Мајааааааааааааааа!!!! Вилицата ми падна, БРАВО!!!! Најубав настап вечерва, доказ дека не треба циркуз за настапот да те одведе во друга димензија. Ѕвер, ѕвер, ѕвер!!!!
Маја... Убаво име убава пејачка, убава песна сакав да прашам, на овој на пијаното или што и да е намерно задникот си го разголел или... ???
Немам ништо против шпанкава, ама изгасив телевизорот. Едноставно, ми скока на живци. Ептен одбивни ми станаа шпанците, веројатно заради патетиките, лошата глума и глупави серии.
Ми се свиѓа оваа од Шпанија... симпатична песна.. Баш, онака, евровизиска. Ама оние отпозади шо се тресат... Украинкава не ми привлече многу внимание... Оваа од Србија е симпатична...
И мене ми е ко чист плагијат словенскава песна ама ако пак ми е една од најубавите годинава. А Шпанија леле со песнава Росалинда стил... безврска
Ле-ле колку е убава украинкава! Ми се допаѓа и песнава. Oд сега ми е една од фаворитките. И огромно браво за уметникот Ајдее сега Србијаа
Кога немаме наша песна во финале исто ми е како да гледам фудбал меѓу Таџикистан и Уганда... па ќе навивам за некоја далееечна земја за да се прошетаат нашиве догодина подалеку Девојки гласате за некого?
Хаха, ме насмеа... да се прошетаат нашиве подалеку... Јас не гласам, за џабе потрошен кредит... Кој гласа бе? Само пари фрлаат за џабе..
Пфф, какво гласање, ќе трошам кредит на ова... Да имаше онлајн гласање ќе гласав за Блу Ах овој Данкан ќе го поручам
Украина, Грузија thumbs up супер беа туку ајде пргонози кој ќе победи? Јас типувам на Шведска или Ирска
Стилов од Грузија е rapcore, односно мешавина помеѓу рок и рап пеење. Ова не го можат многу, и е редок стил. Супер што му текнало, ме изненадија не ги знаев, ама супер песна. Тие ми се допаднаа, Маја си кажав и Дино беше добар. Другите циркуз кој од кој поголем. И слушнете ја словенската песна на словенски, 1000 пати е поубава. Сеа ќе ја побарам песната од Грузија на нивни јазик, мора да е уште подобро! Украина супер талент на девојката што црташе патем, но песната не ми беше ништо посебно
Песниве на Словенија, Германија и Грузија дефинитивно ќе ги слушам и по евровизија. Има и други добри, ама не би и слушала, не ми легнаа како овие Инаку овој i'll be popular мислам дека има најголеми шанси за победа, песната му е типична евровизиска