Ај и јас да направам едно сиже од вчерашните впечатоци. Многу, ама многу ми е жал што Калиопи не освои подобро место. А можеше да има многу подобар пласман отколку 12 или 13 место,сеедно. Циркусот наречен Русија и Бурановски Бабушки, се чудам како истуркаа до финалето. Штосни се да, не го негирам тоа, ама за евровизија братче, и тоа второ место, смешно е. Мене ми е смешно, најискрено. Исто и од пласманот на Италија се разочарав. Имаа предобра песна, одличен вокал.. Кога видов Жељко дека цело време идеше второ/трето место, варираше, ми идеше да се самозапалам. По антипатичен и по одбивен човек, амин! АМИН! И од Кипар очекував добар пласман. И треба да сфатите дека Александар Блажевски е продадена душичка. Многу ми е жал за него, глуп беше, глуп ќе си остане.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... g3a0HMb6E8 Гледајте како Опи се справила со грчкиов новинар.
Имам неколку работи да кажам: Прво “новинарките“(како што они себе се нарекуваат, а само го валкаат името на вистинските новинари) од бекстејџ нека идат да се образуваат и нека ги пратат да си го повторат основното училиште и да научат да се изразуваат како возрасни личности. Второ не бев некој страшен фан на песната, НО Калиопи не претстави достоинствено и со класа. Немаше кичерај на сцена имаше едноставност и моќен глас кој ја занеме цела сала. Трето алал да и е како се справи со новинарот. Четврто бекстејџ сами си го укопаа И за крај едно големо браво за Опи и за нашиот настап Многу ми е криво за нашата песна што не се пласираше подобро, за италијанскатa и за литванија баш беа фини песничките
Срамота за овие од BackStage!!! Срамота.. А срамота и за Македонија!.. Јас по националност сум Албанка но самата ке казам дека глупаво постапи Македонија зошто на Албаниа и ги даде 12 поени а на Србиа 10 ?!?!! кога Албаниа нам ни даде 8 поени а на нашиот непријател Грција и даде 10 поени... А Србија ни даде 12 поени а ние на Србиа 10 поени зошто зошто??? со кој ум да видиме другава година Србиа колку поени ке ни даде ии уште како албанците од Македонија се фураат Македонцитене не му дадоа 12 поени на Албаниа ние Албанците гласавме ние му дадовме 12 поени на Албанија !!! до каде ке оди ова зарем не им е глупаво уште да се задеваат и Албанците и Македонците да се караат да се тепаат а понекогаш да глумат потрчковци!.. ова стварно веке станува грозно..
јас го пропуштив моментот кога требаше да гласа Македонија Ај кажете кој се јави од нашата земја? За кој отидоа нашите поени?
Како првоКалиопи одлично не претстави на место и беше настапот Како второ Грците беа зад нас (ние бевме пред нив) Како трето Србинот отиде со намера да земе прво место (да си го поправи неуспехот од 2004 беше нели ако грешам поправетеме) ама не го зема.......и песната и беше никаква На мене многу не ми се допага песната но немаше и некои посебни песни освен онаа на Шветска.... Спојлер Грчката песна беше убава ама за неа се гласале само мажите затоа што пејачката беше беше убава и убаво облечена
^извини незнам зошто не ми се копирал линкот....еве го целото гласање (инаку немам поим кој беше од кај нас) http://www.youtube.com/watch?v=GESHo7rvMMk http://www.youtube.com/watch?v=skDmWFX1 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=SKeqq2wv ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=24OuL_L8 ... ure=relmfu
Еве како гласаа за Македонија.. Србија - 12 Босна и Херцеговина - 12 Турција - 8 Хрватска - 8 Албанија - 8 Црна Гора - 8 Словенија - 6 Украина - 3 Белорусија - 2 Бугарија - 2 Словачка - 1 Италија - 1 ______________ Вкупно - 71
Од Албанија можеа барем 10,Бугарија можеа барем 8....а да не збориме за Романија која не даде ништо. Ете Бугарија и Албанија да дадеа 10+8, ќе имавме 79 поени
