Па требаше и ние да влеземе Ама што е тука е, битно Влатко не претстави добро, е сега конкуренцијата беше голема, се знаеше дека немаме шанси покрај оние држави што се влечат како свинско црева секоја година Како и да е, мило ми е за Босна и Словенија
Австрија??Романија??? Пихххх важии!!Ете ги изненадувањата! И оној од Шведска мрш на детски евросонг! Али браво за другите..добри се! И типувам дека Ирска, Франција или Данска ќе победи! Секогаш е така од Балканот учествуваат 6 земји и секогаш влагаат САМО 3! Правило е..еве и годинава..Словенија, Србија и Босна. Коа је прочитаа Словенија знаев дека немаме шанси више
Ништо и не зависи од нас, порано кога велгувавме се должеше тоа на телвоутингот, но овие од Еверопа се исплашија видоа дека Балканизмот многу е претечи, па воведоа малку жири малку гласови. јас гарантирам иако Србија има толкава дијаспора, никогаш више нема да стигне до победа, добар пласман можеби, но победа никогаш.
Словенија Влатче... важно е да се учествува и конечно му се исполни желбата да пее на евровизија после толку мачење. Ајде повеќе среќа догодина
Се надевам дека еднаш нашава кутра државичка ќе сфати дека Евровизија ни е тотално промаршена инвестиција. Попрво ќе влеземе во ЕУ, отколку во финале на Евровизија. Која песна и да се прати е залудно. Не сум песимист туку сум реална.
Реално немавме баш некоја шанса да влеземе, ама ете јас се надевав. И така не зависеше многу од нас. Како и да е, мислам дека достојно се претставивме.
Гледав... и што видов? И оваа година не' издишаа како пукнати балони. Значи ништо, а искрено па и се надевав бидејќи точно дека имаше многу поубави песни од нашата, но исто и толку неубави (како на пр. Романија, Молдавија, Австрија толку многу се изненадив што влегоа меѓу првите во финале. Неверојатно!) Но, што е тоа е. Како и да е поминаа и оние поубавите (Словенија, Естонија, Латвија, Босна и Херцеговина, Украина - супер! ) За нас, следната година повеќе. До душа веќе заборавив и како беше тоа Македонија да влезе во финале. Кога беше тоа?
Абе, се знаеше дека со таква песна нема шанси да влеземе во финале. И шо бе, пола од пејачите на песните кои влегоа се гејчовци. Епа што.. нема ич убави песни нешто... Евровизијата ја направија циркус во која „пејачите“ си градат кариера...
И на Хрватска им се закатанчија работиве, а башка годинава песната им беше мнооогу грда. Фали уште да победи некоја од овие никаквиве.
Многу ми е мило што влезе Австрија, одамна ми беше фаворит, девојката има преубав глас, ме наежи. Ништо, од 2008 навака не ни тргна работата. Не зарекоја Адријан Гаџа, и Хрчакот. Жити се Романија, Естониа, Данска...??
а ќе победи... Годинава најслаба евровизија... порано какви песни имаше уште си ги слушам сега едвај еднаш
Точно. Многу добри песни имаше 2002, 2003, 2004 посебно. Сега за ништо не ги бива, ептен монотони станаа.
http://www.youtube.com/watch?v=8YOcbjWgEpg Ја имав слушано песната, но немав појма дека е за Евровизија. Во секој случај, ми се допаѓа! Супер! А, се сеќава ли некој на песнава? Во тие далечни времиња, ја дотепувавме со брат ми. http://www.youtube.com/watch?v=n7hRSUmufuw
Искрено ми се допадна само песната на Дино Мерлин. Ние како што ни стана обичај, т.е откако има две полуфинални вечери, можеме само да сонуваме за финале. Не дека е до нас, ниедна песна не ми се допадна, нема хитови од Евровизија како што беа пред неколку години.
Абее, оглувев. Понеквалитетна Евровизија, од ко памтам за мене немало. Оваа вечер, ајде де, имаше повеќе песни што беа певливи, ама предходната, две или евентуално три песни што можеа да воопшто да се наречат песни. Од оваа вечер најмногу ми се допаднаа песните од Бугарија и од Словенија. Мене искрено не ми е јасно што толку има убаво во песнава од Босна. Мене воопшто не ми се допадна. Дино Мерлин преубаво пее, ама песнава лоша е. И уште ова само. Убијте ме, ама мене оној Швеѓанецон (што влегоа последни) ми е симпатичен! Едит: Оваа година типувам на Грција или на Велика Британија.