Слушни ја цела. Не е само почетокот. Ајде сите ќе си позајмиме мелодија од хитови, па фино лепо ќе си отидеме на евровизија и оп добро место сме освоиле.
песнава е сууупер, мислам дека ќе победи го делам мислењето со миљкович дека поубаво би звучела на српски
Оваа година и стварно треба да го дисквалификуваат. Јас ја пуштив песната, па гледав нешто друго и кога почна мислев по грешка на колдплеј песната сум ја пуштила. Нема ништо оригинално во песната, досадно и веќе слушнато. Разочарувачки навистина.
Сигурно многумина од вас се сеќаваат на песнава, и ден денес ми е криво што не замина како наш претставник, бидејќи во секој сегмент ми се допаѓаше. По не зори зоро на Владо Јаневски,оваа е единствената за која можам да кажам дека била одлична. ја обожавам http://www.youtube.com/watch?v=cMeVMLCe9S0
Шпанија има ли избрано песна? Инаку нашата не ми е лоша,ми се допаѓа.Се надевам дека ќе се пласираме во финале и ќе имаме подобар пласман оваа година.
Од Парадајс има слично ама не исто некои 2 секунди во песнава, воопшто не потсеќа на таа песна, да не прочитав тука немаше ни да ми текне. Србите се мајстори за музика исто и Жељко, песната е феноменална иако е некоја фрик песна и нешто невидено како што се бара на евровизија, сепак не гледам причина зашто би бил дисквалификуван ако навистина има тогаш сигурно би преземале нешто евровизиските комисии, сигурно знаат повеќе од нас и не дозволуваат плагијати на евровизија. Многу е бедна нашата песна во споредба со оваа, жално е што никогаш за евровизија не направиле нешто толку добро како што знаат да извадат понекогаш некој голем хит на пејачиве... Црно и бело човече... black and white, по насловот ќе познаеш дека е сра*е
убава е девојката, има убаво тело, песната е добра, ама на шпански пее бре . Mислиш шпанија ќе ја представува на евровизија Eдит- а за лане моје па, и таа мислам дека му беше поппокрадена троа
[СДК] Сакам да кажам... Сакам да кажам дали ја сум така малку ко в глава удрена или вистина е така Зошто евровизискава песна на Жељко Јоксимовиќ http://www.youtube.com/watch?v=pPMNXJifN9Y се повеќе и повеќе ми личи на песната од Coldplay-Paradise ова само мене ми се дешават или и вас ви звучат исто....
Првпат ја слушам песнава....Пак овој ќе ги претставува на Евровизија? И мене ме потсеќа на Coldplay, посебно почетокот. Аман со крадењево на песните
И кога денеска сум веќе кај Евровизијава,одмана се откажав да ја гледам најискрено. Али годинава како што гледам од другиве држави ќе одат се некои познати имиња,па мислам дека вреди да е гледам. Немам коментар за нашава песнава http://www.youtube.com/watch?v=DmXKPLPiAAA единствено нешто што ми се допаѓа,делот од гитарата е и тоа. Англиската верзија катасторфа,за Македонската не коментирам. На самата помисла на Black and White веќе знаеш дека НОУ КОММЕНТ.
Oвие Pусинкиве не знам дали ќе ја дочекаат Eвровизија пола од нив сигурно ќе отидат на оној свет дур да почне се шалам, ама постари не можеле да пратат
^ Другата половина од возбуда ќе пушти конци на сцена Добро, не можеше да се направи поочајна песна, нели? (зборам за „нашиот претставник“) Не, нема шанси. Ова е хорор за ушите бре
За Калиопи и нејзините гласовни способности и музички талент воопшто нема простор за дискусија.Еден од најдобрите вокали на овие простори.За тоа каква е како естрадна личност не би коментирала. Песната е ОК,и толку.Ништо повеќе.Не се памти ни дел од мелодијата на прво слушање,во ниту еден сегмент не е евровизиска песна,т.е. песна која би можела да забележи некој по забележителен пласман. Од евровизиски аспект,воопшто не ми се допаѓа. Јоксимович органски не го поднесувам,но има убава песна.Класична убава евровизиска балада.Сигурен му е висок пласман.Јес да човекот сака да си краде делчиња од туѓи песни и да состави хит,ама бар знае да извади хит од тоа.Не е ова спорт па да се игра фер-плеј.Не се бираат средства да се оствари добар резултат.Контраверзни се домашните избори за Евросонг а камоли самиот избор.Политика и лобирање се составен дел од секој Евросонг. Шведска ми е ОК исто.Ако се бира победникот од Србија и Шведска не знам кого би одбрала.Од една страна добро е да се врати фестивалот повторно на овие простори,од друга страна кој ќе го гледа и слуша и овака одвратниов Јоксимович.