Некои од песните синоќа прв пат ги слушнав. Ја знаев само нашата, која од толку слушање никако не ми влегуваше во уво, дури ми беше и досадна. Но настапот на Калиопи, целата таа изведба беше одлична. Браво. Икуството си го прави своето, а таа блескаше на сцената. Настапот во полуфиналето повеќе ми се допадна, иако и синоќа беше одлична. И покрај тоа што во овој случај сме субјективни сепак Калиопи го имаше еден од најдобрите настапи на Евровизија. Одличниот настап и достојното преставување е голем успех за нас и треба да бидеме горди на тоа. Калиопи не се бламираше. Се трудеше и бореше, секој чест. Па и пласманот не е лош. Најдобар е до сега, така? Победничката песна не ми беше фаворит. Не ја ни разбрав што пее уствари. Не сум фан на ваква музика па и не ме ни воодушеви песната. Но немав и фаворит. Ми се допадна Данска. Србија или Жељко ми се одвратни . Аман веќе од него и ваквите песни. Нашата беше подобра. Жељко не заслужи толку висок пласман, ама Србија на слава слава поминува. Бабушките ми беа жални, ги пратиле таму циркус да прават, за внимание. Беа интересни, ама не и за да победат. Во целост, лоша Евровизија. Ниедна песна не беше добра. Порано барем 3-4 песни остануваа да се слушат и беа хитови. Сега и победничката брзо се заборава. Ете, јас лани не ни знаев која песна победила. За мене Молитва е врв. И онаа на АББА, па турската онаа победничката и онаа песна Up мислам дека беше, која не победи ама и денес е хит. Следната година се согласувам со идејата за Суперхикс или Паркети. Откачени, нескојдневни, може и ќе бидне работава. Но доколку сакаме квалитет не би погрешиле и со Влатко Стефановски .
Не очекував Бугарија да ни даде 12ка ама најпоследно на памет ќе ми паднеа 2 поени. Мислев дека барем 7 ќе добиеме. Нејсе. Калиопи требше да биде во првите 10 барем. Ама тоа е. Важно мене ми се допадна изведбата. Моќно и елегантно. И сега што велите, до година кој да го испратиме?
A постот на бекстејџ каде исчезна? . и си продолжуваат овие да си пишуваат, си објавуваат вести ко ништо да не било дебилки на векот бре
Значи овие од Бекстејџ колку се глупави, не се опишува. Како можат грешката да ја повторат не ми е јасно, толку ли немаат мозок во тоа главите и само за стрижење ги носат ли? Пред да биде втората полуфинална вечер изнапишаа грдо што изнапишаа, кога погледнаа како народот бурно реагира затоа што навистина нема дамка за која би и се префрлило на Калиопи требаше да се повлечат. Јас не видов некој да го пофали тоа нивото и да рече колку се хардкор. Сите убаво ги исплукаа, почетната страна партал им ја направија а овие како да не го приметија тоа и пак се изнапишаа глупости. Што дека не освоивме повисоко место? Како ќе освоиме кога ние почнавме да ја промовираме нашата песна и да ја сакаме дури откако помина втората полуфинална вечер, и уште многу други работи кои влијаат. Кога гледаш дека народот е задоволен со Калиопи и песната што мораш пак да додаваш масло во оганот? Не знам што да речам, ваков suicide attempt да направат или имаат IQ во минус или мислат дека се интересни, не знам. Лани Влатко Илиевски со јас Македонец а ОНА Русинка да не беше подобар? Дајте ми ракија неа водка. Срам ми е да кажам дека сме биле со таа песна на евровизија. Што се однесува до Евровизијата, нашата најубава ми беше. Од Шведска песната е слична на музиката јас што ја слушам, ама ете некако не ме изваде од патики. Убава е, ама нешто wow не. Романката толку ја форсираа, се угуши. Гркињката жал ме фати, пратечкиот вокал и ја отпеа цела песна оваа само пробуваше нешто да игра, епик ФЕИЛ. Досега најслабо од нив. Таа од Кипар лепотица, бабите беа интересни ама не за да стигнат до второ место, туку онака да претстават нешто интересно и поинакво. Доста ќе им беше место во топ10. Педерот што тресеше газ од Норвешка во последните и тоа многу ме радува. А Калиопи да се врати назад со крената глава затоа што таа најубаво не претстави досега од сите.
Они може го избришале коментарот-ама сликава е зачувана и шета по ФБ, ама да се најде сега некој паметен и да им ја бувне сликава....