^Се разбира дека мислење се менува, јас кога ја видов прв пат, и изглед и песната, убави беа но реков не е за евровизија. И знаејќи дека секоја доработка на песна уште толку ја доупропастуваа пример сетете се на тоше песната како лошо ја доработија. Но кога ја видов сега Опи, и изглед, и доработката феноменална, изведба да те наежи.....луѓе она моќ изнесе на сцена. И подобра е од Кипар,Грција,Романија -зошто тие ми се некако веќе видени,песни кои се знае дека ќе влезат, оваа нашава сила има.
да веќе ги има незнам за другите ама ние сме 22 а вчера на таа листата не покажаа 7 а сега на офицјалната страна сме 22 па сега незнам кое е точно
исто како и тесси и мене на почетокот не ми беше убава црно и бело и мислам дкеа го немаше оној рок елемент што го имаше синоќа, како и да е браво за калиопи целокупниот настап беше добар. сакав повеќе да искоментирам за шведска, девојкава како да избегала од лудница али ај тоа на страна убав глас има ама јас песната не ја рзбирам како замачкан англиски како да незнае да изговара незнам што убавина видовте во таа песна... али добро секој со свој вкус.
Немој да мислиш дека се однесуваше последниот дел од коментарот за тебе, само се надоврзав на твоето дека и јас исто мислам. Ако оставив таков впечаток се извинувам. ТУку ептен ме изреволтираа и на другине мрежи со она „ајде вие шо викавте не чини, ајдеее да ве видиме сега“ демек за мојот вкус треба да се правдам. Ама имам приметено дека почнавме добро да прифаќаме критика. Исто и за филмот Трето полувреме, првион трејлер искрено беше утка и како јас да мислам дека филмот е добар!? После милион негативни критики, се појави новиот трејлер и видов дека филмот па и не е толку лош. Исто и со Опи и песнава. Се надевам дека отсега така ќе ги сфаќаме критиките и ќе се стремиме кон подобро. А она шо беа ептен остри и навредливи коментари, ниту јас не ги оправдувам. Бекстејџ и Иван ја докрајчија работата. Ама како викаат „кучињата нека си лаат, карванот ќе си врви.“ Едит Инаку вчера конечно за првпат го видов првиот маж на Опи, Ромео Грил. Абе ептен личел на Bowie или диоптерот ми слабее од ова зрачалово да не речам компјутОр. Сеа на мама Опи може тој искомплексираниот комотно да и` се фати. Еее новинарчињава во нашава државичка само за вакви работи се со критички став. Шо не бидат демократи за други, посериозни работи во државата, ама не тогаш си седат мадро да не шетаат модро...и ја на местото на Опи, една тужба за сите овие искомплексирани сељачини. Алал да му е, жена на чешма коа се расправа има поелоквентен речник.
Јас искрено не се надевав на финале не затоа што мислам дека Калиопи и песната нечинат, Калиопи е светска пеачка, после Тоше, таа и Каролина се нашите најдобри вокали, мислев дека нема да помине заради нашиот таксират со оваа Евровизија, овие четири години откако воведоа пола телевоутинг, пола жири ние сме секогаш надвор а истотака праќавме убави песни, со исклучок на ланската. А штом нашите поминаа значи имаме сериозен квалитет Калиопи го воодушеви и жирито. Браво! Не ја следев добро Евровизија, но од тоа што го слушнав од ове две полуфинални вечери, ниедна не ми е нешто особено, Швеѓанката така нешто ми се издвојува, а што се однесува до Балканот, најлоша песна имаше Хрватска, немам ништо против пеачката гледам доста ја изрибаа по хрватските портали, но песната рака на срце е тешка катастрофа, истотака и Србија не ми се допаѓа, мислам Жељко сака да го надмине успехот на Лане моје, дури и слична песна пратил ништо интересно ништо различно, Босна убава балада но мислам тие претераа, од Дин навака ништо поживо не пратија. Словенија, Албанија и остали не успеав да ги слушнам и неможам да коментирам, Гркинката катастрофа песна, текст и англиски како поема за почетници. Не се надевам на победа, од истите причини, но дај Боже да се изненадам и да се израдувам, немора победа но барем висок пласман, песната ние квалитет, специфична и несекојдневна, а да не збориме за вокалот. НАПРЕД КАЛИОПИ!!!!!!!!!!!
Видов предходно дека се дискутираше за Кипар и Грција која од представничките била поубава?! Искрено оваа од Кипар многу ми е ружна, една уста огромна, ме исплаши ... Гркињава е поубава..
Ако некого почитувам на нашава музичка сцена, после Нокаут, тоа е Калиопи. Мене ми е прекрасна жена, со цврст карактер, харизматична, зрачи со светлина, барем така јас ја замислувам. Моќен глас, одличен текст и музика, се’ тоа придонесе за финале. Не ја следев Евровизијата, поради оправдани причини, само и’ го гледав настапот на Јутјуб, ме воодушеви, сите влакна на телото ми се подигнаа. За учесниците нема да кажам ништо, не ги знам песните, освен на Србија и страшно многу ме нервира песната на Жељко, толку ја форсираат,особено ние Македонците. Нема некој што не ја објави, веќе досадни станаа, мене не ми е ништо посебно песната. Во финале и’ посакувам среќа на Калиопи, па што биде нека биде.
Како може вака да пишува??? Јас сакал или не не е важно како вака пишува,ова само покажува дека не е професионален во работата.Јас да сум на местото на Калиопи ќе го тужам,да си знае кај му е местото...
tessie не се секирај, сватив убаво дека се надоврзуваш.....а овие од backstage незнам што си замислуваат
А ова не го даваа вчера на скапаната телевизија! Лоша изведба на песната, се испозанесе чоеков, ја упропасти песната! http://www.youtube.com/watch?v=c1WefQ8xzWY Еве целосен настап: На Шерифовиќ пејат и Калиопи и Жељко, колку убаво, абе балканчиња! http://www.youtube.com/watch?v=CsrYtc0E ... re=related
Браво, ептен ми е мило за Калиопи, и за Македонија вооопшто. 4 години не влегуваме, па конечно и ние да се порадуваме. Песната не е најдоброто од неа, но слушајќи ги другите, дефитнитивно имаме една од поубавите. Опасна е Опи, ја знае цел балкан, пеела на азербеџански, знае многу да се промовира многу подобро од фиш или Валтко. Имаше симпатични песни, Жељко мене ми се свијаше, т.е песната ми е стварно убава, иаку него неможам органски да го поднесам, засужено влезе. Швeдска најголемиот фаворит, мене искрено не ми се свија нешто посебно, онака просечно. Норвешка имаше сипатична песна, Литанија имаше итнтересен глас и настап, ми се свијаше тоа со превезот, сто посто имал трема, па си вика ај вака полесно ќе ми биде вака Штосно во секој случај. Турската не ми беше ништо посебно, Босна убава песна, само не е за евровизија. Се на се многу слаби песни, не ги знам многу од првата вечер, ама вака слушјќи Опи е меѓу најубави настапи и една од поубавите песни. Интерпретација, нема збориви само П.С дали тоа Италија ќе пее на Англиски? Неможев убаво да слушнам, ама тоа дефинитно ќе им биде најголема грешка. Искрено паметен потег да не пееме на Англиски, ми се допаѓа
Сакав да ве прашам дали имате линк, кога ги читаа земјите кои ќе влезат во финале? Не бев во можност да гледам, а навистина сакам да видам како се израдувале нашите.
http://www.youtube.com/watch?v=PPJUJHLGhA8 Португалскава ептен ме потсеќа не една српска песна , али никако не ми текнува која песна беше.