И јас на ова си помислив уште додека беа песните, ама јас на нешто друго си помислив прво. Какви градби ќе прикажуваме од Македонија (нели пред настап покажуваат убавини од земјата-домаќин), кај ќе најдеме толку многу Ќе треба Охридско езеро меѓу секоја песна да го покажуваме и тоа плажа по плажа за да ги покриеме сите песни Инаку ќејф ми е што влезе Калиопи јееее Заслужено си беше
Aбе да, и Jас искрено не ја сакам, точно е дека лижеше тамо кај што плукна, AMA со бекстејџ и нивните новинари HE можам да ја рамнам, зашто тие се најголемиот шлајм во Mакедонија Aко некого не можам да сварам органски тоа се токму тие особи
Него што би се случило ако победи Грција И онака се пред банкрот Ај нека победат и нека банкротираат веќе еднаш А Шпанците се изјасниле дека не сакаат да победат, немале пари да организираат Евровизија.
Hа Aкрополи ќе прават Eуровизија Tаму карши, на Aмфитеатарот Hего,читам читам и читам на страната на фб, и се дувам као паун!!! Aу кое укопување им ја даде Mакедонската јавност,леле утре пуштам Cител морам да видам што ќе кажат, или нема ни да има бекстејџ Калиопи со „Црно и бело“ е во финале на Евровизија 24.05.2012 - 23:17 | Македонија Браво за Калиопи! Со неверојатно силна изведба, популарната пејачка нè однесе во финалето на Евровизија. На вечерашното шоу Калиопи настапи со песната „Црно и бело“ и покажувајќи го долгогодишното искуство не дозволи да ѝ „избега“ ниту една нота. Големата самоконтрола на гласот ѝ помогна да ја освои публиката, а воедно и нивните гласови. Македонската ѕвезда ќе ја видиме на големото финале кое ќе се одржи в сабота. Калиопи, само напред! Cител
Како почнавме со планирање ние, уште да го прогласат победникот Туку, се прашувам колку Македонци на you tube се преправаат дека се од некоја друга земја и ја фалат Калиопи
Ај нека ми каже некој дека не го искина Жељко ? Дали испеа подобро од Калиопи? НЕ ! Имаат ли бе Европјаните слух бре,дајте ни поени у сабота,Македонија сака да слави пак ! Славиме за се,не славиме само за победа Елајте у Македонија на тераса
Не знам зошто толку саркастично зборувате за сопствената татковина. Кога ние сами плукаме врз сопствената земја, тогаш како сакаме други да ја сакаат? Па ние сме мала земја а со многу убавини на кои луѓе од други земји се восхитуваат. Па не е само Охрид и Охридско Езеро, тука е Радика со прекрасната природа околу неа, Шара, Дојранско Езеро, и многу други места. А што се однесува до салата каде ке се одржи, сигурно не можеме да се споредиме со големите земји кои имаат сали колку пола Македонија, ама сигурно ке бидеме одличен домаќин со одлична организација и гостопримливост. Па НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!
Aман на шала удривме ние, се насмеавме само, многу јасно дека ќе изградат сала, и многу јасно дека и кај нас има што да се види
Навистина, треба да сме сериозни, ова е сериозна тема и ете, видиш, не сум знаела дека има и други убавини освен Охридско езеро, ама сега ќе си знам Калиопи до победа
Секоја чест за Калиопи преубаво испеа инаку како тргна ова Евровизијава мислам дека за да победиме треба некои кловнови да испратиме , се некои такви победуваат па дај те бре луѓе да се порадуваме малку и ние да видите што е Македонија и колку убавини има тука. ..
Ова прееска го прочитав од фејс.мк Кога ќе тепаме во финале, наредна година секоја земја ќе пее на различен коњ на плоштад, не е интересно веќе в сала. Тоа да ти било целта на Скопје 2014! Ауу, ама се израдував. Ко што си запишував јас, го скршив пенкалото. Го удирав од ѕидови, од земја, од што се не. Абе се израдував ко онаа тројкана што ја даде Илиевски за Македонија, у последна секунда. Леле, Опи? Што напраи? Искрено малце бев песимист, мислев дека нема да влеземе. Ама ете - влеговме. Цела се наежив кога пееше. Иначе мене ми беа фаворити: Србија, Македонија, Малта, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грузија, Труција, Норвешка. До душа, разбираш некои преку врски ми влегоа во списоков разбираш.. Абе наши се разбираш.. А некои не ги турив разбираш, оти немаше место разбираш. Ги одбивав, и бев стручно жири: - Жалам момче, ама нема место за тебе разбираш. Наредната година, повеќе среќа разбираш.
