не ми се допадна нешто посебно песнава што победи имаше и други поубави песнички, на пример мене ми се засвиѓаа песните на украина и грузија а за италија воопшто незнам како стигна на 2 место баш се зачудив песната беше за никаде
Да не му влезе во глава на некој песната од Азербеџан дур проаѓаа сите ? Глупости , јас не ни знаев која песна е таа дур не ја имаше на крајот . Најнереална Евровизија до сега , убаво кажавте погоре . За Македонија , искрено , не се ни чудев што не влезе во финале , работава - стандард ... Навивав за Босна , интересна песна ептен .
хахаа не се теши така додека еу се тука за педериве нема зима....нели гледаш Дојчланд им даде 12-ка мислам а во банкрот ке ги забодеа и них за малку
Читам и се чудам. Како прво не разбирам како некого воопшто го изненадува начинот на гласање на Евровизија? Реално нереално, дрн дрн. Добро од вчера НЕ сме, знаеме како се гласало секогаш и сето тоа се потврди и денес. Демек модрица на г’зов си направив затоа што Кипар и даде на Грција 12 и слични поенчиња. Паднав од тросед по не знам кој пат. Па баш и не Како второ искрено се чудам како некој може да зборува за музички квалитет. Мислам....зборуваме за Евровизија. А тука не е важно дали некој пратил квалитетна песна или не. Тие времиња одамна ги снема. Ако воопшто некогаш ги имало, се прашувам. Рок ми бејби и Бразил и Шпанија и Колумбија во едно. Од каде Азербеџан? Па ете така. Ако може Израел може и Азербеџан. Ама изгледа Израел на некој помалку му боде очи. Некој ден може и Мароко ќе го видиме. И за крај мои фаворити, сепак, беа Босна и Молдавија. Како најмалку лошо од полошото. И заради тоа што песните ми се врежаа во главата. Добра песна имаа според мене и Германија и Италија, ама хеј, на кој му е битно дали е добра песната на Евровизија? И искрено се чудам како може некој да каже за Шведска дека имале добра песна. Ние тука колективно друштво што сме собрани навивавме ПРОТИВ Шведска за време на гласањето Глупаво и детски, знам. Ама онакво нешто примитивно од најпримитивното да победи?! Фала богу што не се случи. Да го цитирам другар ми - да земам да повратам на лице место од онаква песна Да, знам дека е работа на вкус, ама дискутабилни се и те како нечии вкусови А Евровизија одамна не е музички натпревар каде што се вклучуваат добри а најмалку вкусни песни. Ај шуќур и машала. Честитки до Турција, овај Азербеџан де
Мене искрено не ми е убава ни на Шветска ни на Азербеџан, ама кога би ги споредувала двете, песната на Азербеџан ми е милион пати подобра, оваа од Шведска ми е бетер од русинкана наша, Швеганецот убав е да, ама песната Спојлер инаку ги споредувам само овие двете пошто не гледав евровизија, овие сега така на нет ги гледав http://www.youtube.com/watch?v=R12mO_z8VxY http://www.youtube.com/watch?v=fSnz-iF9Xps
Воопшто не ми се допадна „победничката“ песна! Сценскиот настап им беше ОК, со тоа розевите светла во позадина, ама песната.... благо речено - гној! Мои фаворити беа Германија и Унгарија, со тоа што сметам дека Лена требаше и годинава да победи! Песната ми е very-Roisin-Murphy-look-a-like!
