Браво за Опи! Конечно во финале откако се воведе ова новиов систем со полуфиналиња, и - заслужено. Жал ми е Холандија што не влезе, интересна беше Покахонтас Инаку за во финале типувам на Шведска, преубава песна и сценски настап. Се надевам дека барем ќе влеземе во топ 10, но и да не успееме, и ова е доволен успех за Македонија
Стави барем од кај си го ископирала, дека не е твој коментар. Бекстејџ ако не се извинат да им опне Калиопава една тужба најарно ќе е. Идиотизам и о*оспии само, ништо друго.
Супер, супер, супер презадоволна сум од настапот на Калиопи и не ми беше гајле дали ќе влеземе во финале или не, сепак добро си ја претстави државичката. Е, сега, дека бев среќна што влеговме, БЕВ! Според мене, еден од најдобрите наши настапи на Евровизија, ever! Што се однесува до другите песни, многу подобра полуфинална вечер отколку претходната. Отприлика ги знаев песните кои ќе настапат, ми привлекоа внимание и тоа беше уште една од причините (покрај нашите претставници) да ја гледам. Која од која песна поубава, со исклучок на некои кои искрено не сакав ни да ги слушам од типот на Украина, Хрватска (не ми остави некој којзнае каков прв впечаток), еден на почетокот што излезе во црвена наметка (жити катастрофата од песна, бетер не можело... мешавина на све и свашта ), хмм... Словенија не ми се допадна, па не можам да се сетам на други. Турција ми е еден од фаворитите и типувам на неа, Шведска и Србија (и Италија дај Боже да се претстави суперишка за кое искрено не се сомневам, песната на Нина е преубава). Што се однесува до впечатокот кога почнаа да кажуваат кои влегуваат во финале, ми беше катастрофален. Поголемиот дел од песните кои влегоа, богами не ги очекував. Како и да е, интересна е овогодинешнава Евровизија.
Браво за Калиопи им ги затвори устите на сите што плукаа по нејзе ! инаку од оваа година само оваа песниче ми остави добар впечаток и ме размрда и ми е фаворит тоа е Романиа :up: .... http://www.youtube.com/watch?v=uEwJrFmMxrg
Мене ми е најмногу ќејф што Калиопи сама си одбра, т.е. направи песна за Евровизија. Неколку пати сме одбрале катастрофално лошо, Русинката на она крекалото, Мојот свет со 8 ноти, душа балканска... Тоше и Ангел си ти, и најлошиот можен рефрен на англиски јазик, при песни како Далеку од мене и Љубена на Симон Трпчевски... мислам ај, македонскиот народ нема вкус за музика, и во иднина се надевам дека вака ќе се одбираат изведувачи и сами ќе си прават песни. Помило ми е да мислам дека еден ја утнал работата, отколку целиот народ да се согласил на невкус и ужасија од песна. Мене ми беше најмногу криво кога Тамара не отиде со оваа песна. http://www.youtube.com/watch?v=fW5edw7eToA
A и дечко ми нешто трт мрт иви Kипаркава Tака да Tеси, ќе се дружиме E убаво девојченце си е, јас сум си искрена и сакам да победи
Леле мајкооооооооооо ме наежииии значи ме наежи буквално. Подобро неможеше да испее . Аууу видеово незнам .. Свака част. Сепак ке кажам Глас си е глас, каква и да е која и да е си го има гласот деф . Баш ми е мило .
Тоа се коментари на Бекстејџ страната, од рандом особи. Сигурно име и презиме нема на сите поединечно да пишувам. А не знам што е толку битно тука. Оставете еднаш кога сите се радуваат заедно за една работа, да нема препукување ..аман
Браво Калиопи, навистина заслужено. Покрај таков глас, уште да не влезевме стварно ќе беше срамота. Сега читам и некој коментари на официјалниот сајт за евровизија и се изнервирав искрено http://www.eurovision.tv/page/news?id=second_semi-final_live_we_have_our_ten_qualifiers
Па ќе си ставиш фино лепо доле линкче од фб страната на бекстејџ, не ми беше намерата воопшто да се препукувам, само ти напоменав, пошто не си го напишала ти тоа, се става извор.
^^Karina, не за друго, a, чисто и ние да се приклучиме во зјапањето таму . Оти еве, јас се мачам да најдам каде ги наоѓате коментарите.. од Бекстејџ, пример. Буљам у текст од пред 3 месеци. Прееска зјапав на сајтот на Евровизија да најдам каде се тие коментари... па и оној коментарот за FYROM оти сме
Од Фејсбук фан страната се, BackStage - ТВ Сител пишете ќе видите дека ги пцујат сите. Океј Виножитке, се извинувам јас во брзање ги напишав сега ќе додадам линк во спојлер на постот.
Сите мажи беа екстра феминизирани и гејовци. Каде оди светот? Неколкумина имаа потег - тресење кук и гз, подобро отколку actual woman.
Зошто Еуросонг не е политика, а Калиопи е кукавица? Токму затоа и Калиопи е кукавица. Затоа што плукаше, па лижеше на начинот на избор за песна преставник, а откако ја избраа уште не станата од столче рече дека не се оптоварува со пласманот. Затоа што одлично се вклопува во матрицата: јас сум супер другите ме нејќат! Затоа што и е сеедно. Со години ја слушам како кука за таа Евровизија (имаме јас и она многу заеднички работи, нели!?), дека ќе понудела проект од кој нема да се срамиме. А да кажеше како Жељко дека имаш проект за победа!? Со ваква лесна и веќе слушната песна и не ти е баш нешто проектов. Ама среќа во несреќа е што конечно ќе те симнеме од дневен ред, па ќе ти помине меракот! А кога ќе се вратиш ќе се гушнеме и ќе си речеме: Се е политика мама Опи! aвтор: Александар Блажевски http://backstage.com.mk/mk/articles/mal ... e-kukavica што е многу-многу е.Jас сфаќам да се срчаш со некој, ама вакво вреѓање, не! Mислам дека им треба тужбичка. Hа крај краева, тие се Hовинари, не се смртници ко нас, треба да си ги бираат зборовите. Hие можеме што сакаме да кажеме, ама тие треба да пазат малце
Не само Бекстејџ лиглите, туку сите кои се смееа на Калиопи се надевам дека ќе пропаднат од срам. Може не знае англиски баш добро ама жената е квалитет, пејачки квалитет. Не очекував помалку од неа, отсекогаш сум ја ценела како изведувач. Оние тинејџерски сензации од типот на Некст Тајм не можат ни на малиот прст да и се фатат. А тогаш сите ука бука дигаа за нив, демек они заслужиле да идат на Евровизија. И што направија? Ништо. Баш поради тоа што праќавме анонимци и пејачи кои вчера се појавиле на естрадата и одма не Евровизија одат, затоа и не влегувавме во финале. Се надевам дека отсега па натаму ќе праќаме вистински изведувачи. А ги имаме верувајте но паѓаат во сенка од некои си квази пејачи и пејачки. Ај така, да ни е среќен уште еднаш пласманот во финале и се надевам дека за прв пат ќе влеземе во првите 10. Штом со Елена бевме на 12-11 позиција, со оваа песна заслужуваме далеку подобро место.