Секоја чест што се нафатил да ја пее нашата песна, ама абер нема од пеење http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... N-aXaMig0#!
Додека е актуелно и трае Евровизисково лудило, се потсеќав на Евровизија низ годините и еве неколку интересни песни и настапи на кои се сетив, мене кои ми останале во сеќавање, чисто онака за потсетување. Не знам дали ви текнува на грчкиов робот. Ептен смешки беше. http://www.youtube.com/watch?v=3sp94nRuwpo Оваа песна многу и се свиѓаше на мајка ми, и секогаш ќе ме потсеќа на неа. Истовремено оваа Евровизија 2000 година во Шведска мислам дека е најубавата било кога, според мене. Знам ја имавме снимено на касета, и не се брои колку пати сум ја гледала. http://www.youtube.com/watch?v=0pjiFRi_ciY Од истата Евровизија, Штефан Рабб просто не можете да не го памтите, него, песната, девојките, гардеробата, целокупниот сценски настап... http://www.youtube.com/watch?v=7gqDpEyWG5g Победничката на Летонија, од машко женско што бидна. Уникатно смислено и заслужена победа според мене, и покрај бледата песна. http://www.youtube.com/watch?v=CBRWcn9mFrU Дима Билан и девојката од клавирот. Епик настап. http://www.youtube.com/watch?v=HMyK0018 ... re=related
Па и да е плагијат сегашнава победничка песна, ништо страшно. Прочитајте какви се скандали се случувале! На натпреварот за најдобра песна во Европа никогаш не станувало збор само за музика, а тоа било јасно уште првите неколкупати кога бил одржан овој фестивал. Првата Евровизија е организирана во текот не педесетите години на минатиот век, со цел зближување на Европјаните после Втората Светска војна. Кризите кои се појавиле меѓу народите со децените создавале контроверзни скандали на овој натпревар. Франко ја наместил победата на Шпанија http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 4g5QYJOFzQ Еден од најголемите скандали се случил далечната 1968 година, кога тогашниот шпански диктатор Франциско Франко одлучил да го намести натпреварот за Шпанија да ја направи поатрактивно место за туристи. Според шпанскиот документарец, британскиот фаворит Клиф Ричард и неговата песна „Congratulations“ изгубил од шпанската песна „Ла ла ла“, која ја изведувала Масијел. Клиф и ден денес смета дека би било убаво некој да му даде признание дека тој би требал да победи. Грузијците го навредиле Путин http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... FNhniZl0yw На Грузија во 2009 година и било забрането да се појави на Евровизија. Така одлучило меѓународното жири кои сметале дека тие ги кршат правилата поради политичка конотација на текстот на песната. Грузијската група Стефан и 3Г и песната „ We Don' Wanna Put In “ била премногу смела бидејќи имала негативен текст упатен кон Владимир Путин. Европјаните ги замолиле да ги исправат зборовите на песната, но тие го одбиле предлогот, негирајќи дека песната има политички контекст, па се повлекле од фестивалот верувајќи дека Русите се виновни што не е прифатена нивната песна. Во Јордан излажале за победникот http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 8bgDX9pv_k Кога Евровизија се одржувала во Јордан во 1987година, тие одбиле да го пренесат настапот на израелскиот претставник Изхара Коена. Нивната изведба на песната „ Abanibi“ не била прикажана, наместо нивниот настап гледачите на екранот гледале цвеќе. За работите да бидат уште полоши, Израелците победиле таа година, а во Јордан неможеле да си допуштат да го објават тоа па излажале дека победникот е Белгија. Ѓаволскиот владетел кој ќе не уништи сите нас http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Kbpjw3_EZM Иако референците за нуклеарната програма на Иран беа очигледни, израелската група „Tipeks“ успеа во 2007 година да ја испее песната „Притисни го копчето“. Организаторите ја сметаа песната за соодветна иако зборува за „ѓаволски“ владетел, а членовите на групата негирале дека всушност спорниот владетел е иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Евровизија и револуција http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 9LBNSX_vig Во текот на многу години музичарите користеле наизглед невини, љубовни стихови со цел да препорачаат дека нешто се менува. Додека Португалија сеуште била колонијална сила во Ангола, пејачот Едуардо Наскименто ја запеа „ The Wind's Changed “. Иако во 1974 година победила групата „АБА“ со песната „ Waterloo “, португалскиот настап ја одбележал Евровизија таа година. .....продолжува(неможе на 5 линка во еден пост)
....Израелец носел панцир на настапот http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... NeGpM1tUgE Откако Палестинските милитантни активисти ги масакрирале Израелските спортисти на Олимпијадата во Минхен, Израелците одлучиле да внимаваат на сигурноста на својот претставник на Евровизија. Па така во 1973 година, додека ја изведувал песната „ Somewhere “ претставникот под оделото носел панцир. Таа година сигурноста била на високо ниво, така што публиката морала да биде внимателна и за време на аплаузот да остане да седи на своите места, а во спротивно би биле одстранети од салата. За среќа немало инциденти, а Израелскиот претставник завршил на четврто место. Грчко-Турска војна преку поени http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... IzGd_M5YW0 Откако Турција во 1974 година го окупирала Кипар, затегнатите односи меѓу државите се почувствувале и на Евровизија. Грција во 1975 година се повлекла од натпреварувањето поради турската нестрпливост, а во 1976 година турската телевизија одбила да го