е ко што си е,си знаеме и тој си знае,ама па сеа тоа е...
Еден куриозитет.Ја ругаме песната дур ја испратиме,штом ја видиме таму на сцена ни проработува патриотизмот и одеднаш,ни се допаѓа!Замисли ни се допаѓа! Македонска работа!
Одлична беше словенката, ептен добра песна и многу моќен глас извади девојкава. И прекрасно изгледаше.
Песната е повеќе од глупа (мислам на текстот, насловот и ритамот). Абе во целост е цела збркана. Ах, да беее, заборавив, Русија се претставува два пати! Гласот му беше бетер од загроздавен... Ама ајде, бидна. Абе, од тоолку дерење само некои фацки правеше, така да, цабе, ни убавината не му се виде! ж И се согласувам со Росоњерка. Оваа вечер има подобри песни. Словакија беа онака добри, Шведска (само што на почетоткот пејачот ми звучеше како геј, али нема веза.), Бугарија беше добра. И Словенката беше океј.
Убијте ме може не сум во право ама гласот на Влатче ме потсети на гласот на Ивица на Идол Секако Влатче е подобар!
Добра беше словенката, а овој што пее сеа, не можам да прочитам која земја е, ќора сум малку, а и буквине ко да не можеле поситни да ги направат песничево безвезе е.
Ај не какајте,ваков бил,онаков бил.Па сигурно не очекувавте Павароти да излезе у наше име и со тоа патриотизмот,Русија два пати ќе се претставува.Е ај,македонско девојчеее,китка шарееенаааа...од тој квази патриотизам за нишо не не бива,а вака,може и гласчиња од Русија ќе добиеме.Маркетинг луѓе,маркетинг. Мене Уат4е ми е симпатија оддамна,така што не му замерив ич за ништо!