Cпоред светските гласања 1.шведска 2.Pоманија 3.Cрбија 4.грција 5.Kипар 6.Aлбанија .. Hие на 21 место
^^^ Фала ти кралице, секогаш си тука кога ни требаш. Конечно и јас да дојдам на ред и да си искоменитрам. Ќе ги коментирам тие што влегле, иако назад имаше многу мои фавороти, ама тоа е, сега не е се во квалитетот, битни се и популарноста и убавината. Albania - Како ја викаат девојкава? Албанската Адел? Има гласовни способности, ама мислев ќе ме лапне при пеење, и песната катастрофа! own: . Cyprus - Лалалала! Интересна песна, ама ако се здробеше онаа со штиклине, качи се- слези, крени ја, ахахахахах Denmark - Оу јеаа! Отпрво не ми се допадна, ама после го сменив мислењето, иако оваа ме потсеќа на Аврил и малце е антипатична. Greece - И едно катастрофално браво за нашите Јужни соседи. Не дека се Грци, немаа ни песна, ни глас! Не заслужија... Hungary - Респекат за дечкото. , може да помине, добар е. Iceland - Ништо посебно. Ireland - Хаха, симпатични беа, добар настап. Moldova - Иако ми се чини дека ритамот е копија од една песна, која не ми текнува моментално, како и да е убава песичка. Romania - МОЈОТ НАЈГОЛЕМ ФАВОРИТ. Прекрасна песничка. Залејла лејла леј евритинг анд еври бадј. Russia - Бабушките! ЗАКОН. Имаше премногу што требаше да влезат. Ама тоа е. Мои фаворити: Cyprus, Romania, Hyngary, Denmark, Russia, Moldova. Инаку најгадни се тие со шипките Austria. Оние за на евровизија? Пупо, уу ! глупости... гнаси.
Еве им го спотот на Austria Штета повеќе заслужија него Албанија http://www.youtube.com/watch?v=apG4_PNp ... re=related
па повеќето песни се плагијати Mене ни на швдска не ми се свиѓа песната нешто. и доста е веќе, досадно е, од кога памтам шведска 1000 пати има победено .! Hе сакам да победи
Значи еве ги моите импресии од Евровизијава. Она пејачкана од Албанија мислиш ќе те лапни како шо ја отвара она устана нејзина, бабине уште малку ке исцркат(циркуси луѓе циркуси), Црна Гора бруки ова година, Ирска како што имаа кажано претходно поминаа на стара слава, Кипар имаше супер песна интересна, исто така ми се свиѓа и од Данска, Молдовија-арна им е, Грција-ич не ми се бендисува, Унгарија-не беше лоша песната, а најмногу ми е криво за Швајцарија имаа супер песна а не влегоа, а и ја заборавив Романија која ја имаше една од подобрите песни на првата полуфинална вечер. Сега уште да видиме шо ќе направи Калиопи утре јас и држам палци оти песната супер е и заслужува да влези во финале.
Јас мислам дека имаме шанса за финале, со оглед на тоа што во второто полуфинале се сите земји од балканов, па има кој да гласа.
Од тоа што чув вчера, едно десеттина песни, Молдавија ми се допадна многу. Весело музиче. Опуштено, релаксирано, разиграно, тоа ми се допаѓа во една евровизиска песна. Бабушките кога ги гледав искрено жал ми падна. Јас и онака сум жалостлива кога гледам постари луѓе вака по улица, па кога ги видов бабичките на сцена така разиграни, си пеат, ме фати жал искрено, солзи ми надојдоја, пуста чувствителност! Играат они на карта сентименталност, ќе ме натераат да гласам за нив. Мили бабички!
Епа да де, влегла Молдавија. Заокружена ми е, грешка при препишување. Нашиот јужен сосед, имаше веќе виден настап, и ич не ми се свиѓаше. А ни Албанија, од тоа врескање, ама баш ништо не разбрав што пее. А на црногорецот, можеби дека брзо пееше, ама англискиот му беше... послаб и од мојот.
Јипи заборави и од материјално финансиски :geek: И според мене фаворитот и победник на овој Евросонг е Шведска ... нема што, песната е моќна влегува во уво опасно ... дефинитивно е победник.
Јуле Патем еве еден момент кога Евровизијата имаше убави песни , тогаш и МКД имаше прилично добра песничка со згодни џенски http://www.youtube.com/watch?v=HQeOfR1vmF4
^хахаха незнам кое одделение бев, ама знам на завршна приредба игравме на оваа песна и бевме во тие светли бои облечени, лила,розе,плаво
Леле, кога ќе ми текне дека во забавиште игравме на песнава... : Евровизија тогаш а и наредните години доживување беше, едвај се чекаше, а сега катастрофа.
Ај малце да ја размрдам темава. Плагијат ил не, цел ден ја слушам, ептен ми се допаѓа. И за во финале ми е фаворит веднаш до Шведска. http://www.youtube.com/watch?v=nIXK_hx6DXs
Да, на МТВ1, со неверојатно радиофоничниот глас на Каролинче Петкова. Јас искрено не знам што е формулата за победа на Евровизија. Некој ќе рече - политика. Да, ок е, соседите си гласаат за соседи (ко ние да нема да гласаме утре за Србија, Хрватска и Словенија и они за нас, па сега се лутиме зошто Грција и Кипар си лижат гз, или Скандинавците. Па нормално е тоа). Некој вика - потребна е песна. Апсолутно неточно, некои песни кои победија беа жива смешка, ужас, удав, јас на пример гледам редовно, а немам поим која беше ланската песна. Значи дотолку била утната. Изгледот - хммм... една година победија едни чичиња, да не речам дедовци додека летаа на крилјата на љубовта (Fly on the wings of love)... една година оние Лорди , а Марија Шерифовиќ реално лепотица не е. Гласот... хуху. Сертаб Еренер нит беше убава и поштено си исфалшира на неколку наврати, ама успеа да и' донесе победа на Турција. Сценскиот настап - кој настап на пример го имаше она девојчено од Германија, Лена мислам дека се викаше, со песничено сателитско, ко за трето одд... Значи не се пресудни овие работи, којзнае што е пресудно. Мене години наназад Турција ми има многу симпатични песни. Почнувајќи од победата на Сертаб - Everyway that I can, па Атена, оние Манга, Хадисе, и овие две песнички ми се супер. Секогаш ме расположуваат. Каква и да е песната, си носи обележје од нивниот мелос. http://www.youtube.com/watch?v=ELXKPkMp ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=vjAhNI9s ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=3pn-Vsxr ... re=related