Најгледано е видеото, но веќе неколку часа е застанато на 51,490 А Жељко полека ни се приближува, кај него се бројат прегледите, а кај Калиопи не Но еве гледам и на овој канал има многу прегледи, а и далеко помалку дислајкови Сепак грците скокнаа само на видеото од каналот на еуровижн http://www.youtube.com/watch?v=STzWIGPpQR8&feature=plcp
и јас ќе ја ставам Pусија на мојата листа, само заради тоа најситното бабенце таму леле многу е мило и слатко, да си го земеш дома чајче да му вариш Tоп 5 луѓе а што мислите за унгарската? ви се свиѓа? Mене ми се свиѓа многу, во топ 3 ми е. http://www.youtube.com/watch?v=qVXhElLlWb8 Kоментаров ме утепа ( Hа Pуската песна) They're so cute! I wish I can adopt the little one ^___^ ME TOO SIS
Мене песната на Желко ептен ми се допаѓа и сметам дека добро ќе се пласира. А интересен народ сме ние кога Калиопи ја избраа да ја претставува Македонија ја плукавме ваква била, онаква била, кога помина интервјуто ја исмејувавме за нејзиниот англиски и си правевме вицови на нејзина сметка, а сега кога после толку години Македоија се пласира во финале сите и се восхитуваме и ја возвишуваме, сите одма статуси на фб, сите одма дека не очекувале помалку од Калиопи Ептен чудаци сме
Абе подобро барем да си признаеме дека беше прекрасна, откако да се правиме мутави и да си продолжиме со плукање
Луѓе бре, јас сум пре пријатно изненадена од коментарите на ју тјуб ... Луѓе од бившиве простори и од светот се воодушевени од песната посебно од перформансот и вокалот на Калиопи. Е па тоа кажува многу. Не за џабе таа трае на естрадата преку 20 год тука и нашироко и ја обожаваат. Мислам, имам чувство дека ќе се пласираме повисоко од претходните години ... негде меѓу првите 10.
Ме чуди едно. До вчера поручек многу луѓе беа против тоа Калиопи да настапува, а кога видоа што направи се напнаа на фб. Јас цела песна ја слушав со подотворена уста, многу ми беше мила На прво место ми е Калиопи, а на второ швеѓанката. Многу убав глас http://www.youtube.com/watch?v=Z4PMQB5zmAU
Абе Швеѓанкава има многу лош настап според мене а песната е ГРОМ! Предобра песна, за која јас би избрала тотално друг настап, со танчерки со многу светло и би било совршено. А Калиoпи на многу од нас ни е антипатична пејачка, јас си стојам на тоа, но едно е изглед и однесување (она замарање нејзино и бла бла кога ќе се качи на бина оди симни ја), ама друго е квалитет. Нема сомневање дали поседува квалитет Калиопи. Јас бев изненадена вчера од нејзината појава, едноставност и прв пат имаме настап без фалширање. А комплетот што го носи и е одличен, сетете се во Скопје настапуваше во панталони а одозгора сукња Само како што е ослабена јас би одела на бел комплет повеќе, но вака па се соединува со сцената и многу одговара со позадината. А за коментарите и тоа премногу изненадена. Видете го коментаров на грков First of all I am greek. We have our disputes with the neighbouring country and I do not agree with them named after a greek province. BUT this is a song contest and we should leaveall those aside and this was THE BEST performance last night ! Kaliopi rocked the stage truly and good luck to her ! А синојка девојче пријателка на братучетми, гркинка која се занимава со музика имаше статус Калиопи <3 и беше лајкнуван многупати. Што и да се случи утре, сеедно кое место и да сме знаеме дека имавме квалитетен настап и одлично претставување. Дури и јас бев оние што не се замараа ни ја слушаа Калиопи пред да отиде во Азербеџан, ја критикувавме а таа не се замараше со ништо, прилично професионално изигра, за разлика од минатиот нејзин неуспех на нашата Евровизија кога го испљука народот и рече дека си оди од Македонија. А сега ни ги затвори устите на пола македонци и тоа на многу позитивен начин.
