Зошто секоја година се поглупи и поглупи песни има ? И дали дека пораснав ама како си проаѓаат годините јас ич не гледам , а порано знаев да не искочам , па собирање кај другарка Не , шала на страна .. глупи песни
да но сега е пола телвоутинг пола жири, а башка гласаат земји само од едната полуфинална вечер, многу е јасно затшо тие бариери ги воведоа, но тоа е.
Јас сум за победа на Грција или Франција. Песнавата од Франција ми е wow, без глупости, човекот наежува со оперскиот глас, браво! А додека песната од Грција има убав ритам, мелодија... интересна е. Напред Франција!
Баш ми е криво, си се возбудив за џабе, стално вака 3 години по ред, и колку и да ни била лоша песната па жал ми е, наши сме си, ама тоа е, а оваа година баш ми беше симпатично спакуван цел настап и влатко како јаготче.
а што мислите за песната на Франција за која се вели дека е фаворит е дека ќе победи? Јас искрено не сум по оперите но песната стварно е добра а и пејачот е убав но и да победи штета што ќе неможеме да си ја потпевнуваме па нема да биде интересно
Франција оперски пеач па што бара тој на вакво ѓубре од фестивал? и да победи нема да ми биде по ќеиф, мислам операта е за на друго место, не тука.
Џабе ниедна песна не ми е толку убава за да ја слушам повеќе пати. Иначе сега ми текна на песнава колку ја сакав порано и се чудам како Шпанија имале убава песна http://www.youtube.com/watch?v=e8USu9t9260 А најмногу сум разочарана од Русите. Порано какви песни имаа секоја година, ама од кога победија ужас им се. http://www.youtube.com/watch?v=W14HlKux ... re=related oваа ми е една од подобрите И романцине место да пратат некоја песна во стилот на Ина, Акцент какви имаат пратиле тежок глуп циркус, ама ај гајле им е секако идат у финале
Факт е дека сме незабележителни на европската сцена, ја немаме ние таа привилегија со просечни и потпросечни песнички да одиме понатаму. Се додека испраќаме песни ала Григор Копров или ЈЈ ќе остане така. За да бидеме забележани ни треба некој урбан звук, нешто ново, што ќе остави впечаток, а не песнички што ни нашите баби веќе не ги слушаат. Еве пример лани Германија победи со Лена, внесе свежина, нешто ново, што гледам оваа година се повторува во некои песни, но веќе е видено. А на нашиот избор Влатче беше и најдобрата опција (помалото зло). Не дека Евровизија е нешто големо, трае три дена и се памти уште толку, и следната година пак од почеток. Ама па сакаме и ние да се порадуваме на нашето. А вака чекаме да се случи ЧУДО. Наместо да чекаме можеме да го направиме. И имаме потенцијал. Спојлер Еве сега што ми текнува, да се прашувам јас би ја пратила песничката на Евровизија http://www.youtube.com/watch?v=sVdMo1yp ... detailpage
Ја не би ја пратила песнава на евровизија, премногу е убава за таму. Песнава треба да се слуша повеќе години а не само една...
Кој што очекуваа дека ќе влезиме во финале, ве молам не правете си Бајрами на умот Како и да е,мене искрено нашата ми се свиѓаше, кој што сака нека каже... песната беше певлива,останува во глава + убав беше настапот. Повеќе среќа другата година ...
Па поентата на евровизијава е победничката песна да стане евровизиски хит и да се слуша многу години. и другите квалитетни песни исто така. Само што сите песни некако се бледи, па веднаш се забораваат.
http://www.youtube.com/watch?v=0JRW-dZjlwQ ејј се заљбив у песната ... можда и преку 100 пати ја ислушав деновиве
Одамна ја нема таа поента евровизијава, се глупи песни проаѓаат, квалитетни песни се послабо и секоја што е убава песна е далеку од хит и на многу им станува одбивна и брзо се заборава. Ја ипак со за тоа Боки 13 на го пратиме на евровизија ако сакаме да „постигнеме успех“ такви фаци се бараат. А не да се разочаруваме зошто Македонија не влегла у финале
Вчера не гледав евровизија, денес исто ама денес заборавив.. Што знам, и јас како што минуваат годиниве, се или заборавам на евровизијата или пак ме мрзи да ја гледам. Тоа е изгледа зашто секоја година има се поглупави и поглупави песни.. Можам да речам дека пред едно 2-3 години имаше ако не квалитетни, барем маалку посолидни песни од овие сега.. Како и да е, ја погледнав изведбата на Влатче на Јутјуб и да ви кажам право, воопшто не беше лоша. Кореографијата беше солидна, песната интересна и певлива, добро шоу приреди.. Е, сега глас нема, со тоа мораме да се согласиме, сакаме ние ил' нејќеме.. Јас, и да ја гледав евровизијата, ќе си бев скоро 100 проценти сигурна дека нема да влеземе. Иако секогаш ни останува таа мала надеж да влеземе, ете и јас се надевав ама тоа е. Сите знаеме дека во ова и те како е вмешана политиката, а особено во последните неколку години - ама ние против тоа, неможеме.. Епа, што друго да кажам освен.. Better luck next year. :up: