Лена е супер, само можело малце повисоко да пее. Монголците ми се најодвратни. И доооста, ју арент лаки! Со тие ’капите’ ( ако можат да се наречат така ) на циркузанти ми личат, па и песната.... Бљак!
Јас сум за Блу да победат , иако не се во истата форма како претходно (Ли не пее добро, не знам што му е) , а и очекував подобар сценски настап да имаат сепак од сите песни што ги слушнав само таа на Блу ја сакам и си ја слушам. Другите...па , слабо слабо. А и Французите ме зачудија што пејат на корзички , а не француски. Хмм.. како ли само дозволиле ме интересира
Мене пак оваа песна ми се повеќе свиѓа од онаа лани. Лани ми е премногу едноставна, впевлива да, ама многу тинејџерска. Оваа година е порасната во секоја смисла на зборот. И песната е и подлабока некако, погледнете го само спотот на јутуб, феноменален е. Тешко дека ќе победи пак, али подобрена е во секој поглед
Не ја изнесе баш како што треба, јас спотов коа го гледав се воодушевив Ако те интересира погледни....а и текстот не и е златно славејче ко лани http://www.youtube.com/watch?v=zoRPuk756qU Ајде сега, Словенија Маја, маја, маја...*бранови*
Кој пее сега? (број 20 е мислам) ми се чини дека ја слушам Кристина Агилера и нејзината Фајтер. Убав глас има чупава, ама многу потсетува на Агилера бе.
Леле никаква еуфорија не осеќам за Евровизијава. Порано колку гледав со душа чекав сите песни и најглупите со внимание ги слушав, сега и подобрите песни едвај ги забележувам, ко дежа ву ми е се ништо не ме изненадува. Иначе за Босна сум