Евровизија 2011

Дискусија во 'Музика' започната од Gkatzopulu, 27 јануари 2011.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Еми ќе се убијам од овие песни, исклучувам :x

    Секоја година слушам рум дум дум, лала лејла лала лејла, јее и је, нај нана најна, на на нина нан нанајна цццццц
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна Здравка или како се вика девојката што пее со Патници.
     
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Јас навивам за тој што кукурикаше. :D :D :D
    Бар човекот се намачил да кукурика.Другиве no comment. :x
    Не е до нив,до композиторите.
     
  4. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Песните се катастрофа ниту една не ми се свиѓа
     
  5. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    јас ноктите со валкано бела боја си ги налакирав :wasntme:

    инаку сега дури пуштив прва и само делчиња од песните видов и сакав да ве прашам дали тоа некој ја пееше i want to break free или не слушнав добро??
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Мислам дека во моментов се наоѓаме во 1999.
    Резолуцијата на МТВ а.к.а. shit of the shits е катастрофа.АЛО 2011 година сме бе луѓе,резолуцијата треба да фрчи ко HD.
    Облеката е катастрофа.Од каде водителкава ги копа овие средновековни фустани незнам.А изведувачите ми се чини облекава ко од пазар да ја купиле.
    Звукот е катастрофа.Мислам дека забележавте често пати да прави „ фуииии„ .
    Водителите катастрофа.Овој сега што пееше пеачов викаат : „Сега ќе пее ... „ . Почнува човеков да пее овие на цел глас „ Го најавивме ли „ , „ Аха да „ .
    Песните глупост до глупост а салата од моето маало т.е. универзална не треба ни да не се коментира :)
     
  7. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Кое беше бе она девојчето за гревотка во некој златен-жолт фустан....?! Леле кутро девојче бе, кај го пуштиле да се бламира... Стварно жал ми падна за неа. Влатче срце, закон си, ју рок. Уште од лани сме свесни дека ич нема да те наместат годинава да победиш. |( Твојот "милозвучен" глас е само за на шоља по голема нужда исклучиво! Уф колку не го можам значи детево :puke:
    А иначе највеќе ме бендиса девојката во пурпурниот фустан, мислам дека е таа што ја спомнувате, пејачката од Патници ако не се лажам. Има гласиште на сите други 19 по една октава да им позајми :!:
     
    На nena2010 и MacaLove им се допаѓа ова.
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    што мислите според досега понудените песни македонија на кое место ќе се пласира во германија?се прашувам :?:
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Ја си се испукав на Фејс ко тинејџер :D

    Требаше да бидам вечерва во универзалната сала (иако не сум Евровизиски фан) само да испочитувам некои мои пријатели, но јас не би била јас ако не го преспав и тој настан. :)
    И еве од дома си слушам моментално и штознам...можеби бидејќи очекував дека нема да има добри песни --пријатно сум изненадена од некои изведувачи.

    1. Мартин Србиновски - ми се допаѓа. Целовкупниот настан, миксот со валкани примеси, вокалот, заразниот рефрен но пред се ЕНЕРГИЈАТА која најверодостојно ја даде како изведувач од кој најмалку очекував.

    2. Иван Јованов + Денис Екс - кој би рекол дека овие две фаци (кои ми се тотално антипатични) ќе изведат песна која би ги задоволила моите критериуми за да се прати на Евросонг. Шлакната спојка на стилови, доволно инфантилен елемент кој ти влегува во глава и трае и трае и трае...како Airwaves гумите за џвакање! :D

    3. Скипи и Тајзи- WTF? Никад чула за типциве а и да сум чула сигурно не било во добра конотација. :lol: Но солидно ме изненадија. Тинејџерско нумериче аали го личи. Бар еднаш намерно да ја удриме на шала.

