Требаше Шведска да победи. И подобар сценски настап имаа, но и песната е певлива и рефренот брзо се памети. Вистински хит! А победничкава песна, воопшто не ми се допаѓа.
Предлагам да одат со камили, да искусат и таков живот. Ќе кампираат во пустини, ќе минат низ мориња и реки, абре реалити може да се направи. Барем галама ќе дигнеме. А пропратно може и да се заработи, ама тоа ти е... Немаат идеи луѓево и после оти не сме влегувале во финале
Леле ужасно бе Македонија и даде 3 поени на Грција... Годинава беше ужас срамота на Грција 3 поени... Кој гласаше ??????
Изгледа само на мене ми се свиѓа песната од Азербејџан Од Шведска, песната(не ме тепајте )ми беше катастрофа,карактеристична евровизиска песна ај вил би популар, ај вил би популар.. own:
Кога видов дека им даваат поени на Азејберџан мака мачев да се сетам што песна пееја уствари Сакав Дино да победи или Шведска, али тоа е
Догодина нашиве ако одат кога ќе се вратат ќе имаат што да раскажуваат... преку седум мориња и седум планини и седум долини ја посетивме досега најдалечната земја ... пак ќе кажам - УЖАС песна!!! а и не ја видов во ниедна прогноза дека е меѓу фаворитите
На почетокот ми беше доста чудно што Азербејџан се искачува на врвот од листата, бидејќи не бев слушнала дека е некој посебен фаворит. Единствено имав слушнато за Франција, Велика Британија, Босна и Херцеговина (а, според мене тука влегуваат и Словенија, и Украина) дека се водат како фаворити низ кладилниците. Но, од друга страна беше мошне очигледно, како и секогаш, дека државите формирани после распаѓањето на СССР се подржуваат меѓусебно. Чиста политика! Но, што е тоа е. Мнозинството одлучува. А, да се надоврзам на претходните коментари во врска со тоа како догодина ќе стигнеме, ние, до Азербејџан - според мене не е важно како ќе стигнеме до таму и како ќе се пласираме, важно е учеството! Ха ха!
Ма ниедна песна не ми се свиѓа,глупости тра ла ла песнички,гласања за соседот,Македонија ПАК како грев некој не влезе у финали и ПАК на Грција и даде гласови секоја година исто....дежаву.Цела оваа евровизија ми е еден политички настан однапред се знае кој за кого ќе гласа.Шведска искрено незнам што ви се допадна најверојатно типот што ја пееше песната,пошто песната мене воопшто не ми се свиѓа(а богами ни типот).Така покултурна ми беше Бугарија ама како и да е не влезе.
Затоа Турците не влегоа во финале види ги ти нив за сите поени да одат кај Азарбејџан... Абе кај може без Турци евровизија ете пак победија...
Победничката песна е голем промашај! Инаку, не ми е јасно зошто не се пријавуваат некои познати пејачи (од Македонија мислам) за Евровизија? Оваа година познати ми беа само дуле и коки и Влатко.
1. Победничкава песна - Катастрофа... own: ништо убаво во неа немаше, ни настап ни песната беше нешто посебно... 2. Се прашувам кој од Македонија СЕУШТЕ гласа за Грција?? Алоооо со кој памет... 3. И се прашувам како Италија се искачи на 2ро место....
Понереално гласање од вечерва немало. Не за џабе цела сала свиреа цела вечер. Абе колку толку пореално беше, ама ова вечерва катастрофа. Оваа ќе биде најнеслушаната песна од евровизија, гарант.
Абе песната од Азарбејџан ме потсетува на ланската евровизиска песна од Данска... http://www.youtube.com/watch?v=GwnkDgk-qlE
Ако е за тоа Грците не ги сакам јас воопшто како народ, одвратни и одбивни ми се, ама ова е МУЗИЧКИ натпревар и треба да се оценува само заради МУЗИКАТА. Значи ако тие се идиоти и не не гласаат заради политика, само покажува колку се заостанати. Македонија била на 16то место, најлош пласман до сега од сите евровизии. Маја 3та во втората полуфинална вечер, пред неа само Шведска и Данска. Тоа си докажува она што го пишав претходно, дека ова беше една од најдобрите песни. Повелеле на словенски, оргиналот http://www.youtube.com/watch?v=GXRyZtWKyaE А за победничката песна немам посебен коментар, ништо посебно како и целава Евровизија освен 2-3 песни кои претходно ги наброив. Гледав само ради Маја, и песнава ми се пикна под кожа и долго ќе си ја слушам... А да и едно ми е смешно, Азербеџан првпат пееше на Евровизија пред некоја година, сега победија и оддеднаш на сите им смета Да не победеше никој немаше ништо да речи, ама типичен човечки ген се дури нешто не земе главно место не смета, ама кога ќе почне да покажува резултат не се гледа песната, туку прашањето е од каде сега земја од Азија во натпревар од Европа Јас фино си се изнасмеав, гледам вени некој уште малку ќе пресечи по порталиве и тука завршувам со коментирање и посветување внимание на циркузов, освен се разбира што песнава од Маја ќе си ја слушам секој ден.
страшнооооо....победничката сама си и слегна заборави дека не пее сама,како изгубен случај се понашаше мислам ок бе знам си возбуден ама мајката понашај се убаво свет те гледа а не камили и жирафи....инаку многу сум разочарена мои фаворити беа Маја и Дино....али то е то како што викат браката Срби----јеби га