Е јадевме зелени за јазикот, ама за гласов не можеме. Ама го оправила и јазикот бе, не е толку лоша сега. И ми го направи ќефот, едвај чекам утре Бекстејџ и Ненадче од Екстра Ексклузив да видам што ќе кажат, оти кога пишував дека и водителките баш не им владеат Инглиш, а јадат за Калиопи, ми ги бришеа коментарите. Мада и јас пројадов лајненца за јазикот, што ме прави контрадикторна сама на себе, а последниот мој пост во СДК контрадикторно-ироничен ама ок, барем гласовните можности никогаш не сум ги оспорувала. Ваков вокал еднаш само се наоѓа. Па то бре со отворена уста да слушаш. Обично не сум настроена кон нашиве да победуваат. Не дека не сакам, туку кој? Влатче? Ѓоле? Но сега имаме сериозни предиспозиции, посебно пак и како се погодија тиња другиве. Кој Жељко бе. Факс гивен за неговата песна и у негатива ќе ми појдат. Ама ај, може тоа е дека јазикот не им го поднасам, имам некое лошо мислење формирано општо за Српските песни. Кога сме кај Евровизија општо, умрев од овој Рамбо. Генијално го владее сарказмот со сериозна фаца, а овие уште него го прават глуп. Аха да... http://www.youtube.com/watch?v=hCSHN0rZaec
Ko за беља мужине све ружни, плус 80% obviously gay, не можев да се реванширам...ќути аман... Aма ако, Балчо Бег ќе си го манијачам уште доооолго време а ЕСЦ завршува у сабота... муахахааха Ја мислам безобразнички бевме ...нема шалење со ова...ама ете, кај се збравме све невоспитани
Не знам дали некој ја поставил до сега, ама еве ја оригиналната песна од Јоксимович.. http://www.youtube.com/watch?v=BN_s14Olao4
Ова беше најдоброто нешто што можеше да се извлече од изгледот на Калиопи. Од шминка, до костим, до фризура. Нека си го има тоа на памет и нека се мавне од тие бабски футани и шешири кои не и прилегаат. Одличен настап, мило ми е што влеговме. Не навивам за Калиопи од проста причина што премногу ме изреволтираа сите оние претходни коментари од нејзина страна за претставување на Македонија, ама ете, пак домашно си е домашно. Убаво што влеговме. Сцената беше добро, најсреќна бев од се што не се истакна на крај со развлекување на некоја нота до пизда си матер, како од петици да ја вади... Од другиве ништо не гледав, незнам ни кои се ни какви се...
Сосема заслужен и очекуван влез за Македонија у финале.Генерално ОК интерпретација и сценски настап. По збор-два за останативе од вторава вечер кои влегоа у финале. Литванија-не ми се допаѓа ништо. БИX-Пристоен настап,ништо посебно,просечна песна.Not engaging. Србија и Жељко со сањам да си ту,и да(ко да) летиш на плавом килиму ,не знам како е влезен у избор воопшто.Песнава е под силно влијание и на други песни.Настапот беше пристоен,но ова се веќе крадени ствари.Highly overrated. Украина-Не ми се допаѓа ништо. Шведска-ОК песна,као за ваква катастрофа.Имам замерка на фактот што у матрицата најверојатно го имаат лупнато нејзиниот глас,па онака не знаеш дали пее у живо или е на play-back.За електронските ефекти и синтот е сосема лигитимно,но вокал да дуплираш е малце нефер.Или пеј у живо без помош на дуплиран вокал или оди си дома.Не ќе играме к*р ташак. Норвешка-ОК песна у оваа катастрофа,но сериозно не знам што се случува со стајлингот кај машките генерално,не само у оваа песна.Премногу gay елементи. Естонија-ОК песна.Можеби малце веќе виден формат со балада која на почетокот изгледаше малце патетично,но на крајот мојот впечаток беше позитивен.Солиден глас и изведба,и без многу фанфари и жонглери на сцена.Едноставно. Малта-Ништо не ми се допаѓа.Единствено вокалот имаше релативно ОК држење,или барем делуваше нормално у една таква gay дружина. Турција-Не ми се допаѓа.Единствено они што имаат некој чуден upbeat момент,весели се,имаат позитивна енергија која е на некој начин специфична за нив.Меѓутоа оваа година имаат слаб избор,споредено со претходните години. Би ја резимирал оваа вечер со тоа дека, и срање је понекад право у-живање.
До сега ги гледав настапите на повеќето на youtube и од тоа можам само да кажам НАЈДОБРИ СМЕ Без зезанции, еден од најголемите фанови на Калиопи сум, значи мислам дека нема песна што барем 20 пати ја немам преслушано, едноставно ја обожавам Сепак и критична сум, иако прекрасно испеа... сепак можеше и повеќе. А тоа повеќе мислам дека ке го видиме во финалето Ајде сега да се вратиме во реалноста... шанси за победа мислам дека немаме, но според мене, треба да бидеме во првите 15, не мора во првите 10. Шведска не ја слушав, ланската година ми беше фаворит, а беа само 3 место Годинава навивам за Норвешка А неможам а да не искоментирам за претходните 5 победници,на србинкава неможат на малиот прст да и се фатат Помажествена е и од Дима Билан и Алекс Рибак заедно Гласиште ли е, што ли е. Ги сотре. Русинчето со ептен чудните телесни покрети најискрено ме загрижи... во јак филм е човекот А норвежанчето не знам како не скрши некоја нога скокајки како зајак пред куп росна трева Германкава ептен чуден глас ми има а минатогодишните победници не ги ни знам кои се А најкриво ми е што бугарата не влезе... голема штета
не ти се чини,туку стварно рече АЈДЕ и турците викаат ајде,ама и милијон други зборови ни се исти 500 год.не биле малце P.S.Калиопи THE BEST!!!
Одличен настап на Калиопи, но очекувам уште подобар во финалето. Ќе си види и сама на снимката, професионалец е. И фалеше малку повеќе контакт со очи, кокетирање со камерата, особено на почетокот. Мене ми се допадна минималистичкиот стајлинг што допринесе во прв план да дојде вокалната интерпретација. Од останатите... Не знам зошто ама Турција ми се допадна. У суштина безвезно и будалесто, но симпатично. Единствена песничка која би си ја потпевнувала под туш. Шведска ми е веќе толку ислушана и исфорсирана, Србија исто. Нина Бадрич ме разочара-многу бледо, монотоно. Не знам што се глупираат уште онака со балетани кои скокаат без врска. Бугарката - епрен мава на турбо-фолк и изглед и пеење, но требаше да влезе во финале. Е најголема глупост ми беше Грузија. Микс на Мулен руж, рап, и грузиски фолк