    4. Рок Агресори- Како што погоре спомнав
    Доста праќаме инфантилни песни со бомбастични најави. Ако Евросонг е циркус испрати кловн. Воопшто и незнам зошто тој избор сеуште се одржува но....нејсе


    Намерно не го споменав Влатко Илиевски (иако знам дека тој ќе победи) затоа што оваа песна (за разлика од онаа од минатата година) не ми се допаѓа. Но кој ме прашува мене :)
    Ја прва би го пуштила она пилето....или кловнот од Мекдоналдс :D :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ја знам кој ќе победи или Влатче или брат му на Џеј Џеј наместено е ко и секоја година :)
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.150
    Допаѓања:
    124.524
    Е несакам ич да победи Влатко :puke: кој ќе го гледа како ќе се перчи после?
    уште толку ќе се воздигне :tmi:
    боље кукурикууу да иде :D
    еден боби имаше интересна балада ,а мислам и дека оливера има шанса,ја форсираат у последно време
     
  12. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    155
    Мислам дека фустаните на водителката се од Елена Лука. Така како да слушнав :?:
    Инаку изборот.....не знам стварно дали да плачам или да смејам. Катастрофа, од 20 песни дали имаше 5-6 онака, добри да кажам. :puke: Ме изненади пријатно Боби Мојсоски, не го знам, ама детето супер пее, песната е ок. Здравкица од Патници беше супер ( како и обично ), еден дечко многу ми се свиѓаше како испеа, Горан, многу ме потсеќа на Тоше у млади дани, значи комплет се, па со се музиката од 90-ти. Водолија не беа лоши, и таа Наташа Малинкова и овој Ристе, па и Србиновски. За жал, и не можам да поверувам дека ќе го кажам ова, ама мислам дека најпаметно ни е да иде Влатко, најдобра му е песната, и плус ок изгледа. Сега што пее како да има запек, јеби га. Не го сакам, ама...од сите зла, он е најмалото :^)
    А од сите мислам дека најлоша беше таа емилија, мислам толку фалш на едно место не сум чула одамнааа.Овој Иван Јованов и јакиот курназ денис Екс, катастрофаа, абе нормални ли се тие што се бламираат на тв, мислам ужасссс.... :puke: за Рок агресори, незнам уопште дали да коментирам, го презирам што уопште светото име на рокот го употребил како име , уффф :@
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Ох лелеле многу ве љубам, ме пресмеавте со коментарите хахах :D :D :D
    Иначе јас не бев во можност да го следам целосно настанов , ама еве читам дека добра работа сум направила што го пропуштив хаха
    Не дека се надевав на нешто добро.
    Иначе од она што го слушнав би сакала Мартин да победи, најдобра песна мислам дека има, иако и на Влатче не беше лоша.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Да можев да се снимам и да го испратам тоа во мислењето, ќе се снимав имитирајќи го оноа ќењавецот Влатко да чуете како сите, па дури и јас со најгрозниот глас евр можам да пеам. |( Ми се присра луѓе, буквално кога го слушав |( Човекот е најпогоден за слушање само кога имаш страшен запек, и тоа под услов додека го молиш the one да изаџе да пееш песна од Влатко. Ќе го победиш запекот, тоа сум 100% сигурна. |(
     
    На senza.parole, TheKiketoo и Shana им се допаѓа ова.
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Кукурику :D :D :D Керка ми го виде и вика “мамо овој чичко се облекол како кокошка“ :D :D

    Луѓе, немаме капацитет ние за ова. Него ај побрзо нека решат штобило па да си гледаме оскари :)
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.150
    Допаѓања:
    124.524
    Лелееее бе со запеков????ме изнасмеавте :rofl: :rofl: :rofl: како ви истекна?и кога ќе размислам-навистина е така :rofl: :rofl:
     
  17. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Мислам дека Драган Мијалковски треба да не` претставува. Човекот со свои 60 години подобро испеа 15 минути во живо отколку некој за 3минути во Германија. By the way, Оливера има шанса таа и гола ќе се соблече нема проблем со тоа само да ја има типката. Позз
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не гледав ни една песна до крај, само едно ќе кажам Циркус и циркузанти не не, повеќе би личело кокшарник ! :o
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Фаворит ми е Наташа Малинкова, певлива песна има и баш ми е симпатична.
    Од тие жалопојките ниту една не ми се допадна, а за петелот - немам коментар :x
     
  20. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна групата Офсајд со песната Секој ден. Ме потсетија малку на Extreme (more than words). :)
     
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.