Очекувано, ова може ни е и еден од подобрите настапи. Песната не ја сакам баш ама изведбата на Калиопи е и повеќе од одлична. Глас, појава, која самодоверба ја има. Искуството си го прави своето. Браво за Калиопи, после толку години успеа да влезе во финале, а колку плукаа по нејзе. Еве, сега им ги затна устите.
Бравоо Калиопиии Мене баш ми е мило за Турција јас кога остана уште еден викав ајде Турција и оваа вика Туркеј Фаворит ми е дечкото многу ме расположува песната
Моите фаворити (Србија, Шведска и Естонија) влегоа, а влезе и Македонија (конечно после толку години пак влеговме во финале). Само што не ми е јасно како и зошто влезе Турција, искрени да бидеме боље Бугарија или Хрватска да влезеше него они. Како што веќе реков далеку подобро полуфинале од претходното, со каде каде подобри песни. Браво за Македонија.
Да ви кажам, мене повеќе ќеиф ми е оти сите сме некако обединети на вакви настани. Не сум патриот,стварно не сум, ама па кога ја видов почетната на фејсбук и сите коментари тука, и надвор слушнав некој од комшии почна да вика.... па како да не ти дојде мерак. Еднаш во еден филм, еден тип вика, многу е важно кога победуваме некаде, макар и некоја мала и незначајна победа, така се крева духот на народот. И стварно. Кога ќе ми текне каква еуфорија имаше за кошарката, ајде Опи нека се истакне таму, па пак да се веселиме.
Леле моиве срцев удар ќе добиеа со мене. Си дремат сите така, и јас тука најпаметна АААААААААААААА, и ко почнаа да се дерат по мене, ама пресреќна бев. Најмногу заслуживме. Ајде бекстејџ, сега ќе пишувате. Калиопи најдобра, срцка наша, тоа е македонска крв. Ха... Се префрлам на сител и вип преживеан до сабота, ако за секој случај не ја отворам темата. Ај поздрав. ЈЕС ВЛЕГОВМЕ. ХАХАХАХ
Ќе се подмочаше коментаторкава, и се смени интонацијата. Браво за Калиопи, настапот беше одличен, и голем плус (барем за мене) е тоа што имаше класичен стајлинг и не личеше на циркузант како што е традиција последнава деценија. Секоја чест.
Скоро сите финалисти сум ги погодила, браво за мене хухухух Болдираните се точни прогнози, да беа во кладилница ќе ги дерев
Браво Калиопии Им покажа на Бекстејџ која си и како си...после толку време и нашето знаме да биде меѓу финалистите
јеееееее браво за Калиопи, конечно после 4 години сме во финале инаку од сите песни што ми беа убави само Белорусија не влезе
БРАВО БРАВОООО !! Конечно после 4 години.. Калиопи беше неверојатна, прекрасен сценски настап се беше безпрекорно !