Одлична беше Калиопи, кој што сака нека каже! Само, ќе кажам дека таа можеше да ја заврши песната на подобар начин. Како и да е, супер бевме! Некој го сфаќа стајлингот на Холанѓанката?
Really good song i hope Macedonia will through to the final !! Greetings from Denmark OSAKA7337 45 seconds ago
Леле браво за Калиопи прекрасен настап мораме во финале а и можеме НАПРЕД калиопиии македонија е со тебе!!
Калиопи ќе не претставува на Евровизија 2012 Многу убаво испеа Калиопи,мене многу ми се допадна и мислам дека оваа година најдобро се покажа Македонија
Бравос за Калипока уху.. наљбоја беше од сите до сеа што ги испотресовме по Евровизии. Супер звучеше... и дечките у позадина ми се свиѓаа. Боље ми е од Жељко. И ако тој оди понапред од нас., е да ми се фатат за гушава од досадни што се.
Многу ми се допадна Калиопи, даде се од себе, прекрасно испеа Иако песната ми е просечна, во споредба со останативе заслужува да оди во финале.
Искрено ме разубеди настапов. Беше и повеќе од добра. Редно е нешто наше да се подржи. Браво Калипои! Браво! :up:
http://www.eurovision.tv/esctv Кој не сака да ја слуша нашава какараска, еве тука гледајте си воопшто се сецка. Инаку браво за Каљопа (читај Калиопи ) одличен настап !!
Калиопи Ти се поклонувам жено на гласот Заслужуваме финале, одамна некој вака достоинствено не не претставил.
Браво за Калипои ептен ми се допадна и подобра ми беше од Жељко. Само да имавме и оган кај гитарите имаше да биде бомба настапот. Единствен момент на што имам забелешка, на почетокот се изнагледа Калиопи нагоре можеше малку да погледне во камерата. И фала богу не ја облекоа во некој долг црн фустан, пофални зборои за целокупниот стајлинг, костим, коса, шминка се беше топ. Дај боже да влезе во финале, заслужува. Ме наежи. Достоинсвен настап.
леле бе јас заборавив дека е денес Ама како што читам гледам убаво испеала.Можеби конечно и ние ќе влеземе во финале
Аууу па незнаев за темава...имаше и од првата вечер шо ми се допаднаа,а ова коковчево пред малце катастрофа беше И Софка од Бугарија има убавка песна А и таа од Финска ја сакам (мислам дека од Финска беше де) Кипар ми се бендиса,а и Романија ми е интересна пошто ми е таква,за играње песната Калиопи мораше да се оправда шо ја пуштивме Дај Боже да влезиме во финале П.С. Жељко ми е веќе помината работа,неинтересен...Не дека песната не е убава,ама не мора стално на Евровизија да праќаат балади
Браво, колку и да не ја сакам Калиопи сепак настапов беше одличeн, дури и ме наежи Се надевам барем дека добриов настап ќе биде повторен во сабота.