Верувај Роузвуд не те нервира само тебе. Мајка ми веќе долги години гледа на ХРТ само затоа што ја нема оваа нашава коментаторка. Ама Русинкиве ми се најинтересни(и нели Швајцарците). Овие другиве само ги слушаш и едно исто. Брат ми веќе (а на нормален ден не заспива пред 12)...па сега вие израчунајте си.
^ да да да... ако се покаже некоја по високо буџетна песна, се знае дека е Kрадена. убава е песнава ама крадена, оваа година многу крадени брејјј
^Остај тоа, на моменти помислувам зад профилот на лудото19 да не стои Гулабица Вале која не ме прифати на фб, но остај тоа. И глеаш рускиве бабушки во топ 5 на крај едит: од кај го знам плавиов овој од Австрија?
Песниве се дебилни, ај само ете швајцарија да ја издвојам. Си пуштив јас зумба и отидов да порипам малку.
Многу убава Романката, девојката. Бабите обавезно во финале. И Кипар. Грција веќе некако видено, ама во однос на другите пак нелошо. Црна Гора ја изруга Евровизија, лом ја направи.
Е баш ги чекав да ги видам овие од Ирска пошто нели фама се крена едно време на youtube за нив. Ама не ми се свиѓаат, посебно не облекава. Плус немаат некој глас или песна.
Ирска се издвојуваат, се е добро си имаат свој печат, АМА песнава е многу тинејџерска а и моментот „AWESOMEEEEEEEEEEEEEEE!“ ептен беше дебилен, можат на детска евровизија со песнава. Едит: водителкиве ај што се ружни, туку и дебилно го водат настанов. Ај поживо малце, што е ова, погреб? и викнете малце ништо не ве слушаааам, а ептен гласно ми е пуштен телевизоров!
Јас гласам за Свиден и оваа еластичносимпластичнава има да ги истепа сите. До прво место. Нервозно ко неа. Амин!
Слабо близнациве годинава, а лани ми беа фаворити со lipstick, а и баш ми се симпатични. Но песнава им е пристојна за разлика од останатата глупост вечерва и затоа сакам да влезат во финале заедно со Швајцарија и Данска еве и Русија,само затоа што успеаја да ме расплачат од шо беа мили. Ајде да видиме што ќе биде.