пренесува изведувањето на песната „ My Lady, My Lady “. Наместени поените во Норвешка http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... YyhJvRE3mQ Наводните технички проблеми во текот на норвешкото бодирање предизвикале сомнеж оти станува збор за некакво местење на натпреварот. Во 1963 година британката Кејти Бојл рекла дека не ги чула британските поени иако во публиката рекле дека немале никакви проблеми. Таа подоцна отишла до норвешката делегација за повторно да ги чуе поените, но до тогаш тие веќе биле изменети. Оштетени биле Швеѓаните, а победата ја издвоиле Данците. Портпаролот на норвешката делегација изјавил дека случајно биле погрешени резулататите на гласањето. Националистичко препукување http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... BUAz479m48 Антиамериканизмот се провлекувал низ бројни изданија на Евровизија а посебно во 1981 година, на почетокот на претседателската кариера на Роналд Реган. Луксембург тогаш настапил со песната „ Maybe It Isn't America “ која завршила на 11 место. Израелците шокирале и ги повикале Сиријците на мир http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... xlvnb52koM Најконтроверзниот политички гест некогаш виден на Евровизија останува оној од 2000 година. Израелската група „Пинг Понг“ го завршила настапот на песната „ Be Happy “ истовремено вадејќи го Израелското и Сиријското знаме, со повик за мир. Не постојат зборови со кои би се опишало изненадувањето на Израелците, а подоцна било откриено дека во оваа група настапиле и двајца новинари од забава и сето ова била една невкусна шега. Изворно
Секоја чест на Каљопа наша.. Дипломатски и крајно професионално се справи со сцената, публиката и грчкиот новинар. Бекстејџ, говна да јајте... Кај и да е ќе ви пратам еден пакет чоколади да се заблажите малку! Ама строго витанова со вкус на јаготка, да не ви ги угојам чупињата. Останатото циркус невиден. Искрено, турчинот во суратот ми личи на Аладин.. Можеле комотно еден мајмун да му опнат на рамо, да си седне на тоа кебињата од ракави и да си летне назад во Турција. Девојката од Албанија сирота препека за чај, сигурно ја почастиле кога се вратила да го подмачка грлото. Се изнамачи девојката, рикаше, рикаше 3 минути за да си се врати дома. Мое мислење за годинешнава Евровизија: http://www.youtube.com/watch?v=XZxzJGgox_E
Мене Шведска и Германија ми беа најјаки песни и на Шведска песната ама ич не личи на на песната на тие идиотите од one direction!
Дефинитивно мојата омилена песна од сите Евровизии. Неколку години ја немав слишнато, сега кога ја слушнав уште од збор до збор го памтам текстот. Тогаш ја ислушав еден милион пати, па затоа ваљда ја памтам уште. На Евровизијата по една или две години, победи со друга песна, мада иако овде беше втор, оваа беше далеку подобра од другата.
Замина евровизискиов воз, ама да си кажам. Ја слушав убаво неколку пати албанскава песна, студио верзија, и морам да кажам дека музиката е прекрасна, меланхолично-језива, само да не врескаше толку оваа,да не ми беше она ко појава антипатична, и да беше бар на англиски би ми се допаднала онака скроз. Но, како и да е, музиката ми е преубава. http://www.youtube.com/watch?v=v9zIP4FA-1Y
Ова песна требаше да победит вистински хит е песнава... http://www.youtube.com/watch?v=cjhBsCop ... ure=relmfu
Мене искренно многу ми се допадна Албанката, не секој ги има овие гласовни способности. Еден од најдобрите вокали на овогодинешнава Евровизија. Слушнете ја оваа верзија, мене многу ми се допаѓа. http://www.youtube.com/watch?v=YQh0vB2dFzk
Ејј не сум пишала на темава. Задоволна сум како заврши евровизијава, многу ми се допадна песната на Шведска уште кога ја слушнав пред неколку месеци. И на крај излезе дека нема поубава од неа. Инаку, не очекував нешто повеќе од нашата. Не викам дека не беше убава песната, далеку од тоа, ама се знае за нас. И, морам да издвојам уште неколку.. Кипар - пејачката ми беше симпатична и иако по малку веќе видено, музичето ми го одземаше вниманието. Италија - Ејми Вајнхаус. Интересно песниче. Норвешка - И ова е веќе видено, ама па не знам, певлива песна. Романија. Русија - Аххх колку ми беа мили бабичките. Посебно таа најмалечката. Сонце. Кам он енд денс, кам он енд денс Словачка.
Па убави ми беа скоро сите песни, ама нашата беше најубава. Хахаха, шала на страна, ми се допадна како испеа нашата претставничка, имаше прекрасен глас на кој што секогаш сум и се дивела и ќе и се дивам (воодушевувам) и прекрасно ја испеа песната. Освен тоа и песната си беше убава, не изведуваа нешто на сцена ама тоа е. Како и да е, задоволна сум со тоа што влеговме во финале затоа што во изминативе години ни тоа не успеавме да го направиме со нашите претставници. Победи Шведска, океј ми беше песната, си ја слушам и ми се свиѓа. Освен таа ми се свиѓаше таа на Кипар, интересна ми беше некако и на Шпанија затоа што девојката имаше преубав глас и преубаво ја испеа песната со солзи во очите, за малце ќе заплачеше. За бабичките од Русија немам што да кажам, ми беа најинтересни со тоа кам он енд денс . Песната на Жељко (Није љубав ствар) со која што успеа да се пласира на третото место постојано ја слушам и најубава ми е, незнам зошто. Отприлика тоа е тоа, како и да е знам дека има вмешано и политика и се тоа али океј, што да се прави.
Јас од време си правам `риплеј` на песниве од евровизија и можам да кажам дека секоја е убава на свој начин и ми оставила некаков впечаток. А најдобра песничка за денсање е: http://www.youtube.com/watch?v=l3ukcxou2xI