слушав песни од минатите евровизии и конечно некоја песна на евровизија што заслужи победа во последно време. а тие со критиките и коментарите каква била и што била пејачката можат слободно да се сликаат. музички натпревар е ова а не трач партија за приватен живот си имате списанија за такви работи а не го интересираат секој
Јас уште си ги слушам овие песни.Има некои од нив што се доста добри. А и песната што победи,ко ќе ја слушнам ме убедува дека има заслужена победа
Само една песна ме бендиса овој пат,и тоа Словачката. http://www.youtube.com/watch?v=OTXz60794lI Али имам забелешка :Треба уште малку да се повежба за настапи во живо. Макс
За евровизијата се знае, тоа е политичка работа и колку и добра песна да имаме, нема да освоиме добар пласман. Оваа година ми се допаднаа песните на Шведска и Босна и Херцеговина
Победничката песна не е лоша многу ми се допаѓаше.Да бидам искрена највише од све ми се допаѓаше романската.И грчката е добра.Така да освем македонската фаворит ми беше романија
Aх таа пуста Евровизија,да не речам ПОЛИТИКОВИЗИЈА.Значи се ти е политика.Море,имаше и добри песни. Победничката не беше лоша,ете стана летно хитче,али далеко нема да дотурка.Онаа Лорин мене ми беше како некоја ретардирана,најискрено.Али ај,победи шо победи.Тоа е денешниот народ. Еве ги моите мислења за сите песни: Албанија - ЧААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААЈЈ.Досадна Австрија - Шо знам.Досадно такоџе. Азербеџан - Не ми се допаѓа Бугарија - Белиот бетмен.Офф лелеееееее,теб обичам,само теб обичам Ништо посебно. Босна и Херцеговина - Интересна баладичка иако малце досадна. Белорусија - Интересна песничка. Белгија - Нишо посебно,и вече видено. Грузија - Незнам за вас али ја текстот вака го разбрав Ај ем џокар,ај ем стока Шала секако,глупа песна,стварно. Грција - Веќе видено за Грците,а и певачката некако лигава ми е. Германија - Досадна песна. Данска - Пуста копија на онаа Crazy.Нема да коментирам ништо. Естонија - Курррррррррррррааааааааааа Колку смешки беше само кај нас дома. Изрел - Тапичка песна. Исланд - Една од подобрите оваа година. Ирска - Ох море тие пе*ерски братчиња.Ми иде да ги задавам.Одбивни ми се многу,а и грди.А песната Италија - После нашата,оваа ми е преубава.Инаку певачката Ејми Вајнхаус. Кипар - Лалалалаллалалалалал певливо песниче,ама веќе видено. Летонија - Рефренот не да е заразен еј,ке пукнам значи.Инаку,веќе видено. Литванија - ААА оној ќоравиот,упс де,љубовта беше ќорава.Тупа песна. Македонија - Кој што сака нека каже ама најдобри бевме.Браво Каљопке! Молдавија - Хмм певливо песниче,интересно. Малта - Интересно,такоџе. Норвешка - Интересно,ама видено. Португалија - Шо знам,досадна песна. Русија - Бабиве не се за на сцена.Се чудам КАКО,како 2-ро место? Романија - Арна е ,ке проџе. Србија - Ах бре Желко,можно ли е да си оволку досаден,бе?Простак И песната,никаква,копија на Paradise. Словенија - Интересно. Словачка - Лепа Брена.Инаку за песната големо НЕ! Сан Марино - Фејзбук Мух Мух Ух,веќе видено,а и досадно. Турција - Глупа песна. Украина - Биииии мај гест. Шо знам,не е лоша песнава ,ама не е ни добра. Унгарија - НЕ! Финска - Предосадно (бар за мене) Франција - Прекрасна песна Холандија - Онаа со пердувине ко кокошка ми личеше мене а песната тапа. Хрватска - Не ми се допаѓа. Црна Гора - Најглупа песна на Евросонг на сите времиња Швајцарија - Добра песничка. Шведска - Интересна,иако имаше подобри. Ете тоа е моето мислење
првпат го гледав спотот на песнава http://www.youtube.com/watch?v=bcnWysA9gxo ...како да има некој студ во спотов ....
Самиот збор еуфорија ми создава слика во глава на некоја динамика, разџагореност, разиграност, шаренило, девојки со пиво во рака, гласна музика,неред .... во главно на позитивна енергија, но никако на црнила и сцени како од филмот магла. Или јас погрешно го разбирам зборот еуфорија?
http://www.youtube.com/watch?v=cjhBsCop3Ys Оваа песна ми остави прекрасен вречаток на овогодишната евровизија!
Последно нешто што прочитав на интернет е дека, Саша Ковачевиќ ќе ја претставувал Србија на евровизија 2013, во игра биле и Наташа Б. и Емина Ј.
^ајдеее...од каде бе Лоба и Суперхикс...боже боже циркузи живи. Дај боже Влатко да треба да оди....ама еве памтете ми го постов, Викторија ќе оди.
Тамара Тодевска! Женската си има гласовни способности, харизма, убавина! Ама без група циркузанти: Врчак, Гаџа, Адријан, ДНК.. кои скокаат ко мајмуни на сцената. Сама со некоја балада како Готово е.
Влатко Лозаноски или Суперхикс сакам јас да одат, иако повеќе сум за Суперхикс каква атмосфера прават .