мои фаворити беа Молдавија,а победничката песна не ми се допадна баш,но среќа не победи Шведска Баш ми беше некако типот бибер стил
Еве ги резултатите од двете полуфинални вечери.Ние сме биле 16ти First Semi-Final 1.Greece 2.Azerbaijan 3.Finland 4.Iceland 5.Lithuania 6.Georgia 7.Hungary 8.Serbia 9.Russia 10.Switzerland 11.Malta 12.Armenia 13.Turkey 14.Albania 15.Croatia 16.San Marino 17.Norway 18.Portugal 19.Poland Second Semi-Final 1.Sweden 2.Denmark 3.Slovenia 4.Romania 5.Bosnia & Herzegovina 6.Ukraine 7.Austria 8.Ireland 9.Estonia 10.Moldova 11.Belgium 12.Bulgaria 13.Slovakia 14.Belarus 15.Israel 16.F.Y.R. Macedonia 17.Latvia 18.Cyprus 19.The Netherlands
http://www.youtube.com/watch?v=87Hd18JiNNY Перфектно!!! Ау, никогаш не сум гласала на Евровизија досега! Сега гласав од сите мобилни телефони дома, за Словенија и кога нашите им дадоа 12-ка на Словенците, мислев само од моите гласови , ама гледам дека и на други членови им се свиѓа. Песнава ми е на repeat од ко ја избраа, реално знаев дека немаат шанси да победат, но онаа надеж што никогаш не умира, пак ја имаше, дека ќе се случи чудо и оваа прекрасна и моќна песна, со неверојатен вокал ќе победи... Ама тоа е, барем беа трети во полуфинале. Словенија, the best!!!
Песната на Данска во рефренот многу ме потсетува на некоја песна.. Во право сум? Ви текнува онаа песна на која ме потсеќа песната на Данска? Страшно ми е позната, а не знам која е.
Мене ми се допадна Love in rewind на Дино Мерлин и усте некоја друга, но не ни запаметив кои Победничката песна не е толку лоша, но сепак имаше многу подобри, колку што успеав да слушнам. Се прашувам дали некогаш ќе се одржи Евровизија и ни една земја нема да гласа за своите соседи, туку за песната за која навистина вреди да се дадат 12 поени???? Чиста политика! Катастрофа!!!
^Да, да, моја грешка , од толку возбуда го утнав бројчето , 10-ка им дадовме на Словенците, а на Босна 12... А на Словенија исто 10-ка сме им дале и во полуфинале. И уште еднаш ќе кажам, БРАВО МАЈААААА, најака беше!!! П.С. Не сме само ние такви ко мала држава, имаше интервју кажуваа Словенија, како и кај нив дека се мала држава и биле многу негативни во врска со Евровизија и претставниците секоја година, за подршка, ова било прва година, како сите ја подржуваат Маја... Пред вистината и квалитетот и Боговите молчат! И ние да испратиме таков квалитет, нема да бидеме поделени, едни да го маваат, други да го подржуваат, барем се надевам .
Јас бев за Ирска и сите да ќутите. Оние ми се изгубените близнаци мои, тризнаци де... Инаку во врска со гласањето... фасцинирана бев и значително изненадена кога Македонија и даде 12-ка на Босна и Херцеговина, а не на Грција. Па така ли се лиже га* до крај бе? Глуп народ. Однесен. 3 поени на Грција? Ни поени со негативен предзнак да им дадеш не заслужуваат. Па што ако била добра песната? Демек гледа некој што е добро, квалитетно и корисно... Секако. На ти, ама да ми вратиш. И точка. Ајт.
Покатастрофа победничка песна до сега немало Не е ни певлива, ни влегува во уши, одма се заборава, како доби највеќе поени уште се чудам Второпласираната Италија исто така вистинска катастрофа, како успеа да стигне на второ место? Првите две песни, која од која полоши Јас навивав за Дино иако знаев дека нема шанси да победи. Освен Босна, ми се допаднаа и Шведска, Германија и Велика Британија. Како може Блу толку позната група да биде на 10то место, а некои анонимци од Азербејџан со најлошата можна песна да бидат први? И Германија ми се свиѓаа, а останаа некаде на 8мо место, требаше да бидат во првите 5 според мене. Од првите три пласирани песни, Шведска е најдобра, барем они да победеа повеќето ќе беа задоволни.
А Италија на второ место. Јеа рајт А Босна влегоа во финале идната година или не? Колку земји од финалето влегуваат директно во финале идната година?
http://www.youtube.com/watch?v=Tmgsd1rlybg estonia http://www.youtube.com/watch?v=pXouSYabDig ireland http://www.youtube.com/watch?v=h79gEcgWKps bulgaria не ја пратев евровизијата многу многу, у позадина одеа сите песни од тв значи овие 3 веднаш ми оставија впечаток многу се певливи!
Не влегуваат николку, затоа направија со две полуфиналиња да биде. Година директно во финале Големата Четворка - Петорка со Италија - туто комплето во финале.