Најгледани сме знаете зашто, затоа што ние македонците си сме таков народ и стопати си ја пуштивме сите да ја ислушаме Калиопи. Се сплотуваме и радуваме сите заедно за такви мали а големи моменти, што е убаво. Башка и секој Грк што го отворил видеото за да пише негативен коментар и ете ти гледаност А инаку во другите држави пола на наша возраст девојки да ги прашаш нема да знаат да ти кажат ниту кој ги претставувал ниту кога била евровизијата, не се замараат сите ладни се не ги интересира ништо. Како и да е се надеваме на добар пласман.
Секоја чест за Калиопи. Жената буквално на моменти направи да ме лазат трпки и да се наежам и да ми дојдат солзи во очи од гордост што имаме таков претставник оваа година. Предобро, во секој аспект. Ако не се пласираме добро нема да речам дека нема да ми биде криво зошто таква песна стварно заслужува добар пласман. Ама и да бидеме први и да бидеме последни ќе бидам горда што имавме таков претставник пред кој цела Европа замолкна. Што и да биде, важно Калиопка им одржа лекција по пеење на сите јужно и западно европски газолижачи. You go girl! Стискам палци.
И јас исто така забележав на фејсбук еден куп статуси за Калиопи како тоа е најдобра од сите, а кога ја избраа песната реакциите им беа оваа ли че не претставува на евровизија до пред месец дена плукаше по македонската естрада и по евровизија, а сега????? Инаку Калиопи беше супер сакале некои или не и успеа да не однесе во финалето и 100% ке има најдобар пласман до сега од сите наши претставници. Инаку и јас исто ги читав коментариве за песната на Калиопи и едноставно сите се воодушевени не само од песната туку и од вокалот и перформансот на истата. Мои топ 5 фаворити: 1.Македонија 2.Италија 3.Шведска(кога повеќе пати ќе ја ислушаш сваќаш дека е добра и повлекувам се лошо претходно кажано за неа) 4.Kипар(иако веќе видено и слушнато) 5.Данска
го гласаат на стара карта него, ради лане инаку посамобендисан е од Oпи, него никој не му е рамен Hе е лоша песната, ама лане му беше каде каде подобра, но, сепак ја гласаат луѓето, а не сакам ни Cрбија да победо Hе ми е фаворит, убава е, ама само толку, ништо посебно и ништо повеќе
http://www.youtube.com/watch?v=vpYF_B_mAIw Te Сакам Македонијо! Абе толку многу гледачи имаме на јутјуб, и доста позитивни коментари, има некои улави грци, ама љубоморни се тие Некои коментатори на очекуваа дека ќе влеземе во финале, епа видоа! Оваа евровизија е 100% политика, но убава промоција е за нас. Со оптимизам може секаде, па и да победиме Ако победиме, прекрасна промоција за туризам и повеќе луѓе ќе не знаат и ќе доаѓаат, ќе се заинтересираат, ќе знаат дека МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ! Кога пееше, сите се собравме, цела фамилија во дневна И толку се наежив, па и солза ми падна Ми се оди во Македонија, тоа е! Одвај чекам до финалето, ќе навивам како луда!
оваа е коментар на youtube и јас го се согласувам со тој што го пишал ова феминки замислете на момент чудо да се случи гласањето да биде фер и да бидеме победници на евровизија лелел колку само ќе се радуваме ,ќе славиме па мене другите песни и изведувачи не ми се допаѓаат , џабе се труделе толку околу изведување на ексклузивен сценски настап и џабе се дотерале во најскапа облека па немаат убава песна и добар глас така си е нека ми простат ама вистината ја зборувам.
Абе не се плашете нема да победиме Не сакаат догодина да пеат на лавот качени, па второ место ќе бидеме. Доста е