Па би требало исто како вчера.. 10. За во финале да бидат 20, и плус 5 ли, колку и да се тие што влагаат директно во финале.
Епа штом влегуваат десет еве јас на кои типувам дека ќе влезат. Па ќе видиме колку сум во право. Турција Србија Шведска Малта Украина Норвешка Белорусија Холандија Словачка Естонија Баш ме занима колку ќе погодам, се надевам и Калиопи ќе влезе.. би сакала ама тешко.
Денес ја гледав првата вечер и можам да речам дека песните се просечни. Од оние што влегоа, фаворити ме се Молдавија (можеби затоа што типот личи на Edward Norton ), Бабушките и Jedward. Последниве ми се guilty pleasure, поим немаат од пеење, ама толку се забавни, уживам додека ги гледам Заборавив да ја споменам албансата песна, девојката има прекрасен глас, се наежив додека ја слушав. Од друга страна, Грција, Кипар и Романија ми се толку досадни, веќе видени песни, со некои техно-електронски елементи и повторување на неколку гласови во рефренот own: Жал ми е што Швајцарија не влезе, фино рок песниче, певлив рефрен...но тоа е што е. Мислам дека имаме големи шанси да влеземе во финале. Калиопи има добар вокал, песната, во споредба со овие што ги слушнав до сега, е повеќе од одлична. Ја гледав генералната проба и ми се добаѓа стајлингот и сценскиот настап, класично, нема глупости. Стискам палци за вечер
Би требало да влеземе,Калиопи е многу популарна во балканските земји,а на втората полуфинална вечер настапуваат Србија,Хрватска,Бугарија,Словенија,Босна...имаме шанси
Абе еве и да влеземе...што потоа? Зар некој стварно очекува нешто? Па искрено не ми е успех дали сме 10ти или 15ти, се гледаат топ 5 и најважен е победникот. А и се е политика според мене, така да... буквално нема зошто да ме радува влез во финалето кога тоа не ветува ништо и истото го имаат уште 19 други земји ако не се лажам, не е баш селективно. Да речам убава и е песната на Калиопи иако според мене не е евровизиска (каква што се бара де, како што беше Нинанајна) па да видиме што ќе биде, секако радост ќе биде ако стигне далеку што не верувам. Не ради неа и екипата, ради Х-фактори.
Калиопи ќе не претставува на Евровизија 2012 Зашто не можам да гледам на Зулу, само тон има а сликата не мрда ? Што е работата, знае некој на нет дали може на некоја друга страна да гледам.. или тешко Србиве сигурно даваат, само на кој канал ај ќе проверам.. едит: Си најдов на РТС Србија, сите што не сакате да ја слушате нашата кокошка гледајте си таму
Нема песнава толку јачина колку што Жељко се треска од земја. Не знам зошто, патетичен ми е веќе. Ајде, идеме.