Браво Калиопи Како да не пишам дека сум горда кога сум многу горда, едноставно знаев дека ќе влеземе. Се гледаше дека на сцената не е 2-3 години, туку години наназад, се познаваше искуството, немаше трема, се беше префектно. За гласот да не коментирам. Мислам дека во финале ќе бидеме во првите 5 или тука некаде! Сите ќе ги суредеме само политиката да не вмеша прсти
У Шутка бе Лудо, најмузикална населба Што ти реков дека Бадрич е досадна. И не се секирај нема да победиме
Одкако ќе изградиме 3 споменици во нејзина чест ќе изградиме некоја soooopa-duuupa сала со 50.000 седишта .... Тоа проблем ли е за Грујо
Бев на слава па не видов кои влегоа во финале, ќе ми се смилува некој да ми каже Во сабота се знае кои по ред сме или уште не? Браво за Калиопи и за Македонија, но сметам за победа немаме шанси затоа што во евровизија се вемешува многу политика
AAAA у тоа не сумњам грујо џоа Aнтички театар ќе направи сала A мислам дека уште не се знае кој како е по ред.
На плоштад бе, на отворено. Може да падне некоја кореографија со акробации у фонтаната Шала на страна, не верувам дека ќе победиме, ама ЕСЦ и го должи тоа на Опи ради '96 ако ништо друго...а дека добро не` претстави, тоа муабет да нема.
Грешка си Лудо. Ќе праиме под воинот на коњ. Барем тоа имаме на избор Абе, не знам за вас, ама ние за малку да почневме да ја пееме, излези момче, кога рекоа дека влегува во финале Македонија
Владата и добра вода организира фанови да одат во Азербеџан. 300 најсреќни утре ќе се избрани. Исто како за натпреварите со кошаркариве и ракометарите. Аплицирајте на линков ајдеее. http://www.ovaemakedonija.mk/ Спојлер ухуууу колкумина кликнавте на линкот?
А иначе најозбилно, и преска кажав... Не сакам да победиме... доволно е да се пласираме во првите 10, срамота е немаме ни сала а ни сме добри организатори Многу се изнасмеав кога го видов ова, па морав да го ставам тука
Многу ми е мило што влезе Калиопи во финале, толку искрено се радуваше, сосем заслужено, се посвети максимално, а реално песната - ваква или онаква, грев ќе беше да не влезеше покрај такви дебилни и ступидни стихови. Прекрасно изгледаше, убава и моќна комбинација, шминката и беше перфектна, само за во финале, на тоа косичето малку маска да и' стават, да ја замазнат, беше ко некоја истоштена метла. Другото - перфекција, преубаво отпеа, сосем малку на почетокот беше возбудена, се познаваше. Криво ми е што Нина Бадриќе не влезе, мене ми беше многу пријатна, како за око, така и за уво. Ама затоа Марија Шерифовиќ... занемевме со другарките додека ја гледавме, каков глас, каква појава, останав без зборови. А Русинот Дима беше начукан, 100%. Џитнал некоја водка троа отпојќе, апла фалшираше и изведуваше некои чудни мајмунски потези. Геј, 102,5% геј!
па знам дека сме 7 по ред у сабота и другите кои влегоа се: естонија турција норвешка босна шведска украина литванија малта србија
Јас би рекла само облеката да ја смени, нешто повпечатливо. И нека не биде црно, не сум ја видела во друга боја женава, нека живне малку.
Не таму, на стадион, на отворено, под ведро небо А кога ќе биде финале? Гарант тие Норвешка, Данска и др. стандард отишле у финале тие па си резервираат уф бре колку само не ги сакам...
Лелееееееееееее! Убичу те, ќе се помочав од среќа си помислив ќе го видам Баку А ова од јутјуб CHINA GIVES YOU 1 Zillion points Greetings from Beijing абе се заебавам, браво калиопи
Браво за Калиопи, навистина добар настап, секоја чест!!! Јасно ми е дека се е политика, ама се надевам на пласман во првите 10...... А искрено и да не влезеше у финале, мене ми беше важно дека достојно не претстави и секогаш треба да го испраќаме најдоброто од Македонија а не нo name пеачи. Наредната година суперхикс кога би оделе...........
Калиопи ма во сабота нека грми тоа салата викај многу ! Кога почнаа да ги читаат бев голем оптимист,ама како ги редеа една по една си реков ајде пак ни избега финалето,ама многу се израдував бе Жељко - победа ? Никако ! Очекував многу повеќе од неговата изведба
Леле Росоњерка, јас си викам еј колку ми е криво штп полагам понеделник а може ќе ме избереа да идам. Ќе си пукнев од мака, арно шала било